Vaka imam eden problem.....sega..ne moze da se kaze problem, potocno maler, ili losa sudbina! Jas sum obicno devojce, imam 22 god, si odam na fax..eve mi ostana uste eden mesec i ke diplomiram! Doma kaj mene, posebno majka mi i baba mi stalno mi zboruvaat, lele nemas decko kako ke se mazis..tintiri mintiri...na sekoja minuta ! arno ama jas dosega ne sum imala decko, sum imala muva4i edno 4 ca! Inace jas sum licnost sto premnogu analizira, posmatra i razmisluva! Rabotata e sto, kolku povejke staream, tolku povejke se frustriram deka ke ostanam sama! Megutoa ne sum ocajna, da fatam decko...onaka samo kolku da ne sum sama! Gledajki go svetov do koj stepen odi, si mislam deka nikoj nema da se zagleda vo mene, zatoa sto kako sekoj covek i jas si imam mani, veruvam vo Boga mnogu i se trudam da postapuvam pravilno, se oblekuvam pristojno, koga ke sum raspolozena ke se nasminkam...ne sum nekoj tip sto odi sekoja vecer na glasni zabavi, sakam smirena atmosfera...sakam priroda, knigi, patuvanja......i iskreno mislam deka maskite se plasat od mene.....mislat deka sum seriozna osoba..itn! Nekogas si razmisluvam, zosto pa da se smenam, toj sto ke me saka..ke me saka vakva kakva sto sum.....ama gledam deka vremeto pominuva, a jas sama ko pukalo , a gi gledam drugarkite site vo seriozni vrski....vejke nemozam da izlezam so niv...site se zaedno so deckovcite a jas pak sama ko pukalo ! Neznam sto treba da promenam kaj mene....za ete nekoj dobar, vreden i posveten decko da me vidi, a ne da me gledaat samo neranimajkovci....( 100 od niv imam otkaceno dosega)........Pa devojki ako ne vie maka...pomagajte
Hmm pa samo 22 godini imas nesi prestarena mislam deka treba da se opustis i da ne se zamaras tolku so toa vistinskiot ke se dojde koga najmalku se nadevas.A za toa kako da se smenis bi ti dala sovet voopsto da ne mislis na toa bidi toa sto si,uzivaj vo rabotite sto sakas da gi pravis bidi opustena i se ke bide ok,nemoze da se smenis ili da se prepravas da bides toa sto nesi vistinskiot karakter sekogas doaga na videleina,zatoa bidi toa sto si i uzivaj i nese zamaraj mnogu sto nemas decko i za toa sto ti zborat majkati i babati ednostavno zivej si go zivotot kako sto tebe ti odgovarta i sto e tvoe ke si dojde
Fala Ke si cekam.... edinstveno to mi ostanuva !ama vo posledno vreme se zamaram (neznam zosto - bidaletinka si sum) zasto vo ovoj svet za da dobies nesto....mora da se smenis...vo nesto sto ti nesakas...........eve na pr....da se oblecam epten sexy, i da se zabavuvam mn jako...togas sigurno ke fatam nekoj.....ama toa ne e to...toa ne moj stil...i e vo sprotivnost od moite sfajkanja!!! A od druga strana...vakva kako sto sum...nikogas nema nekoj da me pogledne...a kamoli da me osoznae kakov e mojot karakter, licnost...! Bukvalno sum imala slucai, mn decki da mi recat vo lice....deka ako sakam da sum so nekoj mora da se smenam....a toa sum go slusnala od bajagi postari decki od mene.....! Toa e toa sto mi preci....jas se sakam vakva kakva sto sum....ama drugite ne me sakaat!!! Site moi drugarki imaat nekoj, zatoa sto se oblekuvaat posexy, se druzat premnogu so maski...i sl! Ama jas si ja sakam taa stara romantika...i ocekuvam princ na bel kojn..( mada stalno samo konjot doaga, a princot nigde go nema). Ednostavno na maskite mu preci toa sto sum staromodna!......
Иренче...нема ништо лошо во тоа што ти си го имаш тој начин на размислување и однесување.Едноставно ти си таква и тоа е.Не значи ако девојка се облекува секси или така поотворено и така се однесува има среќа во љубовта.Обично таквите можат да бидат многу погрешно сватени.Инаку за секого има по некој...Така и за тебе..Не значи ако си немала дечко до сега дека си помалку важна од другарките..тоа не!Само можеби кај тебе треба да смениш нешто..да си поопуштена во комуникација,да си поприлагодлива,може и малку ако сакаш да промениш нешто во облекуванњето..Не да се разголиш таман работа ама ете да смениш нешто малку...Инаку убаво што си кажуваш дека се сакаш таква каква што си ,ретко кој ја има оваа способност..И верувај ни најубавите и најзгодни и нај(не)облечените девојки немаат често среќа во љубовта тоа е релативна работа.Некои работи не зависат од нас.Секој си е со своја среќа.
Можеби не постои принц, но постои човек кој те чека тебе... Немој да се менуваш, немој да се губиш во светот на лагата. Ти си тоа што си и тоа те прави единствена. Таква каква што си, со сите маани и доблести ќе те сака човекот на твојот живот. Продолжи да веруваш во тоа и ќе ти се случи. Јас категорично те советувам да не се менуваш. Остани си таа што си, таа си ти вистинската. Светот е таков каков што е, но се уште постојат добри момци кои ги интересираат девојки како тебе. Нив нема да ги најдеш ако се разголиш или ако секој ден се начукуваш. Напротив. Твоите другарки имале или немале среќа, времето ќе покаже, како што ќе покаже и за тебе. Затоа стрпи се, терај си ги обврските кои си ги имаш, дипломирај, шеткај си се, искачај си со другарки, живеј си го животот, а се тоа што е твое ќе си дојде. Верувај, секогаш е така. Секое добро ти посакувам и те поздравувам
Немој да се менуваш за никој и ништо. Единствено доколку некогаш самата почувствуваш потреба, тогаш направи промена, но само по твоја волја, не по туѓа. И мислам дека е прекрасно таква каква што си, зашто на крајот - сите сме различни и во тоа е убавината на животот. Како што некој сака налицкани, дотерани, деколтирани моми, така некој сака девојки што читаат, ја сакаат природата, со изострено сетило за перцепција Се најубаво, уживај си во дипломирањето, 22 години е рано за мажачка... Така да им кажеш дома
Баш кога најмалку ќе очекуваш , некој ќе ти го замути паметот , ако бараш и ако се оптоваруваш со тоа нема нишо да постигнеш .. Некогаш е потребно убавите работи да ги чекаш подолго За никого нема да се менуваш , ако се смениш , на некого ќе му се допадне некое твое друго лице .. и кога нема да можеш да глумиш ..Биди си своја
FALA MNOOOOOOOOOOGU DEVOJKI NA PODRSKATA MWAAA ZA SITE Nema da se smenam, jas sum takva kakva sto sum...i ke prodolzam takva vo zivotot! Iako svetot odi vo nekoj takanarecen nemoralen tek...jas ke nastojuvam se sto ke pravam, da pravam so golema ljubov , dostoinstvo i pocit! Ne moze moeto dostoinstvo tukutaka da se unisti za nekoj neranimajko...toa ne go dozvoluvam!!! Ke cekam nekoj sto navistina e vreden, vnimatelen i posveten! Nekoj sto ke me zasluzi! Mn luge bi rekle deka tuka so ovie zborovi sum prebirliva! Ama deneska mislam deka taka treba da e....nemozam da odam jas so sekoj eden decko sto ke mi se pusti..!
I jas imam 23 godini, od skoro. Voopsto nemam sreka vo ljubovta, iako mnogu sum se trudela. Mi zdosaduva toa brkanje i cekanje, iako ne sum napadna. No nekogas treba da se pobrkaat nekoi raboti, ako mislime deka navistina vredat. Ke se najde i tvojot princ, barem i jas se nadevam. Ne se menuvaj. Bidi toa sto si, no nemoj da bides zdrvena ili da se pravis svetica...nikoj ne e sovrsen, sekoj treba da ima svoj karakter, stil na zivot/oblekuvanje/odnesuvanje... Toa ne pravi posebni... ***
лелеее...јас да сум машко-веднаш би се фатила со тебе јас имам 18 години и многумина ми замеруваат дека сум премногу *машка* бидејќи не сум се шминкала секогаш,не сум излегувала по кафичи редовно,не сум имала сериозна врска...бла бла бла... Искрено,супер си и нема потреба да се менуваш... слични сме и мислам дека не е се во тоа да имаш дечко,... подобро со мувач отколку со еден ист -што ќе ми досадува со глупостите дека најмногу ме сака.. [[ќе дојде време кога ќе се заљубиш,не си стара,,,еее..........]]
Како што кажа и самата тој што ќе те сака, ќе те сака таква каква што си.Нема потреба од глумење нешто што не си, ако ти си се допаѓаш себеси, нека не ти е грижа што мислат другите. Само би те посоветувала да излегуваш повеќе, да се дружиш, зошто каква и да си, принцот нема да дојде да ти заѕвони дома на врата и да те побара Па со среќа во потрагата по сродната душа.Позз
Ја бев во иста ситуација како твојата. На 22 години го фатив првиот дечко. Пред тоа имав 3 мувачи. Сите ми велеа зошто немаш дечко, излегувај почесто за да фатиш дечко, време ти е да имаш дечко, треба да се мажиш, и др. Ама јас не им обрнував внимание. Си ја сакав слободата и не ни сакав да имам дечко. Мислев дека ќе треба да помине уште долго време за да фатам дечко, ама не беше така. Сосема неочекувано се запознав со мојот дечко. Кога видов дека е прекрасна личност не сакав да ја пропуштам шансата и решив да се обидам. Не зажалив. Најубаво ми е со него. Ја најдов вистинската личност. Следното лето планираме да правиме свадба. Воопшто да не очајуваш. Кога најмалку очекуваш и ти ќе ја најдеш вистинската личност. Оној кој навистина ќе те сака, ќе те сака таква каква што си. Со сите твои маани и доблести.
Milo mi e za tebe! So sreka neka e! Ke dojde i moeto vreme.........i mojot covek sto ke znae navistina da me ceni!!! Mora da cekam, no isto taka treba uste povejke da izleguvam, da se druzam....da gi prosiruvam moite krugovi! Inace fala mnnnnnnn za podrskata Mwaaaaa
ih....ic da ne ti e gajle super si ja pred da si go fatam decko mi (a si go fativ na 22 (nemav decko tri godini imav eden decko u detstvoto t.e na 18 godini edna godina i vo narednite tri godini se smuvav so dve tri deca i na toa se zavrsuvase. imav ja mnogu kriteriumi ama ubavo si e toa -znaci znaes sto sakas i ja si se filmav deka nemozam decko da si fatam ama ic ne bilo taka. decko mi se pojavi vo sred sesija, bese kriticno da ne kvadriram predmet, ama ic ne mi bese do vrska. arno ama deteto se najde strplivo, uporno.... koga ke mi tekne samo drugarkite site vise imaa odnosi, si pravea muabet za seks i isustva a ja ..... patetika ama da ti kazam ic ne mi e krivo sto cekav do 22. za se si ima vreme i treba i vredi da se ceka vistinskata osoba. ne se frustriraj samo. podobro da si single nego da napravis pogresen izbor i da- ne go baraj ti- deckoto sam ke te najde
Како да се сменам? НЕ се менувај....биди она што си...ако некогаш сакаш да се смениш тогаш направи го тоа заради самата себе, а не за другите
Fala devojki.......mn mi e milo, sto me podrzuvate! Hehehe daleku od frustracii .....I4 ne se frustriram (tuku taka mi bese denot, los, i razmisluvav za toa mnogu)! Kako sto vikate vie poubavo single, nego so pogresna li4nost!...
Ама совети прочитав...особено кога е проценето врз основа само на првиот пост...ммммх... Јас те читам и на други теми и сметам дека треба да се промениш,суштински не,ама делови од твојот карактер и тоа како. И не е точно дека тој што ќе те сака,ќе те сака секаков.Прво и основно зошто само мајка може да те сака безусловно,сите останати само компромисно,така да...паѓа во вода таа исклиширана узречица која е ништо друго освен продукт на некоја си искомплексирана,но егоистична личност.На почетокот ќе те сака и ќе те толерира,занес,љубовта се состои од фази и одеднаш му пука филм зошто ти имаш некоја особина која него го вади од такт и ?!Ќе терате така или ќе речеш дека не те сака доволно?!Може да те сака,но таа твоја особина да те прави неподнослива и тоа може да се случи во обата правци. Сметам дека треба да направиш конструктивни промени во својата личност,но суштината на твојата личност да си ја оставиш како таква.Луѓето мораат да се менуваат со времето,тоа значи дека напредуваат,а мене ми делува дека ти живееш во удобро и мрзеливо со својата личност и не сакаш да се промениш.Ти се провлекува нишка на незрелост,нишка на себичност (последица на незрелост) итн итн кои ги забележав по други постови кои се несврзани со оваа тема,но и те како ми зборуваат за тоа каква личност си.Не велам лоша,да не ме разбереш погрешно,далеку од тоа.Значи не зборуваме за човек,нечовек,добар,лош и ова е само мое мислење...до сега сите те поддржаа јас се разликувам,па може ќе ме нејќеш и ќе мислиш ти мислам лошо и те критикувам,но сепак ова е само мој став.
Ne Lilit gresis, jas ne te nejkam, tuku milo mi e sto me kritikuvas, dobro e da se cue sekakvo mislenje, a jas za toa ne se ljutam! Vo vrska so temava, jas ne se osekam sebicno, ednostavno se osekam dobro onakva kakva sto sum ( primer gi zedov toa sto sum mnogu religiozna, sakam priroda, knigi, patuvanja) Zarem seto toa e loso, pa da go smenam zatoa sto nekoj ne sakal da sum takva??? Jas sum takva, na moment mozebi e toa egoisticno, no zarem jas treba da pokazam deka nemam karakter i da se smenam vo toa sto ni jas samata ne sakam, za da eventualno primer da zemam da fatam decko! Covek sto e vreden, mil i posveten ke te saka takov kako sto si, so site tvoi mani i doblesti! Ne moze sekoja vrska da bide sovrsena! Pozzz
Јас мислам дека тој што те сака,те сака таква каква што си нема зошто да се менуваш. Меѓутоа некои навики што ги имав а на дечкото му сметаа морав да ги сменам :roll:
Сакањето на природата,патувањата,книгите,религијата не се карактерни особини,туку интереси.Во ред е ако ја сакаш природата,тогаш би нашла заеднички интерес со некој алпинист рецимо,ама ќе му смета твојата опсесивност со косата,некој што е доволно богат,а некогаш е доволно само желен за патување и ќе патувате по светот,но ќе му пречи твојот опсесивен перфекционизам,некој пак ќе биде љубител на науката и можеби ќе биде научник,астроном,физичар,но ќе го вади од такт твојата параноја и употребата на органски производи,а може и да се деси да најдеш и некој поп на пример,но нема да може да ја сфати твојата егоцентричност и склоност да се посветуваш само на себе,затоа што не е библијски рецимо.Прави јасна дистинкција помеѓу карактерни особини и интереси,иако се чинат тесно поврзани,воопшто не се. Да ти посочам,јас не те пратам само тука,имам читано и други твои постови кои пак ме носат (прости,немам право,ама некоја пуста навика ил шо е...да анализирам)кон некои заклучоци.Премногу си отуѓена од останатите,па на моменти дури и од себе,носиш некои носновани стравови во себе,опсесија кон минорни нешта,премногу ограничени навики,урамени ставови кои те прават стерилна како личност.Без жар,без особени емоции,без љубов кон било што,освен опсесивна грижа за себе... И ве молам,не живееме во бајки.Таа идеална замисла за маж дека ако е посветен,мил и не знам каков ќе те прифати секаква,а од друга страна пак зборуваме за тоа дека ниедна врска не е совршена...па треба човекот да е совршен за да те прифати секаква...нели?!И тој е обичен човек,но навистина ќе му треба храброст да прифати предизвик како тебе.Сепак е крв и месо,сепак е само обичен човек кој ако му скипе од било што ќе почне да пука по шевови...Едино,ако најдеш некој тивок,мирен,нетипичен маж,кој исто така обожава органски нешта и живее во бели простории,совршено ги четка чевлите,слуша класична музика во секој дел од денот...и не го доведува до лудило ради флегматичната природа,има надеж. Не ме сфаќај погрешно,може ти делувам строго,лошо и не знам какво,ама само сум искрена и добронамерна,ништо не ми носи мене во животот ако искрено ти кажам што мислам. (сто посто си или девица во хороскоп или девица во подзнак,а може и не... )