Jas cel zivot imam so kilaza problem. Taman ke kacam ama ne mi se zadrzuva mnogu odma slabeam. Momentalno sum 46, jadam i paralelno vezbam ama sakam 49...
Баш ми е драго што се размрда темава Многу се нервирам кога ќе добијам коментари од типот: "многу си слаба", " ти даваат ли нешто да јадеш дома".. Мислам дека за овој проблем луѓето немаат толку големо разбирање и те гледаат секогаш со недоверба, како не можеш да се здебелиш? А уствари многу е потешко да се здебелиш (да качеш мускулна маса) него да ослабеш..
Mene samo debeli lugje mi kazuvaat deka sum slaba. Osven toa ne razbiraat deka ako kazes na nekoj mnogu si slaba e isto kako da kazes na nekoja krupna osoba mnogu si debela ne jadi. Site se protiv body shaming ama za nas slabite toa ne vazi samo drugive placat
Стварно е премногу тешко, а луѓево од страна само коментираат без да знаат дека и нас тоа не навредува. И аларми правев и све и свашта и ништо..
Секако ни премалку килограми не е ок, но во секој случај е подобро отколку вишок. И за здравје, и за кондиција, па и за наоѓање облека е полесно. А можеме и слободно да си јадеме повеќе. Јас вака си се тешам
Пивскиот квасец не дебелее сам по себе т.е. викаат дека го зголемува апетитот, па оттаму и килограмите (ако јадеш повеќе отколку што трошиш, секако). Пред некое време јас пробав со пивски квасец, имав апетит како и обично, јадев малку повеќе ама немаше промена. Сум слушнала за некои таблети Мерц, ама не сум ги пробала. Веројатно и тие се за зголемување на апетитот, зашто не ми е логично од самото апче да се здебелиш.
Гејнер. Но при негово користење не треба да се исклучуваат секојдневните оброци. Плус и ако вежбаш топ фигура ќе постигнеш.
Еве нешто повеќе за гејнерите, баш добро имаат објаснето: https://muskultura.mk/гејнери-полни-со-шеќер/ Совет од тренер е место гејнер да пијам whey протеини, а доколку се одлучите за гејнер внимателно читајте го составот. Сите овие суплементи ( гејнер, whey протеин, протеин од сурутка) се ДОДАТОЦИ во исхраната и не заменуваат оброк. Пивски квасец, чаеви и витамини не дебелеат сами по себе туку само го зголемуваат апетитот (јас кога пиев пивски квасец забележав дека косата и ноктите ми растат побрзо, апетитот ист ми остана).
Пивски квасец не ми помогна , Мерц пијав исто и мене не ми помогна , и јас пијам сега други витамини па се надевам на нив , доста ни влијај и психата јас мислам..
Зависи кој тип на гејнер се користи и кој тип на веј се користи пошто има гејнери од 600 денари 1кг и гејнери од 2200 денари 1кг. Истото и со веј протеинот, зависи дали е beef hydro izolat protein, whey concetrat,whey isso, casein, vegan protein. Има веј протеини кој се мешавина 80%сурутка и 20%соја или некоја мешавина од други извори. Пример beef гејнер кошта 3500 денари 2кг ама содржи 50гр протеин, 70гр хидрати и само 3гр шеќер на 100гр доза. Биг ман гејнерот е 600 денари ама содржи 20гр протеин, 50гр хидрати и 40гр шеќери. Башка лактоза. Се си кошта али сепак овие се додатоци кој се потребни во исхраната.
1. Јајца 2. Овес, ориз, киноа (житарици) 3. Јаткасти плодови 4. Путер од кикирики, бадем... 5. Месо 6. Риба 7. Млеко и млечни производи 8. Зеленчук 9. Овошје (свежо и сушено). 10. Протеински шејкови И вежбање со килажа!
Едно кг плус Дефинитивно ми помага овесна каша за доручек, и мноогу протеини и паралелно вежбање за мускулчиња. Ако немам мускули сум слаба само тие ме спасуваат.
Да споделам со вас, профилче кое можи да ви служи за мотивација и инспирација. https://instagram.com/millyg_fit?igshid=mbvkwud2lx6f
Е ајде да пробам и јас, јас три качив па пак симнав , незнам како можи толку да варирам и ниту едно кг да не клам ..