Јас откако завршив со доење качив 2кг и на толку останав, ама имам брз метаболизам и постојано движам, дури навечер и стапалата ме болат од што сум на нога. Тоа е, може некогаш ќе качам некој кг
Не сум, се мислам, органски производ, со магнезиум, цинк, селен.. Пишува дека помага за поправање па на мисла ми е, јас од витамини не се поправив, не верувам дека и ова ќе помогне ама ај..
Само со калориски суфицит може да се поправиш. Ако внесуваш повеќе енергија од тоа што трошиш се "поправаш". За да внесиш полесно повеќе калории, конзумирај масти, како јаткасти плодови на пример.
Многу е јасно. Треба повеќе да јадете отколку што трошите. Еден добар извор на информации. Прочитајте го. https://hrv.woundcare-center.com/kak-nabrat-ves-pitanie
Денес -Смути (авокадо, малини, банана, чиа, житарки) со јогурт или бадемово млеко го правам -После два часа две кришки леб со путер, над нив домата и моцарела -ручек денес ми беше ептен брзински поради немање време, чинија шпагети со сос и кашкавал, ова обично ми е за вечера, инаку за ручек секогаш имам манџа некоја со чинија салата, риба, стек, ориз, компири, летна манџа, лазањи.. Ретко се оставам да не готвам за ручек - десерт сладолед, со две вафли и течно чоколадо, и една шака малини -вечерата ми беше слаба една кришка леб со зеленчукова павлака, затоа сега пак нешто ќе вечерам барем една чаша јогурт Тоа ми е горе, долу во јадење, не дека ич не јадам ама тоа е, веројатно е малку
Ова е за одржавање килажа, јас јадам горе-долу вака и не се здебелвам (фала богу хаха) ама не ни слабеам. Што значи ако сакаш да се здебелиш јаде повеќе леб, млечни производи,месо,јади на вечер тоа е најбитно мислам и повеќе количински. Сепак можеби најмногу резултати ќе видиш ако почниш да вежбаш и притоа земај суплементи.
Многу мразам да се прејадувам, а знам дека треба количински повеќе ама тоа е. Леб си јадам за машала, и тоа само домашен што си правам, затоа што друг не ми е убав а сум лебар голем. Се движам постојано ама ме мрзи да вежбам. Со витамини сум постојано. Единствено во мој живот бев полна +16 кг во бременост, после порагај за два месеца ги снема. Брз метаболизам, не јадам тешка храна, газирано не пијам, ај за втора бременост здравје