јас пробав и со кантарионово масло и со маргарин и успеав само да изгорам ништо друго !!! плус колку грдо ми изгледаше кожата коа почна да се лупи затоа мислам дека е најдобро само со креми за сончање најпрво со повисок фактор а потоа со памал спф ако ништо др бар нема да игорам
Мене девојката која работеше во аптека ми ги препорача Aloe Vera Solar Helioderm капсулите, да ги консумирам неколку недели пред да одам на одмор, односно пред изложеност на сонце. Јас побарав бета каротен но ми рече дека овие биле подобри. Прочитав на пакувањето дека во нив има и плус некои други витамини кои биле добри за косата и кожата. Имате ли консумирано вакви капсули, имаат ли некакви ефекти?
Девојки има креми сомеланин за побрзо темнеење,јас имам на Дебора таква крема и задоволна сум потемнев мојава е и за пред и за после сончање,и содржи некои состојки од крушки и кокос мислам. Но нема заштитен фактор,прво сончање со заштитен фактор,па со оваа јас така правев и си потемнев без да изгорам и сл.и на крај ќе ставам масло на Каротен и ќе бидам ТОП Кремата ја купив 380 денари,поздрав.
Јас сум многу бела и обично секогаш сум црвена нема шанси да поцрнам и многу се нервирав. Оваа година бевме во јуни на одмор и една недела пред да одиме јадев моркови ама онака (значи еден ден јадев еден морков, еден ден кило а се случи и да не јадам два дена така да нема мерка колку и како) и за време на одморот исто така јадев и да ви кажав поцрнев Мајка ми кога ме виде не можеше да верува дека поцрнев
Рецепт на другарка ми за побрзо темнеење: -легнуваш на плажа се соблекуваш, изложувајќи ја на сонце предната страна од телото -се потуриваш со маслиново масло измешано со кантарионово, да светиш дури од спротивната стана на езеро да те гледаат. -седиш на таа страна свртена 1 и пол час, а потоа ја менуваш положбата, т.е. го сончаш задниот дел. --- Препорака: -добро е да си имаш купено кисело млеко, ќе ти затреба за кога ќе се вратиш од плажа. Резултати: -се враќаш дома среќна дека си поцрнела, се додека не се пикниш под туш и ќе сфатиш дека си поцрвена и од ракот од цртаниот Малата сирена. -сфаќаш дека киселото млеко со кое се мачкаш непара ти делува -легнуваш на кревет и се те боли. не можеш да го држиш телото допрено до некој предмет. офкаш и стенкаш. -по некој ден се чувствуваш како морков при лупење. Поука: Знам дека сите сакаме да изгледаме како потемнети риби, но ако рибата се спржне не е веќе риба. Толку.
Имам супер тен , не сум бела и многу малку ми треба за да добијат чоколадна боја. Досега имам само еднаш изгорено и никогаш повеќе. Секогаш на почетокот од одморот користам блек ап- 30 а последните неколку дена масло на блек ап со 6ка фактор. Имам другарка која е многу бела, таа пред да излезе на сонце оди неколку пати на солариум и е многу задоволна, а пред тоа и се појавуваа само црвенила и на крај ќе се излупеше.
листајќи убавина и здравје наидов на ова млеко за забрзано потемнување 2 во 1 пред и по сончање а има и заштитен фактор 4 е сеа пошо е понизок факторот би требало да се забрза постигнувањето на бронзен тен еве како изгледа а го најдов на оваа страна http://www.cosmetic.com.hr/index.php?pa ... Itemid=123 има малку подетално ако е некој заинтересиран, а цената му е 549 ден е сеа незз кај е оваа цена, можеби низ маркетиве или парфимерииве е поевтино некаде
Јас користам масло од кантарион или маслиново масло! Добивам добри резултати иако не сакам премногу да се изложувам на сонце!
Среда одам на одмор 10 дена па сакам убав чоколаден тен ... сакам да се мачкам првите нколку дена со млеко а потоа со маслиново масло кажуваат многу дека се фаќало убава боја...вие што ме учите да правам така има некоја испробано ?
имаа споменато да се пијат капсули бета каротен но научниците се согласуваат дека подобро е оваа материја да се внесува преку исхраната особено по откритието на финските научници дека бета каротенот во форма на суплемент го зголемува ризикот од канцер на бели дробови кај пушачите, затоа тие би требало да го елиминираат, зголемете го внесувањето на бета каротенот на природен начин со консумирање жолто и портокалово овошје и зеленчук, ( морков тиква диња манго и кајсии но и зелениот листест зеленчук е исто така богат со антиоксиданси па затоа јадете кељ, спанак брокули и зелена салата и важно е да се знае дека морковот варен на пареа ја подобрува способноста на организмот да ги искористи каротеноидите ).
Дали кога користите некое масло (безразлика дали е маслиново или кантарион) плус се мачкате и со крема со фактор?
Ова лето бев 2 пати на одмор. Првиот пат си носев 2 шишенца со кантарионово масло, едното домашно, Спојлер само што беше правено од кантарион и обично масло, а јас му додадов отпосле и маслиново и едно купив од аптека. Првите 2-3 дена се мачкав со СПФ 30 и потемнав ептен малце, речиси незаприметливо. Потоа ставав од кантарионовото масло од аптека,зошто мислев дека повеќе ќе делува од домашното ама скоро никакви резултати немаше . И така последниот ден се изнервирав зошто бев само малку потемната, и си се намачкав со домашното кантарионово масло, и си крцкав на педалинка еден час . Потоа си се намачкав со павловиќева маст и се посунчав и со неа уште малце. Во моментот немаше никакви видливи резултати ама следниот ден се вратив дома како ракче и не знаев на која страна да спијам од што бев изгорена, па уште ко далматинец сум на грбот со флеки од сонцето . Вториот пат решив да пробам со маргарин зошто читав тука дека се потемнувало, и искрено да ви кажам претходните 8 дена на одмор не потемнав ни приближно толку колку што потемнав со маргаринот во најмногу еден час, се запрепастив кога се видов, закон . Само што, си добив еден убод од оса на стомакот, и се бендисал маргаринот.
Моркови. Да, се поцрнува од бета каротен таблети, кој претера на здравје нека му е, ама сите тие апчиња шо помагаат за што и да е, магично си ја завршуваат работата, и расипуваат десет други работи во организмот. Бета каротен како суплемент не се препорачува, поарно по 2 моркова на ден.
Маргарин дефинитивно, за еден ден не можев да се препознаам (а инаку црнеам, полека, постепено и не толку многу).
Како со маргарин? Претходно треба да се намачкаш или...? Или да ваѓам маргарин Кристал на плажа и додека сите се мачкаат со креми јас да се мачкам со маргарин? :geek:
Хаха.. може звучи смешно, ама на плажа многу девојки извадија кутија маргарини и се мачкаа, немаа гајле Јас се мачкав со малечки пакувања - оние што ги даваат во хотелите за доручек, а не го топам, сам се топи дур стигнам на плажа Првите денови се мачкав со кремине со фактор што се, ама откако имав подлога - само маргаринче п.с.Не верував кога слушнав, ама се докажа на дело