Еве јас пошто не сакам да пијам апчиња бета каротен за тенот , почнав да јадам моркови . Секој ден по еден морков . Еве веќе цела недела а инаку ќе одам на одмор во август средината . Па се надевам дека ќе има некој резултат од морковчињата. Инаку јас лани фатив убав тен со маслото од каротен .
Не штити воопшто, а инаку брзо се поцрнува да. Мене баба ми ми го направи ова за на одмор и ми го изнафали колку штити и не ставав ништо освен тоа.. и коа се вратив од одмор плачев од болка од што бев цела изгорена, незнаев што да правам со себе во буквална смисла Ама доколку се намачкате прво со заштитен фактор па после со ова или па првите неколку дена со заштитен фактор а последните со ова, мислам дека би имало одличен ефект.
Еве јас за неколку дена ќе идам на одмор и решив да испробам кантарионово масло.Имам неколку прашања? Колку пари е? Многу ли му е лош мирисот? (така имам слушнато). И дали тешко се мие?
Кантарионот прво се суши па се става во масло да отстои. Па после си ја цедиш течноста и неа ја нанесуваш за заштита
Дали некој користел купечки кантарионово масло од продавница и дали го има истиот ефект...? зошто еве го летото помина, а за домашниот треба време..
Со кантарионово масло или со маслиново масло за готвење. Една другарка се мачка со тоа и ептен добра боја добива, ама првите 2-3 дена става 20ка фактор блек ап и после или со кантарион или со маслиново. Јас бела сум плус имам алергија од сонце така да под 30ка фактор несмеам да помислам, ама како и да е не ни сакам нешто многу да се печам, колку е штетно сонцево, може сега не се гледаат последици, ама после неколку години.... Така да не ви препорачувам ни вас да се печете толку со ова со она, и на другарка ми и викам, фактор си е фактор колку толку ја штити кожата, ама како си сакате
Sto misliste za maslinovoto maslo..dali i toa e dobro isto kako kantarionovo.. i dali masloto sto kje go kupam od apteka ima isti efekti kako i prirodno podgotvenoto(mislam za kantarionovo)?
Е ај да се пофалам Овие апчињата бета каротен ептен добро си ја завршија работата. Прв пат да се вратам со ваков тен од одмор, плус како што сум бела како сиренце просто неможам да си поверувам дека сум си јас кога се гледам во огледало . Ги пиев 10 дена пред одмор, таму додека бев 15 дена и имам уште 5 ќе си ги допијам деновиве. Значи презадоволна сум
Не би требало од нив да се здебелиш, тоа се витамини. Пред два месеца ми се купени така да мислам дека некаде околу 250 денари беа 30 апчиња.
Јас едно лето користев такво купечко и мислам дека има ефект ( спрема домашното незнам зошто не сум користела ) ама кај мене со тоа имаше ефект.
Направете домашно масло за сончање Потребни состојки: -неколку моркови -неколку млади зелени ореви -неколку цветови лаванда -жалфија -маслиново масло Во мала тегла ставете неколку изрендани моркови, неколку исечкани млади зелени ореви, неколку цветови од лаванда, а можете да додадете и жалфија. Околу 60-70% од теглата наполнете ја со овие работи, а потоа теглата до врв наполнете ја со маслиново масло. Теглата ставете ја на сонце да отстои 20-25 дена и секојдневно протресувајте ја. Откако ќе пројдат дваесетина дена, течноста исцедете ја низ неколку слоеви газа. Маслиновото масло има природен заштитен фактор 2, што е занемарлива заштита за денешното зрачење на сонцето, но поголем фактор имаат морковите и оревите, па одлично се надополнуваат, а покрај тоа ова масло ја негува кожата. Морковите се богати со бета-каротен и витамин А и се користат во сите модерни препарати за заштита при сончање, бидејќи ја обновуваат кожата и го успоруваат нејзиното стареење, а истовремено го забрзуваат потемнувањето. Лавандата и жалфијата исто така се одлични за негување на кожата, делуваат противвоспалително на акни, изгореници, рани, а жалфијата дополнително го намалува и целулитот. Покрај овие предности, тие на маслото му даваат и прекрасен мирис. Превземено од: http://www.kafepauza.mk/zivot/napravete ... sonchanje/
ако одиш на еден ден најдобро ти е крема со јак заштитен фактор, пошто ако цел ден си на сонце сигурно ке изгориш