Пред некој ден бев кај матичната на преглед (за херпес) и ја прашав за бубалиците и ми препорача една козметичарка и ми закажа за 20 јуни ... тамн ќе завршам со школото иако има добри резултати ќе ви пишаммм DDDDDDD
содата помага и кај флеките за нивно избледување јас почнав да ја користам одмреме на време за тоа има ефект
и јас ги стискам обично , само што им ставам паста пред спиење и сабајле го нема црвенило околу неа, малце е исушена и за побрзо време ке помине
вака и јас имав ист проблем како вас феминки,се и сешто ставав на нив се што ке чујам ке купам и ништо не ми помага на крајот ми препорачаа на доктор да одам кај некоја баба да ми бае 3 пати и дека ке ми поминат,се случи и тоа отидов и за околу 20-тина дена ми поминаа сега ми е чисто лицето и немам ниту една.позз
А од што ти баеше таа? Се мачкаше нешто за тоа време? ај те молам ако сакаш пиши ми во ЛП како идат тие работи сакам и јас да пробам
Секогаш ми се појавуваат акни пред менструален циклус,пробав од се до се и веќе не знам што да правам.
Кога ќе ги истискате бубуљиците, за да се намали големината и црвенилото, ставете мед измешан со цимет на нив(проверено од лично искуство )
феминки јас имав сериозни проблеми со лицето, имв огромни бубулици со гној, ставав се и свашта, одев на козметичар, правев ласер третман али бадијала беше се додека не појдов на гениколог. Сега лицето ми е стакло од апчиња diane 35 малку ме угоија пошо отвараат апетит и задржуваат мало количество вода во организмот. Резултатите се осеќаат после 3тиот месец, се пијат 6 месеци, јас имам уште 2. Ако имате некој проблем со бубулки а да не ви помагаат креми и глупости обратете се кај гениколог, бубулките мозе и да се последица на полицистични јајници
На косметичар ја мислам никако да не се иде. Уште полошо може да ти стане лицето.Најважно е да се одржува чистотата. Мисалм дека доста ефикасно е да се мие лицето со глицерински сапун,и пилинг не лошо да се прави. И подоле прочитав за пастата за заби. И таа многу ефикасна (од искуство кажувам) И најдобро е да идете на кожен лекар што се разбира од ова. Тој ќе ви препише нешто добро што одговара на вашиот тип на кожа. Пошто не сакој производ дејствува исто на секој човек
+ Леле зарем и ти со тие ?? Е сеа коа ке престаниш да ги пиеш ке ти излезат пак... Немој више да пиеш... Во СТранство јас бев за тие... И ми рекоа да го тужам докторот.. Пошо тие се давале на жени шо вејке не сакаат да раѓаат деца... ЛЕле и јас се заебав со нив .. 1 година пиев ...
Девојки верувале или не Павловичева е смрт за бубулици Ова ви го кажувам од лично искуство уште по првиот ден има видливи резултати одма ги суши и повлекува. Ова ми го препорача една наша феминка во темата за Павловичева маст и еве веќе ја користам три дена и лицето никогаш не ми било почисто па така ќе продолжам да ја користам додека не ми стане стакло лицето. Напомена: ја користам Оригиналната Павловичева маст, а не Павлодерм и таа розевата мислам дека Детска се викаше. Се мачкам двапаи сабајле и навечер одкако прво ќе го измијам лицето со сапуот за акни на Докторс. И независно дали вие е мрсна кожата или не. Дури и да сте исфрлани, ќе ви се повлечат акните. Пробајте.
да да сосема во ред е ова го кажувам бидејќи јас имам мрсна кожа. Нормално малку ќе свети лицето, али ако те нервира што светиш по некое време можеш со салфетка да го отсраниш вишокот маснотија.
Не знам дали сум пишала и да сум пишала еве пак Во пола литар или литар вода се вари една китка магдонос, се прави чај и откако ќе се свари се цеди преку газа магдоносот за да се истисне целиот сок, и кога ќе се олади се додаваат 4-5 лажички јаболков оцет. Се мачка со памукче 4-5 пати во денот. Рецептов го слушав на ТВ и жената што го кажуваше кажа дека помагал за црнки и за акни и дека за 7 дена се забележувало губење на акните, црнките. Btw братучедка ми го испроба пошто немаше време за 4-5 пати да се мачка во денот, по 2 пати се мачкаше и задоволна е. Се надевам на некој ќе помогне.
јас го користев ова и искрено воопшто не ми помогна . се мачкав 3-4 пати на ден 20-тина дена и немаше ама баш никаков ефект. пробав и многу други работи ама ај сега да не развлекувам. и кога ништо веќе немаше ефект, отидов на дерматолог и по негова препорака бев на гинеколог и открив дека имам цисти на јајниците и пореметување на хормоните. затоа мој совет е пред да почнете да ставате сва и свашта на лицето консултирајте се со дерматолог
што знам и јас имав на 14 години бубулици ,но со тек на време се губат. Џабе користев лосиони...пубертет си е пубертет. И обично имам повеќе бубулици кога добивам. Не се секирај ќе ги снема...И најважно од се до исхраната е ...не јади многу масна храна како хамбургери, пица...овошје зеленчук а тоа другото во одредени количини поздрав
Кога имав 13-14 години имав мозолчиња и мноогу се нервирав. Но од кога почнав да користам зелена глина лицето ми се среди. Секој ден лицето си го мијам со сапун од Doctor's а зелена глина користам на 2-3 дена и лицето ми е сосема чисто. Но како што прочитав, тој гел Avene па ќе го купам да видам што ке биде.
Здраво на сите. Овде е една машка особа на 20 години. Сакам да го споделам мојот проблем со бубулиците и акните на лицето со вас, а можеби и ќе помогнам некому. На почетокот кога имав 14-15 години ми се појавува бубулици и акни, но во помало количество. Со текот на времето, ситуацијата се влошуваше. Користев еден куп препарати, гелови, масти, паметам неколку имиња: Rekonazol, Dalacin, Oronazol, Glindamicin, Hlorakol, Hloramfenikol, Gentamicin... користев маст на база на прополис донесен од Романија, ги користев гелот и лосионот од Леа, пиев терапија од д-р Докчев, бев и кај други дерматолози, некои ми велеа дека морам да се сончам, други ми велеа да избегнувам сонце, пазев на исхрана, редовна хигиена, антибактириски и глицерински сапуни... ...И после се ова, ситуацијата експлодираше јули-август 2008, следеше пад на самодоверба (нервози, солзи..), пудра на цело лице користев, немаше лек после сето пробано, и пристапив кон малку порадикално решение во тотален очај, лицето 2 пати дневно во период од неколку дена си го мачкав со сопствената урина. Тоа малку помогна верувале или не, а набргу после тоа, се решив да одам на козметичар. По препорака, се обратив во козметичкото студио Афродита (се наоѓа кај Дијагностички центар во Скопје). Таму, сопственичката на студиото госпоѓа Вероника (искусна личност за вакви проблеми) убаво ми објасни дека лицето прво мора да се исчисти одвнатре од насобраните масти и гноеви, инаку џабе ќе биде и секаква маст и ласер. Одев на третмани таму година време, лицето ми се исчисти од акни, логично, остаа дупкички на лицето . После прекинав таму, бев уште неколку пати кај козметичар овде во Тетово, а еве веќе околу година ипол не одам на козметичар (немам потреба, лицето ми е супер во однос на тоа што поминав [иако и сега константно имам по една активна бубулица], редовно си го мачкам со Doctor's Antiacne помадата како превентива и како лек за инцидентните бубулици и акни, [oваа помада се покажа како доста кул]). Дупките на лицето логично останаа, сега и за тоа барам лек (видов дека тука го препорачувате CONTRATUBEX, па веројатно и ќе го пробам). Од денешен аспект, според моето огромно искуство со ваков проблем, можам да кажам дека од особа до особа секој препарат различно влијае. Доколку имате среќа, ќе го најдете вашето решение на почетокот на потрагата, доколку немате среќа, како што немав ни јас, ќе се нервирате доста. Сублимирано, мојот делотворен рецепт беше третмани во Афродита кај г-ѓа Вероника + главата горе и покрај нарушената самодоверба + упорност да се истрае... Денес, јадам и благо, и чоколади, и мрсна храна, и се сончам (во мојот случај, сонцето страшно позитивно влијае, пробајте и кај вас, не следете ги на слепо советите од дерматолозите за неизлегување на сонце, и мене тоа ми велеа, се покажа спротивно, нормално, зависи од типот на кожата). A помадава од Doctor's, Аntiacne, многу фино ми дојде. Останува уште да го пронајдам лекот за дупките, ќе пробам со CONTRATUBEX, ако имате некој друг, препорачајте. Оптимист сум и за овој проблем, кој сепак знае и тоа како да смета на самодоверба и расположение, особено ако се погледнеш со 2 огледала во профил под силна светлина и ќе си речеш „бреееј па јас сум имал лузни“. Ама мора да се гледа позитивно, бидете оптимисти, пробајте да ја одржите самодовербата на високо ниво (знам колку е тешко, не зборам напразно), лекот ќе биде изнајден, порано или подоцна, кој колку има среќа... Среќно во потрагата, и пробајте го мојот рецепт: коз. студио Афродита + многу сонце + огромна самодоверба + неоптовареност со тоа што јадете. Поздрав до сите
Па вака, јас искрено баш немав поголеми проблеми со бубулиците (си поминав со лесно :wink: ) но мојата најмала братучеда која има 14 години не си минува баш така. Нема кизнеј колку бубулици и не е нешто страшно за нас повозрасните но неа и е страм да ги носи така па поради тоа носеше кркми (или шишки како сакате) бидејќи најмногу имаше на челото. Пред 1 недела бев со нејзе во парфимерија и прашав за некаква пудра, иако можеби ќе бидеше малку штетна сепак да ставаше по малку за да и се закриваат и да и биде попријатно. Од таму ми дадоа пудра „MAYBELLINE“. И ја однесов пудрата (ја купив 450 ден), и и реков секој дена да става подлога на лицето (читај:било каков крем), а врз него пудрата. И еве за рок од само 1 недела лицето и се исчисти ( но сепак се создаваат нови нели тоа е процес кој мора да се преброди) но сепак и таа има поголема самодоверба и гордо го покажува нејзиното чело кое е сосема заздравено од флеките од бубулиците како и од самите нив. Се надевам дека помогнав малку од малку и дека и да ја купиш оваа пудра нема да ти наштети бидејќи е врз природна база и е богата со минерали и ќе ти ја одржува кожата чиста