И јас сум во некја фаза на јадење моркови, не за друго и онака ми се вкусни. Ми препорачаа да пијам бета каротен капсули/таблети пред се ради алергијата од сонце ама не сум сигурна колку се здрави... Јасно дека бета каротен уствари се трансформира после во вит А и не е некоја голема филозофија ама пак ми е страв да не ми се појават некои флекички и дисколорации по кожата, читав некои имале и такви резултати... Ако некој со осетлива кожа ги користел го молам да сподели некоја плус информација
Има еден домашно направен лосион за сончање. Може да се користи кога не е толку јако сонцето. Значи можете со него да се сончате до 11 и после 16-17 часот. Значи потревни ви се -1/4 маслиново масло -10 капки јодна тинктура -сок од исцеден лимон овие состојки се мешаат и се чуваат во темно шишенце, а пред употреба шишето се протресува. Се надевам ти помогнав
Јас имам користено маргарин и многу помага. Сепак првите неколку дена се мачкаш со фактор додека да добиеш некоја минимална боја и после маргарин. И да, ќе мирисате на кифлички
И после од ко ќе добиете некоја посакувана боја за да ја задржите ќе си станите ко Bugs Bunny. Само морковчиња му е мајката Е баш вака...
Абе,ајде,со маргарин...!!!! Луѓето на месечина како туристи почнаа да одат,а вие со маргарин на плажа. Само обично маслиново масло му е мајката.Се добива супер боја и истата трае и трае.....
а кога ги пиеш мислам во кој дел од денот на гладно најаден и дали ке биде доволно 10 дена пред одмор да почнам да ги пиам ? и таму уште 10 и дали смееш да конзумираш алкохол ?
слушнав дека кристал маргаринот,масло(зејтин за домакјинство) и масло бекутан највекје помагале за потемнувањето
Ја например не користам ништо ми масло ни нз каква таму за мачкање..Само измачкам се со ујле за сончање и одма ко црнка сум..Се зависи од кожата, пр мајка ми и она се измачка со тоа и бела ко сирење занчи се зависи од кожата..
Најдобро за поцрнување е да се јадат моркови еден месец пред одмор мене мајка ми ми прави сок од моркови и портокал на пауер џусер и многу е убав!Секој ден ако пиете вака,сигурно ќе имате преубав тен на одмор! А за ти потрае тенот што си го добила,само првите денови ако си бела треба да се мачкаш со фактор,и после не треба со ништо да се мачкаш. Со путер многу се гори, и не се препорачува.
Масло од НЕВЕН Невенот се потопува со маслиново или сончогледово масло (јас го направив со маслиново) и стои 40 дена на сонце Потоа бидејќи го користам како улје за сончање (а исто така го користам и како смирувачко средство после сончање) го дополнив со ПАНТЕНОЛ раствор, Б12 капки(ампули), Б-комплекс(ампули), и АД улјени капки. Невенот е ЗАКОН за кожата Маслиновото масло исто така ја омекнува и благодтворно делува Пантенол се става во секое средство за сончање, а се користи и така, за лекување рани, пеги и други кожни проблемчиња Б витаминот е секако добар за кожа, коски, коса, нокти АД капките го имаат истото дејство и ефект (тоа се оние кои им се даваат на бебињата, па значи штом им даваме на бебенцата да ги примаат за зацврстување на коските, не може да бидат лоши за нас возрасните) СЕ ова се купува во која и да било аптека. ПРОВЕРЕНО, ДОКАЖАНО, СУПЕРСКО! Кожата просто го обожува овој ЛЕК, МЕВЛЕМ, СРЕДСТВО и заштитна бомбица Добро е и за бели и темни луѓе Мислам со светла и темна кожа, а ако некој се плаши да го нанесува од првиот ден тогаш па нека почне од 2-3 ден за сончање. Напоменувам дека е СУПЕР и после сончање - сите состојки внатре делуваат смирувачки за кожата.
леле луѓе ма од зејтин нема боље вееувајте.имам сетсри близначки,додека тие се капеа и се ладеа во басент бев и јас со нив но подоцна се намачкав со масло за готвење и така на сонце можеби половина час стоев иако не беше сонцето многу јако добив една нијанса потемен тен.навистина вреди да се проба.....
Не мора 40 дена, знам дека така треба, наводно, од старите, кога се прават такви масла се вели 40 дена на сонце, ама и јас немав толку време, па го чував еден месец. Сега доволни се и две недели на ова ЈАКО сонце (исто ќе му дојде како еден месец во мај)
Што се однесува до предлозите за маргарин, зејтин и дури и нафта - да, се поцрнува, но нели темата беше „по ПРИРОДЕН пат“. Маслиново масло, кантарион, еве невен (плус со „засилување“), тоа сето ем поцрнува, ем е здраво. На крај на краишта не мора ништо да се става додатно во маслото, доволно е што е на база на лаековити билки. Мислам дека не е целта по секоја цена за 10тина дена да се добие бојам да се исуши кожата и после да се посетуваат козметички салони. Инаку тоа што го додавам во маслото од невен можете да прочитате состојки на секое од средствата за сончање дека ги има - и Б и Д витаминот, како и пантенолот
Кој колку што ќе поцрне не е толку важно, мислам оти најважно е сите да си поминете убаво на одмор и тоа да биде и здраво! Тоа ви го пожелувам на сите!