Тешкa темa...вo тешки времињa.. Oстaнувa дa се вoдиме спoред oнaa нaрoднaтa-ќе си ги пуштиш нoзете кoлку штo ти е дoлгa чергaтa... Зaвиснo oд периoдoт и примaњaтa ....дoдекa грaдевме нa ништo aмa ништo другo oсвен нa хрaнa и сметки не се трoшеa пaри...и ептен неoпхoднo нештo кaкo чизми дa речеме или пoтреби зa дететo oткaкo се рoди.... Секoј денaр oдеше вo грaдбaтa... Се oпуштивме oткaкo се преселивме иaкo не е се дoвршенo...имaме уште мнoгу зa дoпрaвaње... Вo привaтен сектoр сме..мoјaтa плaтa не е прегoлемa aмa мм е зaнaетчијa и секoј екстрa денaр се штеди...aмa секoј месец рaзлични му се зaрaбoтките...oд ден зa ден му зaвиси прихoдoт... Сметки се плaќaaт нaјпрвo, Се пaзaри нaјнеoпхпднoтo , Се купувaaт првo нештa зa децaтa a зa нaс aкo oстaне... Акo имa се седнувa нaдвoр зa ручек еднaш или 2 пaти месечнo aкo не дoмче... Среќнa сум штo успевaме дa туркaме кaкo тaкa без кредити и дoлгoви...a не е леснo вo дaдени мoменти вooпштo..
За жал оној кој во ова кризно време нема доволни примања согласно бројот на членови во семејството може да опстои само со мизерување и стискање од сите страни. Кога подобро ќе се размисли, најнеопходна е храната за која може да се помине и со помалку пари но од друга страна пак тоа си влијае на нејзиниот квалитет. Многумина се приморани да штедат и на сметки, да мрзнат на ладно и да внимаваат кога пуштиле бојлер а кога машина. Се останато нормално дека оди во втор план, каква облека, каков провод... Како и да е, жалосно е многу. Фала Богу не би можела јас лично да се пожалам но познавам голем број на луѓе, учени, вредни и способни кои едвај крпат крај со крај благодарение на овој пореметен систем во кој живееме.
На она што е најнепотребно . Јас како невработена , со примање на само една плата , од страна на мм , која реално воопшто не е мала но е за нас бидејќи сме 4-ца , гледаме колку можеме да заштедиме . Се плаќаат сметки најпрво , потоа се пазарува она што е најнеопходното за децата ( пелени , марамици , облека ) , бидејќи се веќе големки , купуваме храна од се по нешто , но да има доволно за сите . За облека и шетање ако остане , ако не , фала му на Бога за тоа што имаме кров над глава и храна во фрижидер .
Гледајте ја емисијата Extreme Cheapskates,да видите што е штедење. Како прво сметам дека е карактер да не си трошаџија и да сакаш да штедиш,пошто не се менува човек да оди од коњ на магаре преку ноќ.Друго е да мора да штедиш и да си принуден. Јас не би се пофалила дека сум една од тие,ама им се восхитувам искрено.И сакам да научам да го живеам животот така.Сите сакаме удобен живот,некои и луксуз.Ама штедливите се тие што добиваат,додека другите само губат расфрлајќи се.
се сложувам со се што го кажа. Треба карактер за да си штедаџија. пари стигаат ако знаете како и за што да ги потрошите. Згора на тоа не мора на кафе да се оди секој ден или како што има случаи по неколку пати на ден. Не мора да се купува скапа гардероба кога има е поефтино а и квалитетно. Менито ( јеловник ) ќе си го испланираш унапред а не као ќе изнакупиш све и свашта за 3-4 иљадарки и некои намирници не еден месец туку два-три месеци ќе ти се шуткаат ниниз фрижидер и ќе се туфкаш не си требало да го купиш. Мајка ми со инвалидска пензија ја изучи сестра ми. И од истите пари подмируваше поголем дел од сметките за разлика од татко ми кој само ги шутка парите. И домашниот буџет терба да биде од придонесите на двајцата сопружници а не овие се мои овие се твои. Е така нема штедење. Нема преживување а камоли штедење
имав една цимерка скопје со 15000 ден едвај 20 дена преживуваше. Ама таа сакаше секој ден на кафе да оди да троши за шминки и козметика да носи скапа гардероба... Епа женска нема така. А ќирија и сметки околу 5000 ден на коштаа за јадење сите заедно купувавме и готвевме поисплатливо беше
Аа јас ќе ви кажам тоа...Идење на раб пешки во дождливо време навечер за трета смена и плус гратис имате мокра облека од тоа шо ве прскаат колите и бусевите по тротоар а храна доколку имате нешто дома ќе се најадете пред одење за да ви држи до сабајле