1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се спасам?

Дискусија во 'Канта' започната од Bitanem, 7 јули 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    И мене ме немало тука...
    А што не ми се пишува хахаха :D
    Ништо не сфатив од приказнава, еден дечко, друг дечко. Еден те вознемирува скокал по прозори да не е вампир а? И ова треба да провериш, не се знае можеби викаш цреши берел јадел, црвено е.
    А другиот за пари те тепал, ха ха ха свашта.
    Тебе од досада ти се прават белји. Како што кажа самата имаш се, ама живот немаш.
    Ете тоа е поентата на богатите размазени девојки.
    Иначе како што кажа една членка тука, спакувајсе и оди кај тетка ти.
    Подобро ќе ти биде - верувај.
     
    На kim.k му/ѝ се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    нема 31 туку едвај 17 години

    И ве читам феминки и се чудам, уште и се извинувате за речникот кој го користите. Замислете си некое лошо сценарио да и се случи, а ние да сме и се обрателе со миличка, малечка, душичка, сонце... Не подобро јас преку пц да ја отерам у ..... и да ја и ја плеснам реалноста, за да може побрзо да се освести.
    Ајде нас не не знае, ние не ја знаеме, можеби ама нема можеби туку сигурно никогаш и нема да се видиме и дознаеме, ама бе срце ми се крши коа ке прочирам или видам како некоја наша убава млада девојка, ја искористува некое племе дојдено од кај м.... ..... е тоа ме убива

    И утре таа ( дај Боже) ке се омажи и ке роди дете и ке треба да дојде кај нејзините на гости. Што ако овој манијак сега ја искористи. Како таа некогаш ке се врати во тоа село? Како ке поминува знаејки дека сите ке знаат? Како бе може да им го прави ова на родителите? Како бе тие луѓе, таа мајка што ја носела во стомак, што ја гледала од 1 кило, што и дала се, да живее во такво место, знаејки дека нејзиното дете е злоупотребено. Што ако се самоубие? Што ако татко и незјин го убие копилево и заврши во затвор. Абе цело семјство, па и фамилија ги заебува.
    И ова не е мој речник, ама понекогаш е неопходен. И јас како високообразована се срамам ова да го пишам, ама подобро јас отколку некој копук од некоја продавница во селото да ја пражува за акмакот.

    Ах бе дете, ако немаш каде и ако незнаеш како, еве јас те канам дојди кај мене и карта ке ти платам и ке те изнашетам и ке си разговараме и се што ти душа сака. Еве мојата соба ке ти ја ослободам, само не се зезнувај -оправи се.

    Знам многу вакви случаи за девојки ( пошто сум и јас од мешан крај) кои почнале вака а завршиле како наркоманки и во кафани и барови.



    Ме интересира само, дали во селово има машки македонци со кои може да се дружи или сите се турци?
    Зар нема никаква фамилија во селово? А во соседното?


    А може и пак да забегала со главчето и да несака веке да пише. Таа си знае, ние нашето си го сторивме , за другодто Господ нека ја чува и нека и подари памет повеке
     
    На cresa-jagoda и Ruzica00 им се допаѓа ова.
  3. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Дали и толку според начинот на изразување, ама битно кога отварала профил пишала 31. Ако годините не ги пишала точно, се сомневам дека и проблемот е вистински.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Не срцка има пишано во предходниот пост дека има 17 и на друго место има пишано дека типов сака да легне со неа, ама таа му кажала дека е девица и тој и рекол дека му е мило што е поштена бла бла бла и почнувам да скренувам јдејјксхвфхјбхјвдскј

    чек ке го најдам тоа


    а има отворено и тема ТУРСКИ ЈАЗИК и бара некој што знае турски


    еве што има пишано



    И ме тераше да излезам ама неможев ако кучето почне да лае ќе направам галама и моите ќе станат и ми викаше ако не излезеш ти јас ќе влезам низ прозорецот и влезе а по него и другар му влезе. И почна да ме вознемирува да ми кажува дека негова ќе сум била и незнам уште што. И дека не сум смеела да бидам со друг. Јас само молќев и го гледав се плашев како никогаш во животот незнаете какви се мисли ми поминаа низ глава и за среќа му зазвоне телефонот некој го бараше изгледа накај дома да си оди и заминаа.
     
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    уствари таа и давала совет на некоја 17 годинишна, да да во право си сигурно е помала според паметот

    сум погрешила и се извинувам, ама се изнервирав
     
  6. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Оф,оф...го прочитав тоа дека сериозен човек од 19 години влегува во сред ноќ преку прозор, па уште и со другар :^) А после тоа ја викнал да дојде на нивното место и таа отишла...
    Ах бре дете, што си го комплицираш животот без потреба? Убаво ти кажаа,што ако се пофтори да ти влезе во соба, викаш се се уплашила, а нели се плашеше кога отиде на "вашето место" да се видиш со него?!? Што ако и таму бил со другар, што ако те нападнеа??? Какво е тоа оправдување, немам другарки, немам со кого да се дружам, тетка ми ме вика, ама братучед ми постар, а ништо не работи само на компјутер седи.... Ти во ситуацијата си како дај што даш, било кој да ти посвети внимание ти ке полеташ.Е затоа таквите како тебе се најлесна жртва за преваранти, манијаци и ним слични. Него седни си со мајка ти и убаво си поразговарај, неверувам дека кога ке чуе каков проблем имаш, ке продолжи да си гледа серии.
     
    На Umbrella22, cresa-jagoda, daks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Јас веќе не знам што би советувала и коментирала за овој случај :x
     
  8. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Добро ајде, 3 страници посветивме на случајов, резултат и решение нема. Т.е има, али девојката си сака друго. Така да сви коментари су сувишни 8)
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bitanem

    Bitanem Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    ПРВО И ОСНОВНО МНОГУ ДУРИ ПРЕМНОГУ ГИ ИСПОМЕШАВТЕ СИТЕ РАБОТИ И МНОГУ НОВИ РАБОТИ ИЗМИСЛИВТЕ!!! ЗАТОА ДА ОБЈАСНАМ.
    Имам 17 години а уште 7 месеци ќе наполнам 18. Тој мене ме исплаши затоа што ми влезе изнанадно не очекував и освен тоа ми се извини и вети дека нема да се повтори. А до денес и се што ветил исполнил. Во врска со тој Стефан тогаш имав 15 години бев помалечка и не размислував како сега. А таа турска свадба беше тука на сред село и јас и други деца имаше отидовме да гледаме. И тој што ме запозна ми е комшија и поминуваше од таму и застана ми подаде рака и овој беше до него и тој исто и ми го кажа името и јас толку и ме прашаа како е и јас реков добро и толку. Во врска со тоа дека ќе ме нападне навистина претеравте затоа што ако тој мислеше да ме нападне до сега имаше 100 шанси ама не го направи тоа затоа што не е таков. И еден обичен продавач не е цело село. Во селото има 200 куќи. И тој продавач ако мислеше да каже ќе кажеше на некој ама јас до сега не слушнав што значи нема кажано и очигледно е дека човекот нема намера да се змаара со мене и мојот живот. И ако го читаше внимателно мојот пост ќе разбереше дека таа нема мајка ама има браќа за кои треба да се грижи и затоа ретко се гледаме. Инаку јас со нејзините браќа немам ни едно здраво а камоли да барам да ме бранат. А и не ги гледам воопшто многу ретко. И колку за ваша информација лани спиев кај тетка ми отидов во школо по свидетелство ама ја немаше директорката да се потпише и класниот рече дојдете утре. За да не плаќам 500 денари за такси останав кај неа само една вечер. Ама таа и тетин ми сабајлето беше на работа а нивниот мрзлив син доведе некој си другар и гледаа нешто на компјутерот. Им варев кафе и братучед ми влезе во купатило а неговиот манјачки другар кој прв пат ме виде во животот се прикраде позади мене и сакаше да ме смува ми се умилкуваше дека братучед ми немал да знае. Среќа што на време излезе братучед ми од купатило и јас му кажав а овој се правдаше дека по вода дошол во кујна. И од тогаш несакам да останувам таму досадно ми е. А и во маалото нема деца на моја возраст сите се мали. Друга работа никој не ви гарантира дека врската или бракот со македонец ќе ви обезбедта спокоен живот. Знаете што и се случи на девојчето до мене што седеше во втора година? Бевме другарки некојзнае колку блиски ама другарки бевме. Имаше дечко незнам колку време беа заедно не е ни важно. Детето беше ок фин културен воспитан ќе речете човек на место. Не беше многу богат но сепак имаа пари. Секој ден таа бегаше од последните 2 часа и одеше кај него дома на кафе демек. Тој инаку пушеше цигари и таа понекогаш ама не беше заввисник значи некогаш. Незнам како и каква ама ја натерал некоја дрога да проба или нешто и подметнал не сум сигурна. И ја сликал со смкнати панталони и со раширени нози и сликите ги ставил на фб. Истите слики и ден денес стојат на фб со изговорен дека фејсбукот му бил хакнат. Нејзе ја отпишаа од школо а со него незнам што се случи. Ова не е посрамно? И можеби и јас имам пари ама си знам како ги заработуваме тие пари. И да ви кажам дека ниту лаптопот ниту компјутерот ниту таблетот ниту ништо не вреди ако човек е сам. И уште нешто имаме 25 декари тутун и 200 овци. За овците имаме овчар ама тутунот ние го береме. Секое второ утро сум на нивата од 4 сабајле до 8 . Потоа нешто јас нижам на рака нешто мајка ми на машина. Исто и секоја вечер од 5 до 7 и го нижеме до 8 на машината. И реално гледало и сето тоа што го имам сум го заслужила. Не верувам дека некоја од вас бере тутун па посебно не толку многу неможете да замислите колку е 25 декари.
    И јас не реков дека уште сега сакам да се мажам или врската ни е сериозна, и чисто да знаете дека и на факлутет ќе се запишам. Прво тоа да го завршам па на 23/24 години ќе мислам за мажење. И сигурно дека нашата врска нема да трае до тогаш. И не гледам зошто толку се вознемирувате околу мојот ник. И не мислам дека свинското месо кој јадел колку изел има врската со темата. А велите дека ова било срамота? Епа за вас подобра е таа шо секоја вечер се е*е со различен за пари од мене што сум била со турчин? И бубаче јас не сум богата размазена принцеза и погоре ви објаснив како ги заработуваме парите и не сфаќам кај си видела принцеза да работи по ниви. и не кажав дека сакам да се мажам со него и самата знам дека ова ако не денес ќе заврши и ова не е сериозна врска. А за тоа дека ќе ме нападне ви кажам тој ако сакал до сега ќе го сторел тоа ама не е таков човекот ете. Тој ако сакал да ме нападне сигурно нема дома да ми влезе додека мајка ми и татко ми спијат и тогаш да ме нападне. Имал многу шанси ама не го направил тоа. И вие продолжете да мислите дека сум дете и освен да осидувате и да се правите паметни тука ништо не знаете. И МНОГУ МЕ ИНТЕРЕСИРА КАКО НАВИСТИНА ИЗГЛЕДА ВАШИОТ ЖИВОТ, ДАЛИ СТЕ ТОЛКУ ПАМЕТНИ ИСКРЕНИ КАКО ТУКА НА ФОРУМОТ. Ама вие се испомешавте и баби и жаби и измисливте и ме претворивте во разгалени детиште кое има се и од лигавење нашла турчин. Ама утре дрѕгден кога ќе бидам сомакедонец незначе дека и со него врската ќе ми биде многу убава. А поубава од оваа сега нема да биде. Несакам да навлегувам во детали и да ви објаснувам зошто толку многу му верувам на турчинот затоа што не ме сфаќате ич сериозно и имате погрешно мислење за мене и толку. Ако сака некоја повеќе да дискутираме нека повели во порака.
     
  10. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Ај ај ај....Уживај, ти пиша проблем, ние се потрудивме да одговориме. На крај излезе дека многу сме испомешале. Среќа ти јасно ги пишуваш мислењата, па ние се убаво сфативме од прва. Ок, поубава врска од оваа сега нема да имаш, него кој ти беше проблемот уствари?!?
     
  11. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Епа чим врска нема подобра и поубава од таа сега, зашто сакаш да се спасиш? Од што сакаш да спасиш кога се ти е супер, освен осаменоста?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitanem

    Bitanem Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Значи јас прво ви напишав дека сакам да се разделам од него. И се уште си стојам на тоа. И самата веќе незнам дали сме заедно или не. Тогаш се видовме последен пат ко ви пишав и од тогаш се случнавме само 2 пати и решивме да се гледаме колку што е можно поретко. Сега ќе бидам 4 година средно тоа е последна година. Во октомври мислам дека тој ќе оди во турција на братучед му на свадба и нема да биде тука 3 недели. Како и да е планирам да се запишам на факлутет. И тогаш ќе бидам занесена со учењето и сигурно ќе запознаам нови луге и нема да можам да мислам на ова. Како и да е мислам дека претеравте. Посебно со тоа што измисливте многу нови работи каков ќе ми бил животот со него, на другарката братот да ме бранел и незнам уште што. Некоја дури пиша дека сум измислувала. Е браво! Немам јас други работи по цел ден и ќе си измислувам приказни. А некоја друга пишала дека во друг пост јас сум пишала дека имам дечко 2 недели и дека барал да му дадам. Епа ко изигравала детектив и ми копала помислењата можела да види дека јас не го пишав тоа туку одговорив на тоа. И незнам друго што да ви каќав освен дека се обратив овде за мислење и совет а не за осудување.
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Битанем, јас те разбирам. Од желба да ти укажат на грешката и да се обидат да те оттргнат од ситуација во која сметаат дека ќе си повредувана и омаловажена, некои феминки можеби беа и преостри со коментарите, навлегувајќи во работи кои не беа предмет на дискусија. Од никот до турски јазик... па што бре ако има? Колку имаат турски никови и аватари со турски глумици на форумов, па чудното ми чудо... анонимен форум, креираш лик според некои твои чувства и интереси. Ја немав турски ник, ама имав аватар со турска глумица.... и со америчка .... и со европска ... ако сум праќала суптилно пораки со тоа, се извинувам за залажувањето. Не ми била таква намерата. :D

    Oна што ние сме го прочитале е едно, а она што ти си го доживеала е малку поинакво. Без разлика на извинувањето, јас лично не би поминала преку такви закани и качување преку прозорец во моја соба па тоа и со уште едно машко. Јес да детски и иритирачки е да раскинеш преку порака, но ова не се мери со првово. Лична соба на девојче треба да се почитува како личен простор на девојката додека таа не одлучи поинаку.

    Но, ако тебе ти е убаво со него, кои сме ние да ти судиме? Колку работи кои ни` биде на листата „никогаш нема да ги толерираме“ сме ги истолерирале од икс причини. Сме се демантирале самите себеси на неколку наврати. Се надевам дека повеќето феминки се грешка и дека ве чека убава иднина ... и како посериозна врска, зошто да не? Самата рече ќе студираш, веројатно нема да бидеш цел живот во твојата семејна куќа. ;) Можеби ќе имате шанса да излезете од тоа место кадешто предрасудите се многу поголеми отколку во градот и ќе ви биде подобро. Времето ќе покаже.
     
    На blueeparadise, Emotional123, blond.bunny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Уште срцката да кажеше дека и љубомориме на срекната врска и толку ке беше од мене и фемина.

    На 17 години си дете и КРАЈ.
    МОЖЕБИ ВРСКАТА СО МАКЕДОНЕЦ НЕМА ДА ТИ БИДЕ ПОУБАВА ОД ОВАА, АМА КЕ ТИ БИДЕ НАЈУБАВА. (тешко на 17 да сватиш што сакам да кажам, ама после опширниов пост изгубив и желба)


    И те молам да ни простиш на нас КУРВИТЕ од фемина, што секоја втора вечер легнуваме со друг за пари. Чек баш да постирам што си ни пишала.

    еве

    И не мислам дека свинското месо кој јадел колку изел има врската со темата. А велите дека ова било срамота? Епа за вас подобра е таа шо секоја вечер се е*е со различен за пари од мене што сум била со турчин? И бубаче јас не сум богата размазена принцеза и погоре ви објаснив како ги заработуваме парите и не сфаќам кај си видела принцеза да работи по ниви. и не кажав дека сакам да се мажам со него и самата знам дека ова ако не денес ќе заврши и ова не е сериозна врска.
    Пошто еве јас ги оправдувам таквите значи и јас сум тука некаде

    Искрено за мене таа што се ебе за пари е попоштена од колку таа што дава гага на некој што го рендал 5 ипол века.
    Барем таа што дава за пари, не го прави тоа од кејф туку од потреба, а ти при пари при декари земја се залета кај што не ти е место.
    Еден ден ке ти биде многу многу многу тешко, ама па што е еден ден нели?


    Викаш знаеш дека тоа не е сериозна врска, ама дека таа ке ти е најубава.
    Абе и јас на 16 го имав првиот дечко и мислев дека ми е најдобро, после него вториот, па третиот и за секој следен мислев дека е најдобро, арно ама денес навистина знам што е најдобро.

    уште овој дел да го разјасниме


    И вие продолжете да мислите дека сум дете и освен да осидувате и да се правите паметни тука ништо не знаете. И МНОГУ МЕ ИНТЕРЕСИРА КАКО НАВИСТИНА ИЗГЛЕДА ВАШИОТ ЖИВОТ, ДАЛИ СТЕ ТОЛКУ ПАМЕТНИ ИСКРЕНИ КАКО ТУКА НА ФОРУМОТ. Ама вие се испомешавте и баби и жаби и измисливте и ме претворивте во разгалени детиште кое има се и од лигавење нашла турчин. Ама утре дрѕгден кога ќе бидам сомакедонец незначе дека и со него врската ќе ми биде многу убава. А поубава од оваа сега нема да биде. Несакам да навлегувам во детали и да ви објаснувам зошто толку многу му верувам на турчинот затоа што не ме сфаќате ич сериозно и имате погрешно мислење за мене и толку. Ако сака некоја повеќе да дискутираме нека повели во порака.


    Ние ке продолжиме да мислиме дека си дете, затоа што ти и навистина си ДЕТЕ.
    Мојот живот е далеку од совршен, но секој ден се трудам да го направам се подобар, а тоа е да имам стабилна врска, семејство, работа, пријатели и најважното е да имам МИР а не да живеам под стрес и закани од некој.

    Ние не те претворивме во разгалено детиште, туку ти така си се понашаш, ние се трудиме да ти биде подобро, да не погрешиш. Ако сега не ни веруваш и сигурно и не пцуеш, ама ич не ми е гајле, ке знаеш еден ден дека сме во право и ти истите совети ке ги даваш на некое друго дете.

    И ние не сакаме да навлегуваш во детали за да знаеме зошто ти е добро со турчинот, доволни ни беа црешите. Да можеби тоа сега ти е романтично, ама еден ден ке сакаш во јавност да се појавиш, фамилии и пријатели да се замешаат, но знај тој ден нема да дојде во оваа врска, зошто сите ке те избегнуваат. Јас би ибегнувала таква пријателка, братучедка, фамилија. Не ми е закоравено мислењето, туку ја знам реалноста. Ретки се ваквите врски, а проблемите кај нив почести и поголеми. Само не прашувај зошто. Треба да знаеш зошто.

    И јас малечка од 13 години сум работела, затоа што моите имаа многу проблеми со разделби и сеите трауми и маки што идат во такви семејства, затоа и ти реков дека јас немам совршен живот, но се трудам, а ти си го зезнуваш.
    Нема да ти пишам приватна порака со совет, тука ке пишувам, за да може и некоја друга како тебе да прочита.
    Немој нас да ни се лутиш, вината да си ја побараш во себе и на крајот ти беше таа што побара СОВЕТ, ама што не прифака КРИТИКА.

    Ако мислеше да добиеш поддршка за врска која сите знаеме дека е малтретирање, тогаш си го згрешила форумот. Овде не сме за да селигавиме една на друга како на фб кога си даваме комнтари на слики, овде сме за да си ги кажеме маките анонимно и да си добиеме совет од некој кој тоа го поминал и знае. Ете и да не го поминал лично, можеби познава некој таков. Јас мила знам вакви случаи како тебе, а денес би дале се да го вратат времето назад.
    Пак ке ти речам, утре ке се омажиш за македонец, ке имаш деца, а што ако тој дознае? Цел живот тоа низ нос ке ти го вади.
    Ти си знаеш, што и како понатака со себе, а јас мојата должност како жена си ја исполнив.
     
    На Danira, n.n.123, Beautiful-Princess и 6 други им се допаѓа ова.
  15. devojka54

    devojka54 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    44
    1.Ако знаеш дека врската нема да трае толку тогаш зошто си во неа? Зошто не ја прекинеш? Зошто ако знаеш дека ако твоите дознаат би ти правеле проблем не ја прекинеш на време?
    2.Националноста (во овој случај македонец) не гарантира дека ќе имаш подобра врска. Тоа е индивидуално и зависи од човек до човек. Во твојот случај проблемот не е националноста него тоа што ти влегува дома и што можеш проблеми да си имаш со твоите.
    3.Зошто толку многу му веруваш? Ти бере цреши?
     
  16. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    106
    кој пат по ред целосно се согласувам со тебе??? секоја чест на одговоров навистина. мислам дека премногу реално и од срце ја советуваш :)) браво
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    106
    и не само за неа. ова нека послужи како пример за сите кои помислуваат да се вплеткаат во проблеми слични на ова. навистина одговоров заслужува внимание. и секој што бара мислење нека прифати сечиво мислење. за жал сите неможе да мислиме исто. нема лутење. кога веќе бараш совет прифати го советот и критиката а не да ги набедуваш оние коишто се обидуваат да помогнат... во право е окцензи тука сме за да си ги искажеме АНОНИМНО проблемите и да побараме искрен одговор.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Финтата е што девојчето лом го направивте, го исмејавте до максимум, ја извреѓавте, па почнавте по други мислења да копате, па исмејување за никот, па се фативте и за тоа дека типот и` берел цреши. Божем вие немате спомени... божем вие никогаш во животот не сте се излажале за некој дечко. Доволно е само форумов да се прелиста. И јас сметам дека направила грешка па не осетив потреба вака "од срце" да и` се обратам. Не секогаш “виртуелниот шамар“ освестува. Некогаш доволно е и со љубов и разбирање како жена кон друга жена да пристапиш... како што се советува во едни други теми тука...

    У темине за неверство повикувате на разбирање кон швалерките, а овде му викате на девојчето пооправдано било да одиш за пари отколку да се вљубиш во некој од друга националност. После ќе се чудиме зошто е младината ваква и таква. Не биле само Турците окупатори, ама за сите странци не важи исто. ;)
     
    На Danira, blueeparadise, nena2010 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.238
    Пол:
    Женски
    Ајде некој нека ми објасни зашто ја нападнавте девојката? Не сте биле заљубени до сега? Невини влеговте во брак? Дечко не ви влегол во соба без да знаат родителите?? Или не се важи тоа што сте се сексале додека неговите спиеле во соба до вас само зашто бил македонец. Оп одма ќе ја силува. Дајте малку олабавете аман полека. Кога ќе ви се спомне турчин, албанец , муслиман бегате ко од ѓавол, а онаму се лигавите по турските глумци. И пази и јас имам турска глумица на аватар, и во потпис имам анимација од турска серија. И ајде сега бујрум, распнете ме на плоштад. Инаку за никот Bitanem на турски значи една, единствена. Како што и сама кажа девојката е единица. И што има везе дали е напишано Bitamen, ili One and only?

    Девојче, кога мајка ти ќе седне со турските серии, а сакаш да разговараш, земи далечинското исклучи и озбилно кажи и што те мачи. Нема што да чекаш реклами.

    Ајде со арно со среќа да си го решиш проблемот.
     
    На sweet-bebufce, senza.parole, blueeparadise и 2 други им се допаѓа ова.
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Нена и Тесие јас во потполност се согасувам со вас. Несакам да се навредуваме ама некои кориснички од форумот се однесуваат како да се свтици, безгрешни како тие никогаш да не направиле нешто забрането или погрешно. Кога е во прашање туѓ живот многу е лесно да судиме, ама погледнете се во огледало и судете си самите себе пред се. И не само во оваа туку и во многу други теми место совет и мислење има многу навреди и осодувања. Девојчето ако сакала да ја осудуваат тоа го може секој па и некој од улица ама совет неможе секој да и даде. Пред се работата многу ја извртеа бидејќи дечкото бил турчин, па потоа нејзиниот ник Битанем, па црешите па некој јадел свинско па 1000 други работи надвор од темата. И повеќе ќе и помогневте на девојчето ако малку на пофин начин и без навреди и осодувања и објасневте. Во други теми некоја трчела по оженет, друга спиела со него, трета била швалерка и ред други глупости ама вие тоа не го осудувате очигледно за вас е ОК да се распадне едно семејство, а тоа што дете од 17 години "згрешило" вие го осудивте како 12 души да убила. И самите кажавте дете е а децата најлесно грешат. И чисто за ваша информација и јас сум била во врска со турчин и тоа подолго време и јас сум дете може да ама не сум глупа и ме сакаше, почитуваше, никогаш на ме навреди или понижи пред никого ни пак кога бевме сами. Се каравме и се како и сите врски ама никогаш не направи да се чуствувам поразлична од него. На крај краишта сите сме луѓе. Може сите тие работи што ги правела Битанем со дечко и може и вие некогаш сте ги направиле или пак дури ќе ги направите ама тоа за вас нема д абиде осудувачко бидејќи вашиот дечко ќе биде македонец. И за крај ако таа решила да си остане со него а колку што сфатив сака да се раздели, мислам небитно вашите навредувачки и понижувачки коментари нема да ја спречат туку само ќе го докажат вашето воспитување од дома и културата ваша како знаете да се изразувате и однесувате на форум а чим тука сте такви за во живо ич муабет не праам. Толку. 8)
     
    На Bitanem, tessie, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.