Како да се преживее во време на криза

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од efrosinija, 23 ноември 2016.

  1. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Како да се истурка месецот? Да си помогнеме со практични совети...На што најмногу штедите во кризен период?
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.643
    Допаѓања:
    49.288
    Пол:
    Женски
    Немаше веќе ваква тема пред некое време? :?:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.734
    Пол:
    Машки
    Hustling.

    Najvekje se shtedi ako ne zhiveesh. > HIBERNACIJA.
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Зависи од примањата кои ги има личноста.

    Вака сега конкретно за мене ќе напишам.

    Јас запишувам секој месец,колку примам на сметка. Ако меѓувреме пак добијам и тие ги запишувам значи активно за се евиденција.

    Од старт одделувам да купам при првото пазарење
    трошам 1000 за ќерками ,
    1000за мене,
    500 ако одиме негде да јадиме ,купувам тоа што ми е потребно за дома, од намирници,плаќам сметки.
    И за месецот зависи колку недели паѓа одделувам по 3000 денари на недела.
    Пример 1 недела 3.
    2 /-/-/- 3.
    И така до крај на месец ,значи може денес ќе ми текне нешто да купам јас одам и земам од тие за таа недела ,од другата не ги фаќам не ни ги чепкам, ама се расфрлам со тие што ми се за оваа недела јас знам дека за следната имам одделено ако нешто остани вишок од оваа недела си ги ставам во парите кај лебот, се ми стое ситно по 10,50,100 еве јавно си се кажувам :D
    За леб имам ситни одделени за цел месец и од тој предел на новчаникот не вадам бидејќи само тие си се за леб, ако евентуално снемам недајбоже барем знам дека за леб ќе имам,а за дрнграшки од друго место одделени трошам за по кафиња слаткарници, е сега да не должам многу ,значи ако сакаш да поминиш криза , треба да си водиш евиденција , и да не запишуваш битно е да знаеш да поминиш за да ти стасаат, на храна да се штеди зависи , немора секој ден скари да се јадат :D
    Може да се помини ручек и со неколку сварени пиперки суви и компир и ете пиперки толчени, па некоја манџа итн....
    Само памет во глава треба и размислување за да се снајди човек за да има а не да се расфрла и за кога ќе се сврти ќе види дека сеуште не е дојден ни 10тти а АШ (facepalm) Пари нема се се потрошило :D
     
    На marchi-cool, efrosinija, Vicorial и 17 други им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.462
    Пол:
    Женски
    Како да се преживее со ваков НИКАКОВ стандард:?::(
    СТАНАВ ЕВТИНА ЖЕНСКА:emo:

    На работа одам со точак, парфеми само на точење(најефтино), исфрлив скапа шминка, скапи креми, скапи хулахопки(повеќе сум во фармерки, панталони), сама се фарбам(или пријателка), намалено луксузирање, шетање, излегување,:?:....и еве ме, жива сум сеуште, незнам ни јас како:rofl:
     
    На Anna-Banana, Пале 345, efrosinija и 22 други им се допаѓа ова.
  6. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    5.352
    Пол:
    Женски
    Ne sum pametna da dadam sovet.Mnogu tesho.Ednostavno nevozmozhno.
     
    На Nalayan и Summerlover им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.435
    Скрати се што е непотребно. Не троши на работи кои не се потребни. Така прави се додека не дојдат подобри времиња. Цени го секој денар во маркет кога пазаруваш. Ако пушиш намали со цигарите или откажи ги скроз. Ем ќе спасиш пари ем здравје.
     
    На efrosinija, Outlook и Petar80 им се допаѓа ова.
  8. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.247
    Пол:
    Машки
    Тешко прашање е ова. Сериозно. Да не заборавиме каде живееме и колку ни се можностите овде во чудеснава земја наша. Едноставно не е можно да заштедиш некој денар на страна за оние фамозни „црни денови“ кои земаат голем замав, за жал.
    Во секое семејство да има по еден вработен и тој член да зима плата од 200 евра и од овие пари да платиш сметки, интернет, телевизија што пари ќе ти останат? А, за јадење од каде? Минимум 2000-3000 ти требаат за да купиш храна во маркет. Барем ние толку трошиме. Плус, повеќето од нас живееме со кредити и сакал или не мораш да си платиш рата во банка.
    Тежок е животот овде, многу тежок.

    Како да се преживее, не знам. Не сум многу паметен да дадам одговор на ова прашање. Едноставно, не знам, како што спомнаа погоре ако пушите цигари тогаш намалете или целосно откажете ги. Не мора да трошите пари на скапа козметика и облека. Други идеи немам. Е, заборавив и ова. Сите ситни пари што ви се „вртат“ во новчаник собирајте ги во едно шише или каса и така ќе си имате заштеда. Можеби нема да биде многу, ама ќе се истера некој ден.
     
    На LivingGlam, 1209, muchacha_a и 4 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.990
    Допаѓања:
    281.953
    Ke se ogranicite na osnovnoto.
    Ne se potresuvajte i nemojte da se sramite.Cesto ne priznavaat kolku tesko go pominuvaat mesecot lugjeto.
    Da davam sovet-nemozam..so dve drzavni plati ne e isto so privaten sektor.
    Lesno e da mudruvas taka.
    No...vo zivotov sum rabotela vo kolonijal i vo dukjan za cevli pa znam kako e.
    Prv cekor e da se platat reziski trosoci.
    Pa sto ke ostane da se deli na cetiri nedeli.
    Pa i skromno neka bide,ama cist neka si so drzavata.
    Doma ke se gotvi..doma ke se jade i ne e voopsto strasno toa.
    Ako imas moznost,sekoj mesec odvojuvanje nekoj denar..za arno i za loso..200 den-ako!...1000-ka-odlicno !
     
    На efrosinija, Vicorial, Lilit и 9 други им се допаѓа ова.
  10. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Makat i po 50 denari nastrana ,i toa e neshto da ne e kolku bez ic
     
    На Petar80, duffi, Antebellum и 3 други им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.990
    Допаѓања:
    281.953
    Taka e.
    Vo odreden moment dobro ke dojdat.
    Jas stedam.
    I vodam smetka za sitnici.Cesto se prasuvam dali sum skrzava..
    Ama nekako povekje me "topli" 1000-kata pod pernica otkolku nova kosula.
    Mozebi zivotot me nauci taka..
     
    На Nine25, Lilit, Petar80 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. dedrade

    dedrade Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Машки
    За да сакаш да штедиш,треба да имаш,па да штедиш,нашето општество е такво што многу,многу, не ти дава за право да се опуштиш со трошење.
    Би рекол,колку и да ни се месечните примања,потребно е строго водење евиденција за секој денар.
    Во спротивно,никогаш нема да можеш да врзиш крај со крај.
     
    На efrosinija, Nigredo Odor, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  13. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Se soglasuvam taka e, i jas sum sum so toa mislenje
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Najvaznoto e da se smeta kolku leb se trosi otprilika i tolku pari da se trgnat i da ne se cepkaat za drugo osven za toa sto se receni, i da se snema za drugo ,barem lebot ke se ima .
    Jas na moite 18god bev vo sostojba da nemam da si kupam ni smoki bidejki se grizev sama za sebe,jadev leb potpecen so maslo i vegeta, i da ti kazam iskreno koga jadev najvkusnoto jadenje mi bese, ne deka nemav za drugo tuku deka preblagodarna deka barem za toa imav,lebot da go kupam.
    So razmisluvanje i stedenje i posle godini eve imam.
    Koga ke se pocni od toa se drugoto e lesno
     
    На Vicorial, Lilit, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    16.837
    Посакувам да дадам одговор...
    Посакувам да кажам дека оваа транзитна криза ќе трае уште малку, а потоа ќе биде се` подобро. Да можам, на сите вас да поделам по еден survivor pack, мојата среќа би била бесконечна, но не можам.

    Вака стоејќи со години на работ од егзистенцијалната трибина, не умеам да се справам со животните предизвици. Целокупнава ситуација од мене направи аргат, кој немо минува низ мрачните хоризонти, искасапен од трновата берба.

    Од друга страна, уште потешко ми паѓа кога знам дека едно чудо млади се во истава каша како мене. Од ден во ден расне бројот на нас, кои безнадежно воздивнуваме пред шанковите во баровите, знаејќи дека е тоа единственото работно место кое можеби некогаш ќе го имаме, или уште полошо - на таквите како мене кои не можат да добијат ниту такво. Расне бројот на нас кои стоиме пред банкарските шалтери, плаќајки некаква си` чудна факултетска администрација, не знаејќи зошто и каде стасуваат тие наши тешко заработени пари. И расне бројот на нас пред фотокопирниците, како и пред корумпираната професорска фела која апла ни ги наплатува неопходните книги по потребниот предмет, без фискална! Како и на нас на кои додека животот ни виси на конец, сме праќани како ефтини пакети по протоколните лавиринтни болнички коридори, со изговор дека не сме на вистинското место. За сите ситуации (со исклучок на шанкерската кариера), можам да кажам been there, done that!

    И вака можам да набројувам до недоглед, но она што е најважно за споменување е дека, како резултат на долгогодишнава криза, јас како млад човек претрпев многу силни животни удари, што доведе до тоа да немам повеќе волја, ниту пак да гледам некаква иднина за мене воопшто.

    ..Луксузите како хранење по ресторани, пиење пијалоци по кафулиња, ноќни излези и автомобил припаѓаат во сферата на фантазерството, и се надвор од опсег на фокусот!

    Вистината е дека го губам тлото под нозете, во буквална смисла и секој ден, додека како рак рана одвнатре ме јадат чувства на гнев, револт, тага, и најстрашното немоќ! Немоќ за промена. Единствено решение се чини пасошот, но и таа опција е невозможна, со оглед на тоа дека немам некој кој би можел да ме "повлече" или гарантира за мене таму во туѓината.

    Секој ден е бездна, која како минува времето се продлабочува.
     
    Последна измена: 28 ноември 2016
    На Bozica1980, evangelina.ina, SAMIRA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    Neznam deka moze nekade da se zivee bez domasen esap.
    Tuka nesto sto se spomnuva bas i ne go racunam za stedenje.
    Na primer: farbanje sam, jadenje po kafani......
    Se razbira deka ke se farbam i feniram sama. Edno farbanje kosta $65, tolku se 2 sakoa Calvin Kline. Koj veruva veruva, koj neveruva ok.
    Jadenje stalno po kafani.
    Prvo ne e zdravo, vtoro finansiski ne e zdravo. Koj toa moze da si dozvoli non stop jadenje nadvor. Edno sednuvanje okolu $150 za trojca.(so 150 mozes da kupis blender, kafemat, secko za kromid i tosterce za leb, se toa zaedno) Razbiram ednas mesecno, ama ne razbiram cesto.
    Skapi parfemi.
    Super kaj mene e zabraneto parfemi na rabota, ucilista, bolnici, kino (tamu kade ima masovno sobiranje, a ne e celta zabava)....., moze vo disko. Taka da nemam troskovi okolu parfemi. Ke kupam eden i trae i trae.
    Sminki, vestacki nokti.
    Ne se zabraneti, ama ako vidis deka nikoj ne stava na rabota, osven zenite koj rabotat vo mol, sigurno ne bi stavila. I tuka netrosam pari. Imam ubavi sminki za ednas godisno.
    Obleka nosam marka, ama ne e namerno. Site stvari se marka ama kako kazav kolku se dve sakoa na CK, imate prestava i za ostanatite marki. Lugeto ne pagaat vo transovi po brendovi i zatoa i cenite se niski.
    Si nasle nacin da zarabotuvaat kaj evropjanite koj po sekoja cena bi platile .

    Mnogu pari mi odat na zelencuk i ovosje za koj nema nacin na zasteda.
    Mnogu pari na odmori, a posebno top e MK od koja beganje nema.
    Stedam i toa na golemi raboti koga treba da se kupat.
    Bez stedenje nema nisto.
    Sum stedela i od nisto (koga bevme na pocetokot). Od prvata usteda ja kupivme elkata koja seuste ja kitam.
    Moeto moto e "ednas platis poveke pa go imas za mnogu god. ubavo".
     
    На Anna-Banana, Hipster, Vicorial и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    496
    :bow:
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  18. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.326
    Пол:
    Женски
    На некој работи едноставно е невозможно да се заштеди,но според мене, најнапред гледаме сметките да ги усогласиме со примањата,водам економија во поглед на ефтина струја,облека ништо спектакуларно и гледам дека нај повеке пари си заминуваат на храна сепак тоа е и основно.
     
    На toogood и referentka им се допаѓа ова.
  19. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.573
    Допаѓања:
    3.990
    Пол:
    Женски
    Уф, што беше тоа да не си во криза хаххаха Јас на пр. имам строго одреден буџет и вака некако го планирам
    1. сметки
    2.храна
    3.превоз
    4. трошоци на дечко мал
    5.трошок за кафе мафе, вечера
    Наспрема некогаш кога секогаш имав заштеда овие неколку години и не се навикнав и не да живеам со кредит, иако кредитот бил повеќе од оправдан ама проклет долг ми виси над глава и тешко се дише хахаха колку и да се убедуваме дека секој денес има кредит, јас мојот тешко го варам. Мора да се води ред инаку не оди. Заштеда на страна некогаш останува ама па, ќе испадне нешто следнен месец или сл. и отишла заштедата и не сакаме некогаш да мрднеме некаде да смениме видик. Не оди па, и од се да ускратиш. Сепак најголем излишен издаток ги сметам цигарите, само како си викам јас, издржи уште ова да се заврши и ќе ги оставам ама тие никако да ме остават :) зш секогаш наоѓам нешто ново како предизвик.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  20. efrosinija

    efrosinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    да најпрвин да платат сметки,па кредитот,па еднаш месечно да се испазари-плански,и после по потреба или следам акции по маркетите па купувам тоа што ми треба. За кафиња по кафичи или вечери ептен ретко остануваат пари...За децата(тинејџери) да има да излезат да прошетаат за мене и маж ми не останува:(
    За домаќинството кога како се има...Може и поефтин прашок за алишта не мора Ариел и Персил, преценети се во однос на цената...Важно е да е испрано и чисто.. За козметика порано трошев повеќе ама сега гледам дека не можам да ги потрошам сите работи што сум ги изнакупила..Алишта купувам најчесто кога ќе бидат на попуст, а и мислам дека вообичаено многу пари се даваат за грицки, благи работи, сокови кои ем што се скапи ем се и полни со адитиви...Гледам дома да си правам благи работи,а ручек обавезно си правам..поефтино излегува...:) За готова храна многу ретко давам пари. Сама се фарбам, не давам пари за козметичари,и на тоа одат еден куп пари.Единствен порок ми се цигарите..поприличен износ ми оди за нив:devil:
     
    На Avokado и buba4e89 им се допаѓа ова.