Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се справам со бубулициве?

Дискусија во 'Лице' започната од natasavip, 16 декември 2009.

  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    За чисто лице пред се најважна е исхраната. Таа претставува најважен фактор кој не треба да се занемарува.

    Храна богата со цинк
    Храната богата со цинк не само што може да направи акните да исчезнат, туку ќе спречи појавување на нови.
    Во оваа категорија спаѓаат:

    - Бадеми
    - Тавче гравче
    - Телешко месо
    - Леблебија
    - Школки
    - Семки од тиква


    Храна богата со каротеноиди
    Мангото содржи моќни пигменти наречени каротеноиди кои што му носат витамин А на вашето тело. Замислете го витаминот А како криптонит за акните. Ги напаѓа на 3 начини: го намалува воспалението, го стимулира регенерирањето на клетките и ја зајакнува кожата во борбата пртоив бактериите.
    Во оваа категорија спаѓаат:

    - Манго
    - Диња
    - Моркови
    - Спанаќ
    - Компири
    - Домати


    Храна богата со влакна
    Ако навистина сакате да ги исчистите несаканото шаренило на вашето лице, тогаш е време да се откажете од белиот скроб: кога луѓето ќе се решат да ги отстранат рефинираните јаглехидрати од нивната исхрана и ќе ги заменат со храна со повеќе влакна како кафениот ориз, за помалку од 12 недели веќе имаат дупло помалку акни.
    Во оваа категорија спаѓаат:

    - Кафениот ориз
    - Пуканки
    - Интегрален леб


    Ова го преземав од еден сајт, и се надевам дека ќе ви биде од помош. Секогаш најпрво се почнува од исхраната, па потоа се превземаат други третмани.
     
  2. rockstar

    rockstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Еве ви еден линк во кој има каталог со производи на база на мед и прополис има производи и за акни па пронајдете ги еве ви линк од таа страна. :) :!: Малку се скапи производите но со сигурност помагаат



    http://www.artlife.info/catalog.html
     
  3. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Јас според она што сум го гледала од различни видеа прилози на интернет заклучив дека повеќето производи против акни што се продаваат, барем кај нас ги немаат потребните состојки за да делуваат да се исчистат акните.Ова пред се се однесува на некои киселини сега не можам да кажам кои се точно, но од она јас што сум купувала лосиони, тоници, креми.... само ги кријат акните визуелно, не ги лекуваат од корен ако може да се каже само го ублажуваат црвенилото се појавуваат поситни акни, но сепак постојат! Е сега сакам да го споделам со вас моето искуство, значи јас немав многу поткожно или како се вика тоа кога е веќе сериозно, туку само ситни. Се мачев со еден лосион со друг од оваа марка онаа .... и да ви кажам ни е еден сите само ми го ублажуваа овој проблем визуелно а пак имав акни. Некое време размислував да одам на кожен лекар, и отидов, ми даде лекарката еден лосион што го припремаат во аптеките не беше прескап толку ги купуваме лосионите околку 200 денари значи не е од ниедна фирма марка и многу ми помогна како за акни и за црнки целосно се исчистија. Така да според ова што ви кажав дека ова мене ми помогна мој совет е да пробате, сепак се работи за доктори и не е скапо ако се ви сметаат акните, ако ги чепкате постојано ги сметате за проблем пробајте на лекар , ова најискрено ви го препорачувам. :)
     
  4. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Јас си имам проблем со црнки некогаш од нив ми се прават бубулички,на поголема светлина само ми се познаваат ама страшно ме нервираат! Викаш дела и црнките ти се исчистиле...Каде може да се најде тој лосион на друго место?
     
  5. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Пред 5 години ми се појавија многу бубулици по челото,што не пробав....најголеми резултати имав со производите на joung derm лицето ми се направи стакло многу ми пријаа.Секоја вечер си го миев лицето,се чистев со лосионот и на крај ставав гел на местата каде што имам бубулици и за месец дена ми се повлекоа и еве не ми се појавија веќе никогаш,би ти ги препорачала joung derm од лично искуство ако уште постојат,али зависи како ќе ти пријаат ете на другарка ми не и пријаа,зависи од кожата...ама мислам дека вреди да се проба...
     
  6. tla

    tla Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    mozes da probas so edno kako stikce na oriflame na baza na maslinovo maslo, ke stavis i vednas gi susi :)
     
  7. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    леле јас одамна се готвам да ги купам :)
    а што користеше ти? нели има лосион, тој гелот за навечер за акни, и мислам дека има и дневен гел али никаде неможам да го најдам, и пудра..али пудрата не ја зимам..
    што имаш користено, и што препорачуваш? :)
     
  8. Minuska

    Minuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    12
    мачкај ова, мачкај она... не јади мрсно бла бла бла бла... :/
    на секој е различно, може се на нервна база, може се поради јадење на мрсно, може се дека сме користеле некоја крема што не ни одговарала...
    ја иам лице стакло... а искрено еднаш у животот пробав крема за бубулици од братучетка ми да стаам и лицето другиот ден ми беше нафрлано... од тогаш не користам ништо... баш ништо, ни крема за лице :)
    само си мијам лице со вода и топ ми е, пробајте не ставајте ништо па да видите какви резултати ке има :)
     
  9. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски

    И обавезно практикувајте го следното

    1.Лицето чистете го два пати дневно(наутро и навечер,а посебно навечер пред спиење обавезно)
    2.Изберете средство кое ке одговара на вашата кожа(гел или пења за миење лице)
    3.Секогаш миете го лицето со млака вода(жешката вода со тек на време ја оштетува кожата,а ладната не го мие темелно)
    4.Миете го со сунѓер или четка за лице со меки влакна
    5.Измијте ги рацете пред да почнете со миењето на лицето
    6.Лицето нежно избришете го крпа
    7.После миењето исчистете го со тоник
    8.Редовно користете крем(наутро и навечер) соодветен на вашиот тип на кожа

    Ако секојдневно се практикува следното нема да имате проблем ни со бубулици ни со црнки и да не заборавам лицето НИКАКО чепкање со раце.
     
  10. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    мене ми беше лицето катастрофа целото со бубулици посебно на челото ...+ јас имам бел тен и нонстоп ми црвенее лицето а со бубулиците уште полошо беше...и + мрсна ми е коата и со нив изгледаше стварно многу мрсно и несредено...ми помогнаа многу лосионите ациди борици и клиндаминицин....прво на памуче се става од ациди борици па одма после од клиндаминицинот, и така се остава не се брише...ставав пред спиење и на сабајле..и сите прометија дека многу ми се исчисти лицето сите ми викаа така...сеа ми се потроши и незнам заспто не купив и пак малце ми се појавиа бубулици ама не ко порано туку на чело мали и утре пак ке купам...ако почне да се прави некоја бубулица одма ја суши не и дава да се доправи , а големите што болат ги суши за отприлика 2 дена... :)
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ќе можи да ни кажиш што е тоа ациди борици?и каде да го најдиме плс
     
  12. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    тоа ти е течност така се вика , а го има воаптеки јас тогаш од зегин купив
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ти благодарам ќе се информирам може да се проба и ова чудо :)
     
  14. babe

    babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    4
    Девојки и јас имам проблематично лице, па ве молам за помош. Имам користено повеќе лосиони и креми, но некако немаа некои подобри ефекти и моментално го користам гелот Nivea Visage Young и навистина ми се допаѓа како делува, го суши лицето а исто и акните исчезнуваат. Но, сакам да ве прашам ако знаете за некој лосион или крема што помага за исчезнување на флеќите од акни ?? Ве молам ако некоја знае нека пиши! Поздрав :)
     
  15. natural.beauty

    natural.beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    476
    Јас ви препорачувам да користите Doctors anti acne мене многу ми помогна. За две седмици користење цело лице ми се исчисти. Сеа користам Doctors Protective за да си ја заштитам кожата, a и многу помага во изчезнување на флеки од акни.
    А и сода бикарбона помага во сушење на бубалициве и намалување на црвенилото, само не треба да се остава повеќе од 15 мин. на многу проблематична кожа :)
     
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Јас најчесто користам Nivea крем но претходно си го мијам лицето со Clerar Skin од микрогранули. Имам забележано дека кожата долго време ми ја одржува чиста и затегната и презадоволна сум со него. Па, мислам дека и тебе би ти можело да ти помогне во борбата против бубуличките на лицето. (Секако со редовна употреба). Или пак она што веќе сите го знаат од камилица препаратот на природна база.
    И меѓудругото, намали со мрсна храна! Мајонез и јајца најмногу. И помалку конзумирај млечни производи. (Секако, не да ги исклучиш од исхраната, но јади помалку). Јади исто магдонос, помага многу за убав тен, поготово за лицето.
    Ова ти го велам бидејки покрај пубертетот некогаш и несоодветната исхрана многу влијае врз одредени промени врз телото.
    Како на пример дебелината (моја појава) за жал. Бубулиците, целулитот итн.
     
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.680
    Допаѓања:
    6.571
    Nivea Visage производите. Мислам дека се користат за комбинирана до мрсна кожа, а јас воопшто немам мрсна кожа па кога имам проблем некој, да ми искочи некоја бубуличка само си ставам од стикчето и веднаш ми ги суши. Внимавајте, се користи само на исчистено лице! Исто брат ми има многу мрсна кожа и користи една течност, се вика анти-акни и вели дека многу е задоволен од неа. :)
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  18. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    за да се справуваш со бубулиците треба да избегнуваш мрсна и калорична храна.
    и види има на нивеа некој гелови и тоници, па пробај со нив , ако нема ефект имаш од гарниер колекција за тинејџери види со неа.
    ај хоуп ај хелп ју
     
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    мрсната и калоричната храна имаат многу мал удел при исчезнувањето на акните и мозолчињата
    кожата многу е важно каква е и воопшто не е препорачливо да се експериментира со кремови и лосиони, "ај не ми оговара овој, ќе пробам со друг"
    Така лицето повеќе се оштетува.
    Моја препорака е да си посетите дерматолог доколку имате акни, бидејќи тие можат да исчезнат, меѓутоа лузните нема.
    Јас каде шо одам на козметичар, газдарицата е дерматолог и секогаш кога правам третмани на лице и кажува на вработената со какви препарати да ме прави, бидејќи не се сите универзални, меѓутоа моето проблематично лице ме тера на секој месец и пол да се занимавам со третмани :)
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.551
    Допаѓања:
    201.684
    Пол:
    Женски


    Nivea Visage се за после 25 години, ако не грешам. А ти си уште тинејџерка?!