jadete morkovcinja 10 dena pred odmor .. i maslinovo ulje nekoj PH zavreme na odmor,,, i ke bidete fini
Не се залетувам повеќе по темен тен по било која цена. Колку имаш меланин толку. Аристократски тен. Чувајте и негувајте си ја кожата.
Си купив масло за интензивно потемнување. Инаку,првите 2 дрна ќе се мачкам со фактор 30, па ова од блек ап , па последните 2 дена планитам со зејтин зошто читам има доста позитивни мислења. Ќе ви испратам слики пред и потоа
За кај брзате? Не да ви го расипвам филмот, ама да бевте азијати, ќе баравте начини за белење на кожата, овде барате начини за потемнување. Апсолутно небитно... според мене...
Со оглед на тоа какво е сонцето последниве неколку години, според мене е лудост некој да се пржи на сонце намачкан со масла, без никаков заштитен фактор, само и само за да фати боја. Порадо би се вратила бела од одмор, отколку да се ставам во ваков ризик.
Не дека некој ќе ме послуша, ама совет, најлошо нешто што можете да направите за себе е да се сончате. Сонцето не е шега. Јас веќе година ипол ставам секојдневно SPF на лицето, преку зима и лето, а кога ќе дојде време за кратки ракави и рацете ги мачкам секој ден. Не ми текнува веќе на потемнување, ау. Посебно не со масла, што ве пржат. Take care of yourself.
Нормално, и јас. Зборувам само што јас правам како превентива во секпјдневие, во споредба со луѓе кои одат на одмор и намерно лежат на сонце со масла, без или со минимални фактори итн.
Секојдневно го правам тоа затоа што работам на отворено место и пак фаќам боја. Мачкањето е само за заштита од изгореници колку и да не сакаш пак ќе фатиш.
Зависи од природниот тен на кожата, ако лачи повеќе меланин полесно се потемнува, светлите потешко фаќаат боја. Кремите и маслата за сончање помагаат за полесно потемнување, ја лично избегнувам сонце, повеќе штети отколку што помага.
Јас пред неколку години, дечишта, сакаме ептен да сме црни, ја бев зела на Каротен кремата во округла кутија портокалова и кога мачкаш црно е ама се размачкува, е сега купачите таа година сите ми ги уништи, сите беа со флеки и покрај тоа што веднаш од плажа ги перев, не се извадија флеките. Ама битно од одмор се вратив многу црна. Сега не знам дали ја има таа крема се уште, одамна не сум ја сретнала по маркетите.