ГАРАНТИРАМ дека не јадеш..не е можно да јадеш толку многу на секои 3 саата и да си слаба..нема шанси! Јас порано викав јадам нормално јадам многууу но после си се преиспитав и гледам дека всушност и не јадам многу..и слабичка сум...ке почнам наскоро со диета за дебелеење..морам да се здебелам! мораш да јадеш повеке...најде кој да каже али ајт..
Иам 14 год, висока сум 163 а иам 45 кила :// што мислите, уште колку треба да качам? Плссссссссс одговор мн сум слабаа неможам да издржам веќе а јадам како будала и не помага кажете некое др решение ве молам
Не се замарај со тоа , јас на твои години јас немав ни 40 кг Многу јадев ама не се здебелував поради брзиот метаболизам , кај секој човек различно е, зависи до организмот . Ако немаш апетит пиј витамини или пивски квасец и ќе јадеш како луда , а ако си јадеш по многу тогаш таков ти е организмот ќе се здебелиш кога тој ќе сака . Немој нагло да почнеш да јадеш по многу бидејќи може да ти се појават стрии кои ќе си ги носиш засекогаш . И мене ми беше комплекс малку дека бев слаба на твоја возраст ама сега си мислам глупава сум била што сум се замарала со тоа . Подобро слаба отколку дебела ,дебелината е болест
Јадам јас и повеќе од нормалното, не е до тоа, изгледа такви ми се предиспозициите. Го знам тоа, дека дебелината е болест.. Се знае што се бара, слаба, а не со целулит, стрии.. Ама луѓево не сфаќаат у денешно време, секој ми дал по некој коментар дека сум мн слаба, требало да се здебелам, на психа ми влијаат комплекс почнува да ми станува а не ми беше. -.-
А не си помислуваш дека можеби се љубоморни на манекенскиот став што го имаш? Тие можеби ги држат сите можни диети за да бидат како тебе ,а ти си јадеш што сакаш и колку сакаш без напор имаш супер фигура Можеби тие си ја губат самодовербата и си набиваат комплекси кога се покрај тебе
Во право си. Да ти кажам од сеа не им се замарам, ќе свртам нова страна, каква сум таква сум, не ги слушам другите за себе нека си мислат. И планирам да се запишам негде црнокрак, мак моделс.. али ај сеа да не бидам оф-топик, Фалаа ти мнн *
Мислам дека ти фали самодоверба.... Не е битно што мислат и што велат другите, битно е што ТИ мислиш за себе и како се доживуваш. Мене никогаш не ми сметале такви коментари дека сум многу слаба, некогаш како комплимент си ги сфаќам. Јас си се сакам себе и си се свиѓам , не би ми пречело да имам 10 кг повеќе, ама неможам против природата, ниту пак да се преокупирам со тоа да јадам 100 пати на ден. Си јадам колку сакам и што сакам, но имам таков организам што ништо не се фаќа за мене. Висока сум 167 и тешка 45. Пробај со некои апчиња за зголемување на апетитот, инаку незнам што да ти кажеме друго, разгледај ја темава имаме дискутирано и за пивски квасец и за се.
Прашав во Виталија, таа ми вика мн сум била мала-.- штетни биле за мене нешо бла бла.. инаку имаш право
И јас на твои години бев мнооооогу слаба а си јадев нормално. Со текот на годините си ја добив нормалната тежина, а што се` не пробав барем малку да се здебелам. Моите ми купуваа витамини од Калифорнија фитнес, но попусто. Најтешко ми беше тоа што околината ми набиваше комплекси. Немаше еден од моите другари и другарки што не ми имаше кажано ауууу ама си слаба. Да ми е беше тогаш овој памет, сите ќе ги игнорирав и немаше многу да се вознемирувам. Требало само да помине време, да пораснам и да си се поправам. Имај трпение. Еве пробај на пр. со бедоксин (Б6 витамините) мене ми го зголемуваат апетитот. Можеби тоа ќе ти помогне.
Абе не се замарај јас имам 13 години висока сум 160 а имам 38 кила.. Пробувам да се здебелам ама се што јадам оди во висина Ке ни дојде и нас денот кога ке се здебелиме и ке сакаме да ослабеме
Linn во овој случај учи од грешките на другите , еве јас и bitter-girl сме биле во иста состојба како што си ти сега и увидуваме дека сме грешеле што сме се замарале со тоа тогаш . Уживај мила , биди среќна што ја имаш таа привилегија како малкуте што си јадат што сакаат и колку сакаат и сепак се во топ форма. Имаш време за поправање телото само ќе си одлучи кога му е време за тоа , не го оптоварувај со апчиња . Без комплекси ,поздрав се најдобро
хахаха знам и мене така ми е генетиката, татко ми до 18 бил чкелет после тоаа се здебелил нагло на 8о кила,затоа за иднината не се нервирам него за сегашноста
Не се плашете...колку и да јадете неможете да се здебелите бидејќи имате таква конструкција..што ништо не се лепи на вас...
Слабо поправањето, слабоооооо Јас само во лицето се поправив, сега и обравчиња имам само за штипење, а нозете и га*ето слабооо - нема промени
Јас се отрув веке од апчиња... Пиев апчиња од пивски квасец, олигогал со селен, б комплекс и пак ништо... се послаба и послаба сум. Истите тренерки кои едвај ги облакав, пукаа на мене, сега ми се широки... Неможам веќе да издржам кој како ке ме сретне, лелееее ама си ослабела, што ти е? да не имаш некој проблем со здравјето??? неможам и крај!!! ме полудуваат... Прееска уште мајка ми ми фалеше да ми каже, аман секој ден си се послаба и послаба... Се испокарав и со неа. Јадам супер, месо ми се 2 оброка во денот, пијам јогурт, почнав и крем сир да јадам, овошје и зеленчук обавезно... Незнам веќе што да правам, прекинав да пијам се, што биде нека биде. Страв ми е да се погледнам во огледало, не личам на себе веќе... Кога некој што не ме видел 3 години најде да ми каже дека сум мн слаба, што остана за другите... Ослабена сум 6 кила имав 53, сега 47 а висока сум 175 цм премногу сум слаба, знам :'( :'( :'(
Обрати се кај доктор. Има исто така и "диети" за здебелување. Сепак доктор е, сигурно ќе ти помогне. Вака сама си пробала све, и сепак џабе.
Јас бев на доктор пред извесно време и кога кажав што сакам жената буквално прсна од смеење и ми рече : срце, не се секирај за килограмите, гледај си го здравјето што фајде од дебелината ако имаш други проблеми со здравјето, јади си нормално а килограмите ќе си дојдат со тек на време. (е како бре женче !?) Инаку правев конторла на крвта и супер ми е, сега уште само 5 килца и мислам дека ќе бидам најсреќна на свет