Побарај по аптеки или во поголемите маркети, а има луѓе и дома си прават (го користат за мали повреди на кожата,масажа и сл)
И јас имам една другарка којашто последните денови од одморот наместо со креми за сончање се мачка со маслиново масло. И секогаш фаќа убава боичка. Но мене не ми е сигурно некако тоа, си останувам верна на кремите и маслата со заштитен фактор.
никако немој да ставаш првите денови, една пријателка минатото лето целата поизгоре од него, бидејќи кантарионот привлекува сонце, затоа е најдобро после4-5 ден да си ставаш кантарион откако веќе имаш добиено боја.
Има во Зегин таблетки со бета каротен, планирам да ги земам за ова лето, првенствно затоа што се добри за видот, а и затоа што помагаат за побрзо фаќање темен тен. Инаку за ова со кантарионовото масло, никако да го ставате првите денови, особено ако сте бели. Има ракови да се направите, зошто ова масло нема заштитен фактор. Обично по плажите продаваат домашно направени масла, неколку видови, сум ставала од тие и презадоволна сум. Се добива баш бронзен тен, а и кожата омекнува многу.
Уф јас оваа година ставив масло правено домашно од една пријателка на моите и боја... бронзен тен совршен. Ама од 12 дена последните 4 дена ставав, нема заштитетен фактор а и кога ќе се сончаш цврчкаш како масло во тава за пржење јајца
И јас лани во Црна Гора си купив од тие на плажата што продаваа, домашно правени масла и кантарионово и маслиново, и ореово земаве подоцна. Првите 4-5 дена се мачкав со млеко со висок заштитен фактор, со оглед на тоа дека имам светол тен по природа. Ама после тоа наредните десетина дена, си се мачкавме со овие маслата и баш фина боја добив, можам да кажам и подобро од очекуваното, бронзена боичка абе чоколадни бевме Мене мајка ми не ме препозна кога се симнав од автобус, нова облека дека фативме попуст во Подгорица во август, драстична промена на тенот и видно ослабена со оглед на тоа дека ништо не јадев, само пиев Ми остана уште малку од овие маслава, дефинитивно ќе ги дотрошам годинава. А знам пред неколку години, со другарките имаме купувано и обично маслиново масло од маркет и со таков се мачкавме
Лани имав добро искуство со маслото. Првите денови додека бев уште бела користев крема со заштитен фактор, а последните 3-4 дена се мачкав со кантарионово масло. Поцрнев толку многу, како никогаш во живот, и самата си се чудев. И тоа добив преубав бронзен тен, баш како што сакав.
Ако природно имате пигмент, лесно потемнувате, нормално немате гајле и со фактор 10-15 можете лесно да постигнете убав тен. За останатите (во кои спаѓам и јас) бела, брзо се зацрвенувам и слабо потемнувам, фактор 30-50. Со сонцево нема зезање, сите гледате и слушате. ДНК на кожата меморира оштетување долги години и еден ден недајбоже искача од контрола... Какви маргарини какви глупости. Постојат уља со помал фактор за понапредно сончање и брзо потемнување. Мој совет-никако без фактор, а кој како си сака. Убаво изгледа темен тен, ама здравјето ми е поважно. Па кога ќе вратам од одмор кога ќе кажат- ич не си поцрнела, како ме нервираат, божем само за поцрнување се оди на одмор. Што се однесува до бета-каротен, освен како суплемент(таблетки кои се екстракт од морков или некои алги и доколку се земаат во пропишана доза не се штетни), го има во морков најмногу, но и во лубеница, кајсија, брокула, домат. За да ја подготви кожата за сончање треба да се внесува неколку недели во дневна доза од 30мг. Јас ги користам, не тоа не ме опушта се се сончам без фактор.
По природа имам многу бел тен,кожава ми е како проѕирна се додека не се појавам на сонце!Откако одам на сончане,дали на базен или па заминувам на одмор,плививам и останувам во вода некаде околу 2 часа,после тоа излегувам и не ја бришам водата од телото оставам да се суши на мене,така потемнувам уште првиот ден,за 2 до 3 ден сум црна како 0 дена да сум се сончала постојано,али мислам дека тоа зависи и од пигментите кои ги има во нашата кожа кај сите се различни,некои ги имаат а некои не,на пример мајка ми само црвенее а не потемнува.Од страна на млека на масла на лусиони ретко користам,освен после туширање се мачкам со млеко за тело обично што го користам секојдневно и тоа е!! ДОКОЛКУ НЕКОЈ САКА МНОГУ АМА БАШ МНОГУ ДА ПОТЕМНИ 2 ДЕНА ОС СВОЈОТ ОДМОР НЕКА ПОСВЕТИ ВЕМЕ НА НЕКОЈА ПЛАЖА КАЈ ШТО НЕМА БАШ МНОГУ ЛУЃЕ ИЛИ ПАК КАЈ ШТО НЕМА ВООПШТО ДВИЖЕНИЕ!нЕКА ЗЕМИ МАЛКУ НАФТА,НЕКА ГО ИЗВАЧКА СВОЕТО ТЕЛО И НЕКА СЕ ИСПРУЖИ НА СОНЦЕТО!еФЕКТОТ Е ВИДЛИВ ПО САМО НЕКОЛКУ ЧАСА И ИСТО ТАКА Е ПРОВЕРЕНО И ЗАГАРАНТИРАНО.НАФТАТА КЕ МИРИСА КРАТКО ТРАЈНО ОКОЛУ ЕДЕН ЧАС И ПОСЛЕ ТАКВО СОНЧАЊЕ ПОТРЕБНО Е ТОПЛА КАДА СО МИРИЗЛИВА ВОДИЧКА ИЛИ ПАК НЕКОЈА КУПКА!
Девојко се шегуваш или што??? Нафта бе! Недај боже цигара да запалиш дур се сончаш Не експериментирајте многу, многу, си има сега препарати еден куп за сончање, да не испадне од играчка-плачка. Да беше работава за маргарини, нафта и слично, сите ќе се мачкаа со тоа!
Кам он бејби лајт мај фајр смајли што чади - нафта и малку запалливи материи во близина и изгоретини од трет степен и нус производ бесплатна афро-фризура. Навистина најбрзо се црнее на овој начин, .
Со нафта, еј, нафта. Инаку, гледам ги коментирате бета каротин таблетите. Ееее, братучед ми ги пиеше тие кога дојдоа на одмор во Македонија, за повеќе да поцрнел. Кога ќе се сетам каков стана, се превртувам од стол под стол. Како да се тркалал во гмечен доритос, да се намачкал со кечап и како да му пукнала бомба во лицето. Косата му е светло руса, има природно посветол тен и мислам дека не потемна, не не.. стана ПОРТОКАЛОВ! Леле, па и уверен беше дека е потемнет, а сите му викавме дека е ПОПОРТОКАЛОВЕН. Му викам, абе има разлика од убав тен и од тоа да изгледаш вака... Ама тој, не и не, испи 2-3 дози. Апчињата што тој ги пиеше не се од Македонија, си ги донесе со него. Дали тој претеруваше, дали тие посилни... Појма немам. Знам дека беше многу смешно, косата дури му стануваше кафенушкаво портокалова.
Ако се предозира бета-каротинот кожата обавезно станува портокалова, дури (ова од еден медицински сајт), го зголемува ризикот од карцином на бели дробови. Затоа внимателно! А за нафтава читам и неможам да поверува.
Бета каротинот е во морковите и портокалите најприсутен и прочитав како големи дози ја обојуваат кожата во портокалово - тоа се нарекувало ксантоза. Темава да се преименува во како да се обоите во различни бои по природен пат, гледам има доста креативност кај народов, треба да се споделуваат вакви искуства .
Апсолутно секаде, во билокоја аптека ако влезеш - ќе го најдеш Абе финти има. Ама, немаат сите тип на кожа за тоа. Така да со кантарионовото масло внимавајте да не изгорите. Јас знам кој ми е лимитот, и до таму ќе си ги испружам нозете. Нема да дозволам не дај Боже да си закачам некоја болест, во име на тоа да изгледам ко на Seal помладата сестра. Се мачкате со крема за сончање. И постојано ги прскате нозете, стомакот, што и да е со вода. Втор или трет ден мачкајте се повремено со кантарионово уље евентуално со уље за сончање, многу е добро уљето од ореви исто плус добро мириса
Ги пиев овие, ама првенствено заради кожата на лицето, кога едно време можев да му парирам на лицето на бесно тинејџерче во мозолска рошавост. Се чисти кожата навистина, заради витаминот Е, и помазна и посјајна за нијанса, ама вака за потемнување мислам дека немаат некоја особена функција.