Здраво девојки и јас како вас имав проблем со бубулиците, но повеќе немам откако почнав да ја користам линијата Dermanorm-Acne and oily skin од германската козметика Dalton (поскапа е од останатите продукти за акни кои ги имам пробано,но единствено она ми помогна и ми го реши проблемот со акните). Кој може да си дозволи,топло му препорачувам да ги проба затоа што ефектите се забележуваат веднаш. Се надевам дека ви помогнав и дека ќе успеете и вие да се справите со овој проблем еве ви и линк од facebook па можете да видите за што станува збор http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... 8478354017 Поздрав
А сварно помага во исчезнување на флеки,тебе лично ти помогнало?Зашто мене цело лице ми е со флеки и со црвенило...
Да јас многу ги стискав брумчињата и имав многу флеки, кремата мајка ми случајно ми ја купила и навистина ми помогна, не е скапа околѕ 150 денари е .Го имам пробано и тоа со содата бидејќи бев ужасно црвена кај носот и образите. Мешаш сода бикарбона,малку вода и сок од лимон, го нанесуваш на црвенилото и чекаш околу 15 мин. (јас чекав да ми се исуши) потоа можеш да го измиеш лицето со млака вода или кога ке ти се исуши само ќе падне (кога го миеш со млака вода прво лицето ќе ти стане уште по црвено а после 1-2 мин. изчезнува црвенилото)
Ок фала мн ке пробам и ова,а мене на дерматолог ми рекоа дека нема никаков препарат за отстранување флеки и црвенило и мн се разочарав ама ке пробам со ова фала.
Истиот проблем го имам и јас... ШТО НЕ СУМ ПРОБАЛА! Почнувајќи од кремите и лосионите на Doctor's, Лосиони со клиндамицин, Бугарски и Германски креми, ЛЕПТЕН, два козметичари...Дури почнав да пијам и анти-беби пилули, не заради вообичаеното дејство, туку поради тоа што гинекологот ми ги препорача, токму за лицето... Домашни маски (без експериментирање) ИМАМ НЕПОЛНИ 16 ГОДИНИ!!!
Се согласувам дека во истиот момет кога ќе почнете да ги третирате акните,треба да се почне да се бара и причината зошто се создаваат.Сепак како голем паталец,најтопло ви ги препорачувам Courtin гел за миење лице (јас го најдов во ЗАМ аптеката во порта влае),потоа зелена глина (за надворешна употреба,ја има секаде,дисконти аптеки) и пилинг и stylo sos pen(колекција Pure-extra strong) од Garnier.Последниве две многу ми помогнаа.Јас еден ден ставам маска од глина,па лесно кремче,па магичното пенкалце од Гарниер,а другиот ден правев пилинг,па лесно кремче,па само на местата со акни зафатени со пенкалцето.Мене навистина ми помогнаа,понатаму кога ќе се смират,може и поретко да се прават овие третмани,но секако дека бара упорност.Содржината од пенкалцето може да се нанесува на скните повеќе пати во денот.Би сакала доколку некоја го испроба моево решение,да ми пише какви резултати има!Поздрав
единствено нешто што ми помогна девојки миење лицето со ладна вода и само ладна чистење со хлорамфениколот и ставање хидратантна крема долго време ми се нема напраено ниту една бубулица да не се урочам лицето ми е мазно и меко и да не заборавам никако гибање лицето никако со среќа девојки
јас мака мачам со поткожни бубулици, редовно ставам зелена глина и го мијам лицето со пилинг против црнки Неутрогена мнгоу е убава и лесна но поткожните никако не можам да ги решам! кој има сл икскутво нека даде совет!
Јас ги купувам од парфимеријата Unique спроти ГТЦ и во аптеката Eurofarm во Ramstore. Таму можеш да ги најдеш сигурно Мене многу ми помогнаа се надевам и на тебе исто
Се согласувам со Chocoholic.girl Dalton се супер производи, вредат парите за таков квалитет. Кој ги пробал знае
ај да пробам ја да ви помогнам со проблемов...значи тргнувам од себе, знаете како викаат не прашувај гаталец, туку паталец...е сега поголем паталец од мене на оваа тема мислам дека нема, имав 8 год.континуиран проблем со акни-не зборувам за пубертетски акни, пубертетот одлично го поминав, туку за оние другите кои од ништо не поминуваат и се појавуваат кај адолесценти....за тие 8 години имам пробано „све и свашта“ од лекови, третмани, терапии, а ги поминав и сите познати дерматолози и дерматолошки ординации во градов, се исподавав еден куп пари-мислам дека ако немав акни ќе возев ламбурџини дијабло до сега , но што е тука е, туку проблем беше што акните пак се враќаа за одреден период... веќе моежби повеќе од 2 год. акните ги контролирам со многу ефтин и корисен лек...обични капсули цефалексин антибиотик (рецептот ми го кажа една стара аптекарка) ....е сега капсулите не се пијат туку се ставаат директно на кожата пред спиење откако претходно една капсула ќе се раствори во зовриена вода (околу едан кафена лажичка)-овој метод се користи само 5 дена последователно, па 5 дена се одмара кожата и се така до 3 интервала кога се прави малце поголема пауза...а за периодот на пауза, но и за останатиот период може да се направи и тоник од антибиотикот и алкохол од 70% (во 50 мл алкохол се истураат 2 капсули), кој се чува во фрижидер и се користи за чистење на кожата вообичаено наутро и навечер (со исклучок на оние 5 дена кога пред спиење се става растворената капсула со вода).... за мене ова е единствениот лек кој досега немав потреба да го сменам затоа што по извесно време му поминало дејството (како што беше со сите други скапи лекови и козметички препарати и третмани).....некогаш лекот е 5 пари само треба имаш кој да ти го каже, така викале старите...јас искрено се надевам дека овој лек ќе ви биде и вам корисен...па со среќа нека ви е