Колку е кремава? И како ја нанесуваше? Само од кремава ставаше или прво нешто со заштитен фактор па после одозгора од кремава?
Кремата е некаде околу 500-600 денари не се сеќавам колку беше. Првите 2-3 дена заштитен фактор 20-30 па одозгора кремата после 3 ден само крема нанесував, не изгорев. Поздрав
Девојки читам овде дека имало ефекти со маргарин и тие маслата..Маргарин за јадење секако ке земат моите некој во кутија хахха... а кажете ми кое масло да го купам од кое има подобри резултати маслиновото или кантарионовото ?
Кантарионово. Меѓутоа внимавај јас се испжив и од тогаш веќе никогаш. Маргаринот помага колку што имам пробано ама не толку колку маслово. Јас го топев и го ставав во шишенце со распрскувач, така барем не се приметува апла дека со маргарин се мачкаш. Како и да е еднаш имам пробано и веќе не планирам.
Леле немој со масло! Знаеш колку е штетно да седиш на сонце уште па со масло за да ти ја гори дополнително кожата. Може сега нема да приметиш ама за некоја година ќе видиш. Сонцето зголемува брчки, и многу други негативни ефекти има ако не се заштитуваш. Не ризикувај за потемна кожа да имаш долготрајни последици.
од патека купи си апчиња бета каротен.Многу се ефтини.Ке почнеш да ги пиеш 2-3 дена пред да ргнеш на одмор и додека си таму. Апчињата се како кафави топчиња Мокрачата од нив е портокалова, да не се плашиш. Ем ке примаш витамини кои селно се сврзуваат со сонцето ем че потемниш брзо
Девојки можам ли да се мачкам маслиново масло од она за јадење. Од лидл денес купивме прв ден денес се мачкав со фактор 20 утре втор ден планирам масло да ставам. Некој искуство ?
Не сум сигурна за вас, ама за мене оцрнување само откако ќе се испржам убаво за навек.Потоа зае*и и црнеење и се.
Девојки мене ме интересира дали има некој спреј за истакнување на тенот на кожата или за пдолго да ти трај тенот?гледав имаше таков спреј во авон ама ме мрзи да порачвам да чекам,а си добив мн,убава боја сакам да ми потрај
Има спреј на Дебора, мимс го фали во некоја од темиве.Нема фактор, ама помага во зачувување на тенот и кожата не се лупи.
Да @Annath меѓутоа тој е за сончање, вака да се мачкаш со него без да изложуваш на сонце незнам каков ефект би дало и дали би ја одржувало бојата... Не пишува такво нешто на него. Овој си е наменет за сончање, односно за интезивирање на веќе потемнета кожа да потемне уште повеќе, но доколку не се изложуваш на сонце не верувам дека ќе има некој ефект. Обично афтер сан лосионите се за таа намена за пролонгирање на тенот, ги има со светки и секакви па @mime87 мислам дека афтер сан лосион ќе ти заврши најмногу работа.
Само ова на Гарниер го имам користено но немам ништо посебно да кажам. Убаво ја разладува кожата, хидратантно е, и дава убава нијанса на кожата ко сјај, а за тоа колку ми го одржуваше тенот стварно неможам да се сетам ама најверојатно си ја заврши работата оти тоа и му е намената. Околу 300-400 денари им се движи цената. Го гледав и ова, ова остава и ко светки ама го немам пробано. Гарниер општо мене супер ми се покажале, мислам дека вреди да се проба...
Мимс, јас сакав да те прашам дали е поголем ефектот од тој на Дебора, или од тој на Каротен. Се мислам што да земам, дали ова, или маслото од Каротен, Дебора, или можеби нашиот стар добар БлекАп за интензивно поцрнување. Знам дека ова го фалеше лани или преклани, па би сакала да ми кажеш од кое мислиш дека имаше повеќе резултат. Сега додека пребарував за да ја постирам сликата видов дека има повеќе видови,https://www.google.com/search?q=car...2lJAB-&biw=1366&bih=643#imgrc=6ylk6t_G4z6yOM: што е разликата помеѓу нив, знае ли некоја, или ќе треба да си прочитам на веб страната? @mime87 , земи го лосионот од Кам, 150 денари е 500мл. Јас си купив два, еден малку ми се виде Мирисот не му е нешто посебен, ама го пробав на кожата ми даде така убаво чувство, верувам дека ќе ја негува кога ќе ја исончам. Од авон го имам тоа во Тиркизна боја како спреј, и воопшто не ми се допаѓа.
@sesilija разликата помеѓу ова што ти го постираше И ова: Е во структурата. Првото е ко гел, а второво е ко путер и плус има светки. Првото го немам користено, но сум го видела како го користат други и сум му ја забележала структурата. Многу повеќе ми се допаѓа второво зошто како што кажав остава светки, а јас си го користам и за вечерни излегувања кога сакам да ми бидат ко на Џеј Ло нозете . А во Лидл имам видено вакво и со фактор 10ка, малку поефтини се од кај нас, околу 7/8 евра се, кај нас се по 600 и нешто денари. Инаку морам да кажам дека дефинитивно поголем ефект видов од Дебората, но незнам дали се должи на тоа што лани само последните 2-3 дена се мачкав со Каротенот одкако претходно поцрнев со фактор 20ка или што оваа година со еден ден сончање со фактор наредните 2 ги поминав само со Дебората... Оваа година сум многу поцрна од лани, а лани бев 10тина дена на море, а годинава 3, не вклучуваќи го тоа што малку се сончав и на планина со фактор 20ка. Сепак повеќе сум за Дебората иако светките на Каротенот ми се незаменливи па морам и двете во комбинација да си ги користам. За Блек Ап незнам, никогаш не сум поцрнувала нешто wow од нив и не ги сакам баш, секоја година купувам различни млека бидејќи сакам се да пробам. Моја препорака Дебора маслото за интензивно потемнување.
Сега им ја разгледав страната, видов дека тоа има светки, плус има уште две такви, едното со фактор 10 и мирис на егзотични цвеќиња , а другото со фактор 20 и мирис на кокос . Немав приметено која им е цената во Лидл, ама штом се поевтини таму, тогаш таму ќе купам некое, фала за информацијата. Јас имам ептен поцрнето со кантарион ставен да стои во ладно цедено маслиново масло и оставен на сонце над две недели, за 6 дена имав страшна боја и многу ми траеше, ама имам преостанато уште 100 мл од него, нема да ми стаса, а годинава не си направив ново па затоа барам нешто алтернативно. Од блек Ап мислам на тоа без фактор , го немам користено, меѓутоа и јас како тебе, постојано сакам да пробам нешто ново, па ќе видам, можеби ќе го купам и него.
@sesilija јас години по ред сум верна на Блек апот и не можам да се пожалам. Најпрво почнувам со 20ска, првите 2 дена, колку да добијам тен, а после продолжувам со маслото , оваа е со 6ка, колку да не е без фактор. Ама добивам интензивна боја, преубав тен. Годинава од неколку дена имам фатено убава боја, со тоа што само првиот ден бев со 20ска, а потоа продолжив со 6ката. Па сега за одмор може да размислам да земам некој од Каротенот или Дебората, ме примамивте, признавам.