Нема врска, можеш слободно целото да ги испиеш околу 3 месеци ќе му дое, не е апче, витамин е, суплимент. Идеално е за летно време, кога кожата е изложена на сонце. И за нокти исто, помалку се кршат и се појаки. Ја тргнав по мерц ама купив бетакатотен од natural wealth, според мене многу бољи избор се. Само ме имаат исплашено некои коментари што ги читав на еден странски форум, не се пушело додека се пиеле овие, имало зголемени шанси за рак. Малце ми фуфка само заради тоа иначе топ се витаминиве, овој бренд според мене нема утка во квалитет. Најпаметно е да се пијат со јадење или после со цела чаша вода (200 милилитри)
Имам слушнато дека во текот на летото конзумација на моркови придонесувала кон добивање на поубав и поинтензивен тен иако немам пробано и не би можела од лично искуство да потврдам дали функционира. Ова лето го користев маслото за потемнување од каротен на сликата и добив прекрасен тен, подобар од било кога. Сега си купив и масло од Нивеа кое до сега не сум го користела и се надевам дека ќе има исто така добар резултат. Инаку мора внимателно со овие масла, првите денови додека кожата не потемни користејќи крема со фактор, овие никако не смеат да се нанесуваат затоа што се без фактор (иако некои имаат но затоа ефектот им е спослаб) и баш се наменети за интензивно потемнување при што може да дојде до големи изгореници.
Само да ви кажам дека кога се сунчате намачкајте си се со путер секој ден каква боја ќе си добиете не сте свесниии.. Ако сакате слики ќе ви пуштам од резултати
Какви путери и маргарини, не за џабе ги измислиле тие млека за сончање. Мора ама МОРА да се заштити кожата од штетните УВ зраци, макар и со низок фактор. Директно изложување на сонце без заштита не. После флеки,брчки на млади години..епа маргаринче. ^масло од лаванда и масло од морков се добитна комбинација за бронзен тен. Имаат низок спф, околу 6, па претходно мора да нанесете барем 20 фактор. Лавандата е посебно ефикасна.
Се согласувам со тебе тотално, но бев на одмор 7 дена, првите три со млеко за сончање со заштитен фактор се мачкав, и 4 дена со путер само. Ни изгореници,ни лупење
Јас кога се сончам, прво и основно ставам заштитен фактор ( и тоа првите 2-3 дена 50ка, а потоа наредните денови 30ка, 20ка). Е сега после секое мачкање со фактор, откако ке се упие ставам маслиново масло. Верувајте јас сум многу бела и многу тешко поцрнувам, но маслиновото масло многу помага. Исто така, кожатаа после тоа е толку мека... преубава.
Женски денес ја купив мармеладата од Афродита слушав многу пофалби за неа дали некој ја користел и како најдобро се користи?
Како крема, масло(маслиново) се нанесува на кожа и на сонце, убава боја се добива испробана ми е, но внимавај немој во најжешкото премногу да се изложуваш на сонце, 15-20мин најмногу
Jас го имам првото на Carroten, а изгледа не знам да го употребувам лани воопшто не поцрнев. Како го употребуваш правилно прво млеко со фактор па после ова ли за потрмнување? Моите нози се многу бели како вар за лето воопшто не ми изгледаат убаво и вените ми се познаваар сакам малку да потемнат, па дури планирам и на тараса да се сончам
@ludamaja10 Го напишав составот во темата за козметички декларации, ќе видиме што ќе каже Biodevojka. Јас само што ги купив и уште денес почнувам да ги пијам, па ќе видиме. Инаку, ги нарачав од Alfalab и ме чинеа 538 денари заедно со доставата. 35% попуст добив со вртење на среќното тркало на www.alfalab.mk Не знам колку е сигурна оваа страница, дали некој има нарачувано од тука? Некако чудно ми е паковањево од капсуливе, а и беше малку подотворено. Ако ги има некој капсулите, нека стави слика од кутивчето и од самата капсула. Еве слика од моиве како изгледаат:
Дали знае некој колку дена и како се пијат аплињата бета каротен? На одмор ке одам следната недела па дали треба да ги почнам уште сега? И ако знаете која цена се таблетите?
Не фрлајте џабе пари за Бронзан, врска немаат. Потемнувањето зависи од самата кожа и точка. Еве ја сум бела, имам дури и алергија од сонце, ги купив и тие и Бета каротен пиев и ништо, мислев ај полесно ќе фаќам боја нема многу да седам на сонце да не се исфрлам, врска нема.
Еве, јас после една недела секојдневно земање Bronzan да споделам свое искуство и мислење. Немојте да ги купувате! Откако почнав да ги пијам, секој ден имав дијареа и еве сеуште стомакот не можам целосно да си го смирам. Составот кој го пишува на амбалажата е примамлив и изгледа сосема природно и нималку штетно, ама се сомневам дека од витамини би имале проблеми од овој тип. Можеби содржат и некои хемикалии кои се добро „маскирани“. Конкретно за ефектот, не можам да кажам дека не беше видлив, бидејќи навистина имав убава боја, но откако престанав да ги пијам веднаш ја снема. На српски форуми прочитав и случаи каде што на девојки им се појавувале некакви кристалчиња во очите, па дури можело да настане делумно или целосно слепило. Исто така, луѓе пишуваа дека тенот им станал портокалов како морков и со месеци не можеле да го „извадат“. Доволно информации за да не се напијам ниедна капсула повеќе. Мој совет е да си ја негувате кожата со хидратантни лосиони за тело, пијте многу вода и заштитувајте ја од сонцето со соодветен заштитен фактор. Ако сакате побрзо да добиете убав тен, пред сончање мачкајте се со лосион за побрзо потемнување (јас го имам купено од AVON, ама сигурно има и од други фирми), почекајте 15-тина минути додека упие во кожата, а потоа ставете и заштитен фактор. Оставете го телото само природно да си излачи меланин, колку што е потребно. Капсулите и апчињата за самопотемнување можеби функционираат, но колкава цена навистина сакате да платите за да имате златен тен неколку месеци?
Нема врска алергијата, јас не се исфрлив од нив туку не влијаеа побрзо да фатам боја иако ги пиев. Алергија можеш да имаш и да се се исунчаш, ама овие ништо не влијаеа за тоа јас повеќе да се исунчам од друг пат кога не сум ги пиела. Што значи, поцрнувањето зависи од самиот пигмент. На пример другарка ми се мачка со 50ка фактор и црнее што за некој друг е незамисливо со 50ка да фати боја