Тогаш на природна база Матичен млеч,ставаат неколку капки во тегла мед. Викаат било добро,колку помага за килажа незнам. https://www.pcela.mk/pcelni-proizvodi/maticen-mlec/
Е баш би пробала .. ти благодарам ..имам гледано и ампули од матичен млеч и тие незнам колку се ефикасни..
Пијав еден месец немаше никакви , ама баш никакви резултати .. можи требаше да попијам подолго време што знам ..од овај пијав ..
Не знам ,јас рефус ги земав. Е сега имаше финта кога да ги земаш за дебелеење ,мислам по јадење беше ама не сум 100% сигурна. И благо многу, и доцна вечера .
Нема за што,мислам дека не е тоа тоа,но пробај нема да наштети. Инаку во мед ако земаш барај од сигурен пчелар. Ќе ти наплатат околу 2500 а може ни м нема да има од матичен млеч.
Ама не можете да се здебелите од витамински додатоци. Ќе си искалкулирате отприлика колку калории треба да внесувате(има на интернет калкулатори) за да се здебелите и ќе склопите план на исхрана со добар баланс од масти, јх и протеини.Е сега за план може покорисно е да помогне нутриционист, ама може и сами да одвоите време да истражите по интернет колку за некој основа и да добиете инспирација за рецепти.Мора внесување повеќе калории отколку што трошите. Инаку за вежбањето, треба вежбање со тежини, ако имате време многу подобра опција е тоа.
@Angie1432 сум пробала и така. Пренапорно е, јадиш и не се здебелуваш. Буквално местиш аларми, се држиш до список и нема ништо.
Може ти треба друг режим.Ако си во можност најдобро совет од нутриционист.А и тренинг со личен тренер кој исто така се разбира во исхрана не е лоша идеја.
Здраво. Дали некој има искуство со овие таблети од пивски квасец. Мислам дека немаат штетни дејствиа штом се препорачуваат како додадок и за спортисти и деца. И ако знае колку им е цената од прилика. http://zegin.com.mk/home/products/product-detail.html?uuid=f8da3899-f9fb-45a5-a4d4-904bcee422ca
Здраво Мене за дебелеење ми помогна тоа што почнав да вежбав а со тоа многу ми се зголеми апетитот. Правев и шејк со whey protein, банана, јогурт, шумски овошје, кокосово масло, чиа семе, ленено и ореви, бадеми, зависи шо имам дома.. Со здрава исхрана ( без бел леб, шеќер, пржени работи) се здебелив 2 кг за 2 месеци. Меѓутоа во јануари имав корона и 1 месец правев пауза со вежбање, исхраната повеќе ми се базираше на овошје и супи и ослабев 3кг. После тоа се вратив во теретана и на старата исхрана ама немам никакви резултати, дури и ослабена сум 1 кг. Совет некој како да се здебелам?
Јади калорични нешта, тестенини сосови , мармалад ако нејќеш Еурокрем .И поголема количина јади секако
Заборавив да напоменам дека сакам да се здебелам на здрав начин без да јадам тестенини благо во голема количина.. Сум пробала и така меѓутоа не се дебелам рамномерно туку само во стомакот а во нозе, задник останувам слаба и не изгледа убаво.
Леб и шеќер не се нездрава исхрана, туку количината може да биде нездрава па дури и прженото (некој може ќе ме убие за ова ). Пример ореви, лешници,бадеми имаат многу повеќе масти и покалорични се од лебот... Мораш да внесуваш масти,влакна,јагле,и протеини во оброк што е лесно остварливо (пр. некакво месо, компир, салата). Убаво ти одговори и @hermosa да качиш калориски внес, едно 200-300 калории плус од тоа што го јадеш. Тоа што си ослабена иако вежбаш, претпоставувам дека вежбањето ти е поголем дел аеробни кардио вежби, а од друга страна не внесуваш доволно калории. Не можеш да качиш килажа ако не качиш калории... Едноставно покачи малку, а за деловите од телото каде што изгледа не зголемуваш волумен (задник, нозе) вежбај изолациони вежби за да ги зголемиш мускулите на задникот, задна ложа и тн. Ако идеш на фитнес не се плаши да вежбаш со тежини.
Јадам црн леб со семиња како поздрава и покалорична варијанта на обичниот , а шеќери внесувам преку овошје, суво овошје (урми, сливи, кајсии) црно чоколада. Да, јаткастите плодови се покалорични од лебот ама содржат калциум, масти, протеини за разлика од белиот леб. Инаку не правам кардио (освен 10 минути загревање) туку само вежби со тежини (чучневи, hip thrust, мртво дигање, склекови..). Како што кажав, пред да имам корона качував килажа ама од после короната 1 месец истото го правам и не се здебелувам. На доктор направив испитување и се ми е океј. Ќе пробам да зголемам 200-300 калории и ќе почнам со кросфит па се надевам ќе видам резултати. Фала ви многу за одговорот @hermosa и @Ajronmen