Како да се преземе иницијатива?

Дискусија во 'Секс' започната од Elence93, 3 септември 2013.

  1. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.031
    Допаѓања:
    5.441
    Пол:
    Женски
    Повеќето жени имаат проблем со тоа да превземат иницијатива кога се работи за секс, менување пози, изразување желби, исполнување на своите и/или неговите фетиши. Како да чекаме тој да стори нешто и да знае се' што ние во моментот сакаме, а доколку не го стои тоа, ќе оставиме за некој нареден пат (ако воопшто некогаш се случи). Како потполно да се препуштиме и да бидеме отворени кон нешто ново? Како да не изгледа дека го правиме тоа само за негово задоволство, туку и дека имаме и ние некои "скриени карти" во нас? Конкретни идеи за превземање иницијатива :)
     
  2. dejana2

    dejana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    38
    А зошто да чекаме тој да го стори она што ние во моментот го сакаме, а ако не го стори тоа па да чекаме за нареден пат? :^) Т.е. да очекуваме од дечкото да ни ги чита мислите? Нели е себично тој секогаш да си ги кажува желбите а ние нашите да ги потиснуваме и да чекаме тој да се сети... :)
    Како прво од каде тој ќе се сети што сакам јас во моментот?
    Едноставно, кога ти одговара нешто си кажеш, исто и кога не ти одговара. Ако сакаме да добиваме внимание треба и да го прижаме истото :)
     
  3. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.031
    Допаѓања:
    5.441
    Пол:
    Женски
    Да, тоа е и целиот проблем, можеби не се објаснив добро, прашањето ми беше Како, со конкретни примери да превземеме иницијатива, наместо да чекаме на него и на крајот двајцата да не сме задоволни колку што би можеле :)
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.