а на интернет пишува дека тие не се добри и предизвикуваат предвремно стареење, додека природните масла се подобри и побезбедни, ај сеа.
Па девојки за брзо потемнување по природен пат можете да искористите кантарионо масло и путер. Барем само толку знам позз
Да со кантариново масло најдобро се поцрнува и се добива убаво боја но подобри резултати дава маслото кое е направено(домашно приготвено)отколку готовите масла-Проверено
И јас многу сакам убав темен ( чоколаден ) тен, ама бидејќи природно имам многу бел ден често црвенеам, ретко темнеам. Минатото лето се мачкав со маслиново масло, добив некоја си боја ама не како што јас сакав (дали зашто па и не седев нешто претерано на сонце, страв ми беше бидејќи пак преминатата година добив сончаница), па така оваа година си направив кантарионово масло дома, го ставив пред недела ипол на сонце, ја смени бојата што мислам добар знак е тоа . Па може ќе ми успее годинава да имам убав секси чоколаден тен. Само некако тешко ми мириса воа маслово од кантарион, ја отворив теглата баш да мириснам, ама дали зашто беше топло од што стоело на сонце кој знае...Ќе смета ли да ставам некое етрично масло?
Јас вчера купив на галафарм, 83 денари беше-50 мл. Иначе планирам за одмор маслиново да си купам, поефтино е
Овие маслата што ги спомнувате, кантарионово, маслиново посебно се наменетеи за сончање или се истите масла во мали стаклени шишенца околу 100 ден шо се?
Не се намети само за сончање,добри се за лечење на рани а се става и послем исончана кожа за дане ти пржи ама да не излегваш на сонце инаку денес за прв пат употребив и навистина мн брзо се добива боја,инаку најдобро е домашно направено кантарионово масло....
Побрзо да се поцрне по природен пат и баш неможе, но сепак колку побрзо ќе поцрнеш зависи од пигментот кој го имаш. Најдобро е да не ја форсираш кожата со изложување на сонце, бидејќи можеби ќе поцрнеш привремено но после сета таа боја ќе опадне и ќе се излупи. Затоа најдобар начин на сончање и најтраен е побавниот. Ќе си се мачкаш со заштитни фактори, кои ќе спречат да се појави она црвенилото и како што минуваат деновите факторот ќе го намалуваш, додека во попладневите часови ќе се мачкаш со уље и ќе си добиеш супер тен. Сега колку темен тен ќе добиеш пак ќе напоменам, зависи од пигментот. Оние кои сме си побели можеме комотно само да сонуваме за оној потемниот тен, и да си го прифатиме тоа како што си е, отколку да си се залажуваме дека ако поминеме повеќе време на сонце повеќе ќе поцрниме. Си зборувам од искуство бидејќи неколку години по ред јас така си се залажував и не добив ништо повеќе од изгореници.
Ахахахаххахаа НАФТА! Ова категорично НЕ! Инаку, јас сум double малер!! Не е доволно тоа што сум креч бела, туку и алергична сум на креми и такви ствари А навистина сакам да поцрнам За кантарионот имам слушнато дека помагал, и сакам да пробам така, ама па што да правам првата недела? И онака тешко потемнувам, скоро ич, не ми треба да изгорам дополнително...Ах маки
Дали знаете колку пари е да купам масло од кантарион во аптеките? И дали маслото од кантарион е поефикасно од маслиновото?
Марагарин Кристал можеби смешно ама јас лани летото како црнец се сторив ..и плус една докторка ми рече за ова маргаринот дека факаш боја пробав и убава боја се добива
Jaс најмногу имам поцрнето кога се мачкав со путер...ама претходно малку исончана кожата , никако од првиот ден...Одлична боја се добива...
леле ......... а со тоа путерите и маргарините која зачтита ја има никаква ...леле нели ви е став бе луге ..леле
Пијам и бета каротен таблети и си го купив маслово за брзо и интензивно потемнување.Ќе се мачкам со него последните денови.
не мене докторка ми рече да користам..тааа користела маргарин..све е добро кај,не поцрвенуваш,а едниствено е тоа што многу мирисат,корнит