Место овес, јади бурек од сабајле. Па за ужина чоколадо големо. Ручек месо со ориз компир + леб. На сето тоа десерт некој обемен. Па за вечера некоја пица или хамбургер. Ама саат време пред спиење. И за крај пред спиење пак чоколадо. Па да видиш како се качуваат кг.
@Kimberly11 Насабајле обавезно пиј Б1 Исто така, повеќе јади млечни производи, обавезно јади овошје какво било и повеќе течности пиј. Јади тестенини, месо, леб... Сепак, за витаминот консултирај се со лекар за секој случај.
Потребно ти е повеќе оброци во денот плус, овес нема ти помогне ако си личност со брз метаболизам. Сигурно бурек не добра замена, ама класичен доручек во комбинација од леб, путер, зеленчук/туршија по сезона, одредени млечни производи како павлака или кисело млеко, јајца 2-3. Јади во 7, 11, 14, 18 за почеток привите два оброци сметај ги за доручек да се полесни додека на вторите два појаки оброци со печено/варено месо, компир/пире, јајца пак, ориз, булгур, риба, помалце салати, избегнувај алкохол и шеќерни сокови, пиј повеќе вода ама не претерувај 1л ќе преживееш. ако ти се пријаде после 18 сврти се на зеленчук како snacks. Јас зависно од како сакам да изгледам варирам од 51кг-77кг ама пак може да не е апликативно тоа кај тебе
За доручек овесот направи го со млеко, додади да се стопи црно чоколадо, додади различни путери(кикирики, лешник) плус по некој бадем...можеш да купиш тортиљи и со нив да правиш врап со јајца, плус додатоци што сакаш...има многу рецепти што се вакви лесни а се висококалорични, побарај си. Мораш во сите оброци да имаш поголем процент на јаглехидрати, тоа значи доручек, ручек, вечера.
Имам ама да го јадам два дена. И третиот да не јадам ништо Муабетот ми беше дека од овес, банана, јаболко, брокула и слично скоро е невозможно да качиш кг. А додека од јадењава кои ги спомнав со сигурност ќе качиш кг. Е сега сало се разбира дека ќе има ама со вежбање ќе го регулираш. И да, Секогаш кога сум сакал да качам маса и кг на менито сум имал ориз + пилешко, јајца , туна и слично. И најбитно од се. Секој организам не реагира исто на секоја исхрана. Така да ти треба најдобро да си утврдиш која исхрана би ти одела најдобро во прилог. И обрни внимание и на одморотна телото и спиењето исто така. Јас јадам се од ова наброеново. Па немам триглицериди. А крвна слика правам редовно. И може да кажам дека е подобра и од твојата. Не е само исхраната. Тука е и целокупниот начин на живот. Активности на работа, активности после работа, активности дома, во кревет и слично
Тоа не значи дека друго тело со оваа исхрана нема да има покачени триглицериди. За разлика од тебе има и луѓе што не се совршени Браво. А да не идеме кај ист матичен? А мислев доверливи се здравствените информации на пациентите . Хммм, ќе морам да го сменам матичниот... Уххххх, пази, немој толку да мастурбираш, не претерувај. Преточи ја таа енергија во теретаната .
Сите каснуваме понекогаш чоколадо, бурек, пица итн, ама све во еден ден да набутаме и тоа да ни е секојдневие не. А на толку шеќери може само стомак и заби да те болат башка
И со HDL во крвта шо прајме. Инсулинот активен цело време, креатининот во крвта до мах и ако слези во урината етети болести. На таква исхрана на долги стази ќе придонеси само кардиоваскуларни болести а холестеролот ќе го замати џигерот. На сабајле се јади варени белки, Овез со вода и овошна мешавина замрзната со банана. Или чоколино со пудинг. Ручек тестенини со месо. Ужина фстаци. Вечера пица и пред спиење гриз со путер од кикирики. Етети почиста храна. Не е стварта само да качиш килажа туку таја килажа да биди квалитетна а не само сало и поткожна вода.
Вие барем сте пониски. Ами јас како сум 164цм, а 47 кила? И сигурно уште ќе растам пошто сите во фамилија се високи. Брат ми е 195цм. И јас сакам да сум висока секако ама со оваа тежина не. Морам да накачам. Колку си се радував летово 50кг кога бев ама не можев да ги задржам долго. Заради тежинава и градите не мрдаат да пораснат ич. Се си мислам дека ваква ќе си останам.
Сакаш да ти кажам уште потрагичен случај? 180 сум, со едвај 53 кг сега. Пред година ипол, бев 47..па ти замисли калорична храна.Многу. Има апликација fitness pal ова за сите важи, ќе внесете таму се` да не објаснувам кога има, и ќе ви урачуна колку калории треба дневно да внесувате.И ќе си внесувате секој ден, колку што јадете Ние слабите иаме калориски дефицит, башка ја иам брз метаболизам.Колку оброци иам толку пати и идам во вц. Друго, вежбај, тежински тренинзи и протеин смути после вежбање. Ја уште неам мрднато, ама ја напраив јаки мускули, и ми растат.Ја на нозете дали 10% иам сало, се` ми стана мускул, рацете исто. Со тежинските, сало не праиме ама ќе напраиме мускулна маса, шо и тоа не е лошо и јади тесто, месо, џанк фуд. тоа дебелее.. не е здраво, ама затоа Американците се секој втор по 100кг, пошо живеат на КФЦ и Мекдоналдс
Ако си во период на раст, тоа е нормално. Женските растат во висина до кај 15-16год мах, во тој период на раст нормално е да си послаба. Кога ќе заврши периодот на растење во височина ќе се поправиш.
Качувањето на килограми е исто така тешко. За мене качувањето на килограми на почетокот беше сто пати потешко од слабеењето ... Особено бидејќи имам брз метаболизам. Имам по 8 до 10 оброци на ден. Сега дојдов до фаза кога еден хамбургер или фамилијарна пица ме разјадува само. Фала богу барем успевам да се поправам. Обично луѓето што ќе дојдат во теретана и ќе ме прашаат како да се поправат не сфаќаат колку човек треба да јаде за да се поправи. И јас не сфаќав пред неколку години. Така да пробај да јадеш многу.
Да. Колку и да е тешко слабеањето, толку ни е тешко и качувањето на килограми на тие што сакаме да се здебелиме.
Да ја активирам темава, од утре ќе се фатам со работа, пошо упорно а качам 2-3кила на нездрав начин веднаш ги спуштам....
Што би препорачале за апетит повеќе, б комплекс или пивски квасец? Или друг предлог ако имате кажете. И каков протеин да земам?