Маргарин ли? Искрено не ми верува но ако е докажано годинава морам да пробам.. Ништо нема да ме чини, можам само да добијам боја А само маргарин ли да ставам, или може комбинација со крема?
ој совет,многу корисен лесен и прави задоволство.Верувувајте ми од празно печење и прење на на сонце боја таква убава не се добива.Ќе си отидеш фино лепо од сабајле на плажа,додека е рано може да се посончаш малце,после додека е ептен жешко ќе си се бањаш и нема да се трудиш на тие горештини да лежиш на плажата тоа моше и в вода да се направи.А и подобра боја се добива.Испробано и делува.Само вода му е мајката.Ем задоволство без да се печеш и гориш нна плажа ем нема многу жешко да ти биде и позбавно е во вода.Јас од вода не излегувам и најцрна си се враќам дома од одмор.Некои тешко ме препознаваат хД
^^ Можеби полесно фаќаш боја, во вода точно најлесно се фаќа боја, ама лицето вратот, рамениците. А што е со нозете? Јас памтам како помала се враќав од одмор до половината бела нагоре црна Освен ако не лежиш на душек, ама и тоа му доаѓа како печење Инаку точно ова дека најубава боја се фаќа сабајле и попладне, затоа што сонцето не е толку силно и не гориш, па бојата си останува на тебе. Јас лично се препекувам, а зошто поим немам, кога и онака поубава сум си бела И дефинитивно најефикасно е лежење на душек во вода, или покрај водата на обалата само тешко кој издржува тоа во 2 попладне. Обично околу 11-12 се печам покрај обала, после чат пат на лежалка/пешкир по 10тина минути па под чадор одма. А попладне обично во вода или на песок одобојка, тенис нешто значи не се пазам ич. И се мачкам во тенки слоеви само сабајле и тоа само на деловите кај што горам, за мене тоа се рамениците и долниот дел на грбот. Другите делови ги мачкам ептен првите 2-3 дена. И затоа после не можам да си ги свиткам нозете од болки
Ако ставаш маргарин, гледај барем основа да имаш. Инаку, ќе изгориш како рак, а од боја ни Б нема да видиш. Најдобро е на почетокот да ставаш крема, а потоа да продложиш во комбинација со маргарин, зошто кожата мора да биде заштитена.
Тенот дефинитивно подолго трае ако јадите моркови... Ама јас немам таква навика, не ми се бендисва вкусот баш
Една моја другарка се намачка еднаш со маргарин,и поцрвене ептен многу Затоа прво со креми па после со маргарин..
Кога бев на одмор со друштво девојчињата со зејтин и кристал маргарин се мачкаа За тоа пред сончање велат дека е најдобро ако имаш темен тен, инаку ќе бидеш ракче.
Јас лани пробав со масло за сончање и беше онака нормално потемнување, потоа пробав и маргарин кристал , само ми се вцрви кожата , инаку немам многу светол тен онака среден , првиот ден секогаш црвенеам, потоа постепено потемнувам , моите другарки минатата година ставале coca-cola и викат дека има многу ефект за црнеење , сега ќе пробам и јас
Margarin? samo za onie koi sto imaat prirodno potemen ten, ama pred toa da se veke soncani, a za onie kako mene so svetol ten margarinot nikako ne pomaga, jas ednas staviv margarin od silna zelba da potemnam sto pobrzo, i dobiv samo golemi crveni meuri polni so voda, maka vidov golema i den denes imam pegi i fleki od toa. taka da vnimavajte, jas ne go preporacuvam.
Маргарин Знаете ли воопшто што е марагаринот? Прочитајте малце на нет, храна за мисирки! Да храна за птици за да се дебелеат и да имаат повеќе месо, а при тоа само еден молекул му се разликува од молекулот на пластиката. Плус на вакво штетно сонце кога секој втор има алергија од сонце во најмала рака уште без фактор покрај море/езеро е лудило. И јас се сончам при тоа знаејќи дека не вреди тој ризик, ама уште да се мачкам со нешто толку штетно за плус боичка е лудило. Поради алергиите се мислам дали годинава да пијам бета каротен како некоја припрема за кожата, ама прво ќе се консултирам со лекар, не сакам да испаднам помаранџеста.
Само кантарија, и тоа домашна. Досега 3-4 пати сум бидена на плажа и веќе имам така добра подлога, со 1 сат сончање на секое плажирање. Да напоменам дека не сум ич изгорена, баш напротив, еден ден не се намачкав со ништо и тогаш се направив ко ракче, иначе гајле си немам. Не ставам ни подлога пред кантаријата мада знам дека треба, колку толку некоја заштита да имам. Планирам да испробам и така па ќе кажам резултати.
Не одам никаде на одмор,али планирам да си се сунчам на тараса секој ден од 5 до кај 6ипол,значи не у најголемте жештини...и сега можам ли да си ставам директно маргарин,или подлога сепак треба? (иначе немам бел тен,така средина ми е).
^ Прочитај ги моите мислења на темава неколку страници наназад и се ќе ти биде јасно. Не можам да сфатам со кој памет си ја горите кожата со маргарин така ношалантно?!
Лани кога бев на одмор откако добив малку боја после 5-6 дена сончање, се намачкав со маслиново масло и бојата ми беше прекрасна..
Девојки јас сум многу бела и секогаш горев, како ракче се вракав. Лани прочитав дека е добро да се јадат моркови за убаво да поцрниш. Најпрво мислев дека е глупост но ајде да пробам. Едно десетина дена пред да одиме на одмор јадев рендани моркови со оцетче, само излупени, дневно по два три некогаш повеке некогаш и еден и додека бевме на одмор јадев и добив супер боја. Секако се мачкав и со заштитни креми. Пробајте здраво е.