Околу 210 ден. Имаа порано акција, 1+1 гратис што е навистина исплатливо, ама и вака не се скапи премногу.
Тука некаде се со цената, околу 200 ден. Знам дека се пие по 1 на ден, и дека ја штитат кожата од УВ зраци, помагаат полесно да се фати боја и да се зачува подолго време. Вака прималиво звучи па ќе видиме
Мене мајка ми ми даваше маслиново уље да се мачкам за побрзо потемнување на плажа, ама тоа после неколку дена ко ќе фатев веќе боја. А ми се чини дека имам слушнато дека и да го пиеш делувало
Девојки овие бета каротен таблетите така се викаат? Како да ги побарам во аптека, кој ги произведува? И цената отприлика која е? Спојлер Малце sе глупави прашањaвa, знам , ама срамежлива сум по природа па да не ризикувам да се изглупирам И јас имам позитивно искуство со кантарионот, навистина помага да се добие потемна боја (барем кај мене има таков ефект).
најбрзо со кантарион домашно направен али предупредувам нема убав мирис но затоа се потемнува многу, и препорачливо е да се користи последните неколку дена бидејќи нормално нема заштитен фактор едит :еве рецепт 4 големи лаж.нерасцутени кантарионови цветови(пупки),1 л маслиново масло.се става во стаклена амбалажа и се остава да стои на сонце околу 6-7 недели
Хахаха, уште смеа ме фаќа за нафтата Моја препорака, првите 4 дена користете млеко за тело со фактор 30 ако сте на езеро, и млеко за тело со фактор 50 ако сте на море, зошто на море се гори побрзо. После 4-тиот ден користете од Carroten Shimmer tanning gel, неверојатен е а и дава некој секси изглед, онака на плажа со златни светки .. убаво мириса , има мирис на кокос, јас го користам секогаш кога одам на одмор и стварно е закон. Е сеа, ако имате бели купаќи.. малку потешко се вади флеката со рачно перење, али во машина за перење се вади секако...
Девојки имам едно прашање. Колку пати отприлика треба да се оди на солариум за да се потемни? Мислам на убав, бронзен тен, не многу темен, да не изгледа вештачки.
Јас бев за матурава едно 7 8 пати али некако не поцрнев, не знам што беше проблемот! И тоа бев во убави солариуми, изгледа нешто не е ок, Значи зависи од кожата, почни да одиш па самата ќе знаеш отприлика колку ќе ти биде доволно, не можеш да кажеш вака сигурно
Јас од тие што ги знам што биле на солариум за матурата,исто така значи максимум до 10 пати,никоја од нив не беше она впечатливо поцрнета,дури помалце боја што се фаќа од на одмор...Впечаток ОГРОМЕН,значи она стварно темна боја,ми остави една школска,ама таа не беше во солариум ,туку на онакво прскање ...не знам како се вика,знаете на што мислам
Јас лесно фаќам боја на одмор, после неколку дена сончање, ама природно имам блед тен, и брзо ми се губи бојата. Па незнам дали ќе има некаков ефект пред одмор да одам на солариум, за бојата да ми трае подолго. И многу се двоумам, да не одам за џабе ако нема ефект.
^^ секако дека ќе има ефект,само не ОГРОМЕН еве види ја разликата измеѓу солариум и тоа со прскање што ти велам ,па можеби тебе повеќе ти одговара посветлиот тен Linn1 Мислам дека од пред 1 месец пред да одиш на одмор... Така имаше напишано некоја од феминките
Според мене , најдобро е маслото од кантарион, го има во сите аптеки и не е скапо , а може и хоум мејд ,исто ти е Само,се користи на малку потемнета кожа,во спротивно може да се добијат несаканите црвенила или не дај Боже ,меурчиња . Благодарение на овој рецепт ,секое лето имам привлечен чоколаден тен,Па пробајте,единствената маана му е што малку тешко мириса,особено на тие жештини