Јас кога идам на одмор првите 2-3 дена се мачкам со некој фактор , а после само со кантарионово масло што сами си го правиме дома и можам да кажам дека има ефект. Кај секого различно јас на пример никогаш не црвенеам туку одма потемнувам.
Дали го имате забележано ова кај нас? Гледам на словенечката фб страница на Афродита, фановите ептен го фалат, ептен има еуфорија за него.
@sesilija @mims-89 Девојки само да ве известам за цената во Лидл за Каротенот. Ги имаше Каротенот трите типа мислам, не сум сигурна само за Sunsations, а цената им се движеше од 11,50-14е. Мислам дека тој со светки беше најскап.
Јас годинава прв пат сум олку црна,најмногу досега. Уште од 3тиот ден се исфорсирав со кантурово масло. Малку и изгорев.ама и црвеното стана црно по 2 дена.
И јас годинава поцрнев најмногу Првите 3 дена употребував 50ка заштитен фактор за да не изгорам и тоа навистина ми помага додека кожата се навикне на сонце а после третиот ден веќе почнав убаво да црнеам,користев и блек ап крема ама и блек ап масо. Со било какво масло се добива поубава боја
Ауу, многу го поскапеле... Јас пред две недели од прилика го видов во Лидлот во Паралиа и беше околу 7-8евра. А баш после тоа искочи муабетот дека ддв-то им го качиле и дека ќе поскапува се, ама јас си отидов не дочекав да видам поскапување, но може и за тоа да се работи... Среќа имам залиха за до Септември .
Главно се е поскапено @mims-89 , ама ова ептен драстично. Останува да го земам од тука, се надевам ќе го најдам кај мене во град.
девојки имам прашање какво маслиново масло најмногу користите за потемнување и дали е поздраво тоа или кантарионот за кожата? имам проблем со неколку бемки на телото па несакам да има лоши последици
девојки ми треба помош, за неколку дена одам на одмор, имам бел тен и секогаш кога се сончам црвенеам, некој совет за потемнување ?
50ка фактор првите 2-3 дена, после намали го факторот на 20ка. Кога е посабо сонцето накај 5 саат земи нешто од оние кремите што се без фактор, а за интензивно потемнување, ама тоа одкако ќе фатиш малку боичка после 3тиот ден на пример. Прочитај погоре имам предожено за такви средства на Дебора и Каротен.
Не знам како ја задржувате бојата, јас ова лето воопшто не сум задоволна. Бев на море 8 дена, фатив убава боја, на крајот се мачкав со каротен гел меѓутоа бојата едвај една недела ми се задржа. Од каротен гелот во кутија што е не сум воопшто задоволна. Купачите ми ги уништи, а освен тоа и почнав да се лупам, што никогаш не ми се беше десило.
Ве молам кажете ми што е разликата меѓу овие ми ги препорачуваа ама неможам да се одлучам никако....како да видов дека во голд i sunsataions има плу светки а во портокалевиот обичниот нема...според вас кој е најдобар и што коментар имате да кажете ?
Го користев портокаловиот лани и не делуваше ете уште пола имам, мислам не вреди да го купуваш. Подобро маслото купи го поефикасно е.
Само вие мачкајте се со кантарион, маслиново масло и маргарин без заштита од UV. Природната селекција ќе си го направи своето.
Испив скоро цело шишенце бета бата каротен со 30 таблети.За 10-15дена ке одам на одмор.Дали може да почнам да пијам уште едно паковање ?
Вие што имате пиено бета каротен, освен убав тен, некои сајд ефектс? Јас почнав да пијам од вчера, на одмор одам од 17ти. Набавив блек ап ф-р 30 крем и млеко од 20, ќе набавам уште некое масло или нешто за побрзо потемнување и спремна сум.
Од зегин, 492 денари 100 капсули. Се пие една капсула на ден, пред одмор, за време на одмор и после одмор - е сега колку денови, ваљда од 15 до 30 дена максимум.