1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се поправам?

Дискусија во 'Диети' започната од anste, 29 ноември 2009.

  1. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    2.625
    Пол:
    Женски
    јас искрено, ке видиш поназад, водев диета за дебелеење, само со исхрана, и верувајме за два месеци некачив ништо, со оглед на тоа и дека работам во смени и трошам, мислам дека треба и дополнително како што е пивски квасец, протеини и сл
    Само со исхрана тешко дека ке качиш
     
    На Bella ••• му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bella •••

    Bella ••• Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2020
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Пијам Whey протеини (една доза има 24 грама ама јас му додавам банана, чиа семе, бадеми, ореви, лешници, шумско овошје, кокосово масло.. И така скоро 30 грама протеин ми доаѓа) пивски квасец пијам исто, ама ефектот е само што ноктите и косата растат побрзо. Сакав гејнер да купам ама продавачот ми кажа дека не се препорачува за девојчиња подобро само Whey протеин...
     
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Ова шејков ти е енергетска бомба, вака звучи добро, сигурно е доста калоричен.
    Пивски квасец ако пиеш едно апче веројатно ништо нема да се деси, незнам каков пиеш да прашаш у аптека за доза, јас има пиено од 5-10 дневно. Самиот квасец не ја качува тежината. Придобивките од квасецот се што освен минералите има и Б витамини кои те прават по гладен и те тераат да јадеш поише и у суштина така на крај качуваш маса.
    Доза гејнер има мнооогу калории, ама поентата е 90% од калориите во гејнерите доаѓаат од јаглехидратите. Во голема мера ти со твојата тежина можеш да си го постигнеш тоа со барем мааалку повеќе храна богата со јаглехидрати. Можеби додај овес, житарки, путер од кикирики во исхраната, или истражи сама повеќе околу сличната храна.
    Не се откажувај, јади си секогаш кога си гладна. Можеби е само моментална состојба на метаболизмот и веројатно ќе го надминеш и ќе почнеш полека да качуваш
     
    На Bella ••• му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella •••

    Bella ••• Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2020
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Пивски квасец пијам 3 пати на ден по 3..Овес, путер од кикиритки, хељда, грчки јогурт (се што знам дека има доста протеини) скоро секој ден јадам.. На форумов дознав за црно семе и за макарони од наут па ќе ги вметнам и нив во исхраната, ако знаете некоја таква намирница која изобилува со протеини предложете ми. Не, не се откажувам само малку се демотивирав ама се надевам во иднина ќе почнам да качувам килажа. Фала за советите
     
  5. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    5.011
    @Bella •••
    По ова што те читам, ти сакаш да качиш мускулна маса.
    А тоа со по дома вежби не знам колку можеш да го постигнеш.
    Зошто нема селективно дебелеење со селективни намирници, вишокот калории претворен во масти ќе ти се складира онаму каде што диктира твојата конституција и генетика.
    Протеините ќе се користат како градбена единка ако и само ако вршиш тежинска работа и ги оптеретуваш, па почнат да растат да одговорат на оптоварувањето.
    Во спротивно ќе ги користиш како и секој друг извор на енергија и вишокот калории ќе ти се складира како маст, пак ќе речам според твојата конституција.
     
    На Bella ••• и Ajronmen им се допаѓа ова.
  6. Bella •••

    Bella ••• Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2020
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Веќе напишав дека вежбам во теретана, а од следна недела ќе почнам кросфит. Всушност проблемот е што пред да имам корона со протеинска исхрана и со вежбање со тежини во теретана имав резултати, месечно се здебелував по 1 кг. После короната се вратив во теретана со истата исхрана и тренинг, Whey протеини и немам мрднато со килажа, дури и 1 кило ослабев. Здравствено правев испитување се е океј. Како што ме советуваше @Ajronmen ќе зголемам 200-300 калории па ќе видам дали ќе имам напредок.
     
    На hermosa, Autumn Love и Ajronmen им се допаѓа ова.
  7. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    5.011
    Епа моја грешка извини, од постовите прво разбрав дека дома вежбаш, сега видов дека имаш пишано дека одиш во теретана.
    Тогаш си на прав пат, продолжи со тежински вежби, зголеми калориски внес како што те советува @Ajronmen зошто мора да имаат мускулите енергија за да можат да работат (во спротивно ќе слабееш) и дај си време, сигурно ќе успееш во целта.
     
    На Ajronmen и Bella ••• им се допаѓа ова.
  8. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.047
    Пол:
    Женски
    @Bella ••• вака лаички кажано, јас мислам рано ти е за резултати. Само еден месец му доаѓа како вежбаш после короната ако добро разбрав.
    Сепак организмот си доживеа еден шок, гледај и психички стрес да не имаш па затоа да слабееш.
    Јас би рекла дај си време.
     
    На Marija_Magdalena и Bella ••• им се допаѓа ова.
  9. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
    Зголемиго внесот на хидрати пред тренинг и одма после тренинг. Две недели следиш напредок и треба да крениш од 500гр до 1кг на телесна маса. Ако немрдаш на вага, зголемуваш хидрати за 10гр по секој оброк.
    Масти и хидрати се мешат само на сабајле итоа во соодност 30гр протеин, 50гр хидрати и само 10гр масти. Ако ставиш поголема доза на масти телото прво ги вари мастите а хидратите дел одат во поткожна вода и дел дирекно во сало и градиш слабо тело со сало. Скини фат боди. Овез, веј, млеко, замрзнато овошје блендаш заедно и го пиеш.
    Овез, малку вода, банана и замрзнато мешано овошје ти е одличен оброк. мастите како чија семе, фстак, кикири, бадемово млеко, павлака оставајги за пред спиење во комбинациа со веј протеин. Мешај само протеини и хидрати и протеини и масти.
    Батали крос фит. Почни се бро сплит или push, pull, legs split ќе видиш разлика.
    Еве еден пример за исхрана.
    На сабајле варени белки, јогурд и после една порциа овез со банана и овошје.
    Измеѓу оброк банана и веј протеин.
    Ручек (оброк пред тренинг) телешко месо и порциа варен овез или макарони. Оброкот нека биди малку со повеќе сол.
    После два часа одиш на тренинг а пред тренинг пиш само вода, ништо друго неземаш ни овошје ни благо ни солено. Можиш само горко кафе без шеќер. Одма после тренинг бцаа со декстроза или ЕАА со декстроза и шејкот го пиеш наеднаш на екс. После 40 мин имаш оброк пилешки стек со батат или ориз. Пред спиење павлака со една дозерка веј протеин и дробен лешник. Пред легнување една таблета омега 3 и еден магнезиум. Пивскио квасец во ѓубре, за ништо невреди. Пробај да видиш како ќе качиш телесна маса. Дајму шок на телото да осети промена за да почни да реагира.
     
    На Ana.brojka и Bella ••• им се допаѓа ова.
  10. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    221
    Колку калории дневно внесуваш?
    И јас почнав сериозно да јадам и да вежбам, сакам да се поправам неколку кила.
    Ајде каде стеее, дајте да се бодриме тука, само темите за слабеење се активни ајде малце и ние :wasntme:
     
    На Elf и Ajronmen им се допаѓа ова.
  11. pikabu5

    pikabu5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Ајде ајде, кажувајте некој диети за дебелеење тие што знаете..
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.617
    Допаѓања:
    7.462
    Пол:
    Женски
    Јас сум приметила ако вечерам се поправам,ако не вечерам,слабеам
     
  13. pikabu5

    pikabu5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Јас поручек,ручек,вечера и пак ништо сигурно не внесувам доволно ..
     
  14. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    221
    Ајде да се правиме згодни за летово (можда на тераса ќе се сончаме на крај, али не е битно, ние да сме спремни со beach body :D )
    @pikabu5 нема диети, треба да јадеш многу и да вежбаш. Има калкулатори на гугл, пиши таму години висина тежина се што ти бара, и ќе ти пресмета колку калории дневно треба да внесуваш. И тоа е тоа (ваљда). Јас почнав па ќе видиме дали ќе има резултати
     
    На pikabu5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pikabu5

    pikabu5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Вежбаш ти?
     
  16. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.354
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    И јас припаѓам во клубот на тие што сакаат да се здебелат ама ете не можам. Некој период престојувам кај баба ми, она се вкусни јадења ми прави :lol: и си се надевам дека ќе се поправам додека сум тука ама ќе видиме.
     
    На Ladygugche му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    221
    Да, само 1 ден неделно планирам да ми биде ден за одмор, да се одморат мускулите. 6 дена вежбам значи. И менувам мускулни групи не секој ден истото. Али најубаво е со вежбање, така оди во мускул секаде, иначе што, ќе оди како сало или во стомак само, џабе плус килата, уште понеубаво би изгледало
     
  18. pikabu5

    pikabu5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Дај некој видеа идеи .. да да и јас кога вежбав бев таман но намалив доста .. инаку знам имам пресметано колку треба да бидам ама ај качи ги тие кг ..
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.133
    Пол:
    Женски
    Друштвоо и јас сум тука ајде подршка за сите шо сакаат да се здебелат(воедно и јас).
    Јас почнав исто со вежбање годинава ама и јас никако да мрднам со килажа не правам кардио, кревам само тежини..
    Предходно кога вежбав имав напредок и јас накачував килажа сега овојпат стагнација незнам кај грешам. :?:
    Иначе внесувам 3/4 пати оброци плус јадам благо солено све..
     
    На eliesaab и Mrs.Precious им се допаѓа ова.
  20. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    221
    Колку ти дава дека треба дневно да внесуваш калории за да се поправиш?