Каков маргарин, маргаринот си има своја намена во кујна. Не си играј играчки, може алергија да добиеш или меури да ти се направат. Ќе си ставаш млеко првите 4 дена потоа мачкај се со масло за темнеење, и тоа со некој фактор затоа што сонцево воопшто не чини. Штитете се луѓе, не си го фрлајте здравјето само за да изгледате поцрни. Поздрав
Јас топло би ги препорачала производите на Каротен ( http://www.sarantis.gr/en/product.asp?productsID=12 ) од досегашното искуство и асортиманот што го нудат, а посебно млеката и спрејовите за потемнување. Оваа година си пијам и бета каротен и очекувам да имам најдобри резултати до сега
Колку чини маслото од кантарион во аптеките? Јас имам многу бел тен, и сега сакам да потемнам ама не и да поцрнам, обично не горам* на сонце туку потемнувам со тек на време, ама сакам да добијам некоја карамел боја. Совет?
јас се мачкам со едно маслиново масло (со некакви специјални други екстракти) и баш су мзадоволна 2/3 дена и одма тен 3 нијанси потемен од мојот и така си го користам цело лето и бојата си ми стои до ноември
Другарки мои се мачкаа со најобичен путер за јадење и навистина многу поцрнеа. Јас си викав може лесно црнеат, па затоа, но ставив и јас на нозете за да пробам и навистина ми беа поцрни од остатокот од телото. Само малку е непрактично бидејќи цела кожа е мрсна, ама дефинитивно помага. Инаку јас многу лесно црнеам и немам проблеми со горење на кожата, освен на носот - секогаш горам таму и морам да се мачкам на секој половина час со Блек ап (фактор 15 користам).
Ај да ви кажам и јас еден начин за црнеење. Можда го има ова пишано поназад, ама немам толку време да ја чешлам цела тема. Ајм сори. Намачкајте се со кока кола. Помага 100%. Една моја познаничка била во Грција и на плажа кутрата не можела да потемне. И не знам како, што, зошто, некој морнар и рекол да се мачка со кока кола. Јесте дека било непријатно, чешало по малце и све остало, ама исончана е, и тоа солидно. Јас ова го немам пробано на мене, немам потреба,темнеам многу брзо, а уште и кока кола да ставам на мене...
Прочитав дека со маргарин имало големи ефекти,и ништо не ме кошташе да понесам лани 1 кристал на одмор. Го исеков на парчиња и го ставив во шише од сок. Првите 5 дена се мачкав со заштитен фактор,а и изгорев на некои места(а никогаш не сум изгорела,ама овојпат мн избрзав и малце се мачкав). По 5от ден се мачкав само со маргаринот,и уште првиот ден,само што ставив на нозете во рок од 15 мин се приметуваше разлика на темнеење.Годинава апсолутно не тргам без кристал Лошо е што е мрсна кожата и неможеш се да облечеш за од плажа до хотел/соба,искучиво пешкир,иако после сончање ке влезеш во вода,сепак кожата е пак мрсна.Препорачувам маргарин,не се покажа штетно нит кај мене,нит кај пријателите што пробаа,само зависи сепак од типот на кожа.
Сериозно ова Има многу други начини да се потемни по природен пат и наместо со маргарин да се мачкаш купи си Бекутан или Џонсон масло исто така кантарионовото масло е многу ефикасно, само немој да го користиш првите неколку дена. Прво користи крема со спф и малку потемни па после маслото. Не е убаво за кожата да се изложува одеднаш на големо ултравиолетово зрачење, плус си заработуваш и предвремено стареење и не дај боже рак.
каков маргарин бе не сте нормални со заститен фактор се гори а не па со маргарин ке се спрзиз,сонцето никад не било постетно само усте маргарин фали
Значи ова лето, маргаринот и маслиновото масло под мишка и правец на плажа. И успут лепче и салатка, да си ставиме на душичката де Дефинитивно ова лето ке пробам со маргарин. Ке го ставам во старо шише од млеко за сончање и ке го ставам на сонце да се стопи. Никој нема да знае дека се мачкам со маргарин. јееј :evil: Освен ако не ме лижне
Луѓе и јас лани користев за одмор маргарин кристал и навистина резултатот беше само што првите неколку пати ставав крема со заштитен фактор,истото планирам да го користам и оваа летоо
леле ...немојте да се зезате со маргарини со масла.....послебно оние цуствителните...ефектите од сонцето може да ги осетите и покасно!! фотостареење на кожата е најлошо нешто....за неколку години после такво сончање со маргарини со масла кожата може да ви стане ко баба !!! си постојат масла за интензивно потемнување еве сега најновото на алкалоид блек ап на пример и мнооогу други што специјално се направени за таа намена и се користат последните 2 3 дена од одмор .