Јас лани се мачкав со кантарионово масло и не да поцрнев... Црнец, луѓе, црнец . Имам ептееееен бел тен, при што секогаш користам крема со минимум 30-ка фактор за да не изгорам и скоро никогаш не потемнувам. И пробав со кантарионово, резултат 10-ка! Ми се чини и под сенка кога седев дури поцрнував . Месецов пак ќе пробам, дефинитивно.
Сеа видов тетка ми си купила една крема за поцрнување 150 или 160 денари е имало и од 300 поголема , ама од вчера уште и трае , на природна база била , а јас 10 минути на сонце и циганка сум , се мачкав и со кантарионова масло и со блек ап Ја купила од dm (ди ем ) во гтц на приземје ми кажа ги имало од 150 до 300 денари, а и плус имаше капилари, се тоа и се покри и плус поцрне , стварно е ефикасна , се вика Sun Dance Еве ја :
Да Ве прашам тоа маслото од кантарион за поцрнуванjе може да се направи во домашни услови или мора од аптека? Благодарам многу
може да се направи...јас такво си користам баба ми ми го прави...само не знам на колку масло колку кантарион треба и колку треба да стои
Jа прелистав речиси цела тема и гледам најмногу сте задоволни од маслото од кантарион. Jас немам време да го правам дома, затоа што скоро треба да одам на одмор, па би сакала да ми кажете дали навистина го има по аптеките и колку пари е отприлика? Oд блек ап-от поцрнувам, ама сум забележала дека многу брзо ми паѓа бојата, па сакав да го пробам ова со кантарион
ne znam kolku e vo apteka ama eve ti za do godina recept direkt od na baba mi tefterot во пола литар шише се ставаат околу 3 до 4 прста САМО ЦВЕТОВИ од кантарион (може и сушен и свеж, но многу подобро е од свежи цветови - мене таков ми прави) после се полни шишето со зејтин до горе и се остава да стои на сонце (може до прозор) 2 до 3 недели...и после се користи.
Кога сме веќе кај маслото од кантарион...јас како помала бев буквално опседната со тоа да имам темен тен. А јас бела, бела, кога ќе отидевме на одмор се утепував од сончање, се мачкав со млеко за тело со висок фактор и ќе фатев некоја боја ама не доволно, не како што сакав јас. Недела дена после одморот и таа боја ми ја снемуваше. Така решив да пробам со кантарион, ги гледав сите поцрнети на плажа, се мачкаат, сјаат на сонцето, со чоколаден тен. И решив и јас да станам таква. Последните денови почнав со ова масло, легнав на сонцето да се печам, ако ви се верува, за 10 минути добив страшно црвенило, изгореници, алергија на сонце. Незнам како си дојдов на себе, веројатно киселото млеко најмногу ми помогнало вечерта. И да преминам на главното, на тоа што сакав да го кажам-маслинови, кантарионови масла јас искрено воопшто не препорачувам на луѓе со светол тен, значи обавезно треба да има заштитен фактор, овие немаат. И ете јас иако бев малку исончана, пак изгорев. Значи за оние со светол тен како мене, јас препорачувам со месеци пред одморот да почнат да јадат соодветна храна, моркови, кајсии, домати во голема количина, подготовка на кожата за сонце секој ден по 15тина минути, ако треба и на тераса А мене конечно ми дојде памет и почнав да си го сакам аристократскиот тен, и сфатив дека проводот на одмор ми е поважен од фаќањето боја. Со сила убавина не бидува.
тоа е така во секој случај...јас имам потемен тен, но првите денови од одморот без 30 фактор не се појавувам на сонце...масло од кантарион користам само последните неколку денови кога ‘сонцето е здраво‘ ако тоа се уште важи
По вашиве мислења, решив и јас да испробам годинава на одмор масло- кантарион. Ќе одам на 12.08 па ќе ви се пофалам со резултатите, секако имам фатено боичка од одење по еден ден, а имам и црн тен
ми имаат кажувано дека после сончање ако се намачкаш со пивоо се добивала бронзена боја ама незнам колку е точно бидејќи сеуште немам испробано
Пред одмор пиев апчиња Бета каротен. Немам многу бела кожа, лесно добивам тен, ама цел одмор се мачкам со фактор 30ка. Денешното сонце воопшто не е здраво, создава големи оштетувања на кожата. И не ми е важно дали ќе имам црн тен за луѓето кога ќе дојдам да прашуваат каде сум била на одмор, важно ми е како ќе си поминам И така по некое време кожата ќе се излупи и за џабе печењето на сонце
Пред одмор пиев апчиња Бета каротен. Немам многу бела кожа, лесно добивам тен, ама цел одмор се мачкам со фактор 30ка. Денешното сонце воопшто не е здраво, создава големи оштетувања на кожата. И не ми е важно дали ќе имам црн тен за луѓето кога ќе дојдам да прашуваат каде сум била на одмор, важно ми е како ќе си поминам И така по некое време кожата ќе се излупи и за џабе печењето на сонце
лелее јас бела ко сиренце сум веројатно тоа ми е е ген од мајка ми бидејќи и таа е многу бела, а кога одиме на одмор цело време се сонча и пак е бела, така да се плашам дека ако е поради генот (а сигурно е), само ќе изгорам и ќе ми се лупи кожата.. :/ дали кантарионовото масло навистина ќе ми даде тен ? малку сум скептична
Јас со масло за тело Блек Ап со фактор 6 за еден ден добив чоколаден тен. Некогаш користам кантарион , ама ова попријатно ми мириса , а ефектот е сличен.
Не знам посоодветна тема дали има, ама што се мачка после сончање? Не мислам на обично млеко за тело туку баш нешто наменето за кожа изложена на сонце, конкретен предлог?
Со кантарион не се фака боја, тоа е за изгореници, али мачкај се помалце ке изгориш и кожата помека ке ти биде. Само многу гадно мириса
Во поголеми маркети или парфимерии имаш доста препарати, прашај конкретно што бараш ке ти кажат. Има спреј за после сончање, за истакнување на бојата, спреј за поттикнување темнеење ... Некои креми, лосиони за подолготрајна боја.