Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се справам со бубулициве?

Дискусија во 'Лице' започната од natasavip, 16 декември 2009.

  1. Devica88

    Devica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    13
    Доктор Борис Хаџи-Николов од Гевгелија,мене ми го решава моментално проблемот.Многу ми помогна после 5 години третмани и трчање по болници во Скопје и Софија-Бугарија.
    Човекот е просто "волшебник". :)
    Има техника за бубулиците што никој во Македонија не ја работи од страв дека ако се стискаат демек повеќе излегувале..-точно е,мегутоа тој го прави тоа на посебен начин така што не дозволува инфекцијата да се раширии уште повеќе да се појават.Мене ми помогна многу,благодарна сум му,така да ако има некој проблем голем со бубулиците нека се јави кај него , сигурна сум дека ке најде чаре :)
    Имам пишено за мојот проблем погоре пред некое време,сега сум на терапија со апчиња и еднаш неделно одев до кај докторов,веќе не бидејки сега останува на апчињата на исчистат сто остана,па ке одам пак да видиме после што ке правиме со флеките и белеците пошто сум сигурна дека ке имам бајаги :)
     
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Кога треба да добијам ми излегува тук - таму по некоја бубулица, а инаку имам чисто лице.Е сега јас си имам една постапка со која ги чистам бубулиците, не е воопшто комплицирана, нити бара некои особени средства.
    Прво што им правам ги стискам, знам дека не е правилно ама едноставно не можам така да ги гледам.После им мачкам паста, таа ги суши.Секако не од еднаш, секоја вечер ќе се намачкам со паста и до сабајлето така стои, после ја мијам.Е сега не треба на цело лице, туку само на бубулиците, значи директно на нив.И после сами се губат. :)
    Некогаш и кога има дома рендам кора од портокал, ставам на вата и држам така некое време.
    Еве и на фемина има некои статии за бубулициве.
     
  3. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Пишав и во друга тема но ќе пишам и тука бидејќи може да е од корист на некој кој ќе ја разгледува темава, дека слушнав од блиска личност која имаше проблем со акни многу по лицето, дека била кај некоја жена која се занимава со медицинска козметологија, Жанина козметикс беше нешто името на козметиката или козметичкиот салон, и се наоѓа кај нова железничка.
    Сите кои биле кај неа по 6,7, третмани на лицето од по 500 ден мислам, им се исчистило лицето, зборувам од премногу исфрлено лице, дека добиле баш чисто и мазно лице.
    Се надевам на некој ќе му послужи информацијата, подетални информации немам но распрашајте се, инаку принципот е сличен ако не и ист, со тој што го пишала девојката девица88 погоре. :)
     
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    4.556
    Пол:
    Женски
    Кас пак слушнав од блиска личност која имаше проблем со акни многу по лицето дека го чистела со ракија и во неа малку сол наутро и навечер и скроз се изгубиле
     
  5. Devojche

    Devojche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    36



    ако се работи за Жанета..подалеку од неа,само парите ќе ви ги собере,ништо друго ! знам од искуство на една другарка .
     
  6. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Не знам дали е истата жена, ми рекоа ја имало на реклама и на телевизија не знам на која програма, но другар и негов другар биле кај неа, и им помогнала со неколку третмани, и лицето им се исчистило, а претходно од ништо друго не им поминувало.
    Тоа што велиш кај другарка ти доколку се работи за истата жена, можеби не успеало, бидејќи секој има различен тип, на кожа.
    Но кога некој си има проблем, ќе проба на секаков начин да го реши, па каде успее таму...
     
  7. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Мене парење со камилица и плакнење на лицето исто со камилица ми помага. Одма се познава меко и свежо откако ќе се измие лицето.

    Освен тоа, одмарам кожата од пудра и секаква шминка, само мијам насабајле и навечер без сапун без ништо и одма после чистам со масло од невен.

    Павловичева исто.
     
  8. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Исто и вујна ми има исфрлено лице, идеше пред некое време кај неа и нема некаква промена.
     
  9. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Незнам дали имам пишувано во темава или на друго место...
    Мене ми помогна Др. Николина Лазаревска од Медикоз. Ме третираше со антибиотик со форези и после се мачкав со крем. Докторката е специјалист дерматовенеролог, не е приучена козметичарка.

    Кој сака контакт, нека ми пише ЛП.
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јас кога ќе ми се појават ставам маст Хлорамфеникол и ги истиснува на површината и сами излагаат, пробајте и вие.
     
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас имам на челото но не се со гној...онака многу ситни се...и со овие како да се справам?
     
  12. Devojche

    Devojche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    36

    Тоа ти е фабрика за пари,ништо друго..другарка ми плакаше креми кај неа 5 пати поскапи од колку што се во продавница...
     
  13. strawberry009

    strawberry009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    Јас имав премногу исфрлано лице со акни, и морав да користам пудра секогаш! Ама еден ден по препорака на една личност почнав да користам Клиндамицин течност! Многу е важно правилно да се користи тој антибиотик! И по долго третирање што значи треба упорност, резултати има после некоја недела, не одма, јас сега имам стакло лице, и не користам ни пудро ни ништо само крем за лице! Да напоменам дека сега кога ке се туширам си го мијам лицето со сапун палмоливе и тоа е тоа....ако пак ми дојде лицето такво ...стар и проверен Клиндамицин!
     
  14. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Да се цитирам само, никако практикување на ова секој ден, па ни на недела дена не е најпаметно, што поретко подобро. Ептен кога имате тежок проблем, од премногу често парење се шират и прскаат капилари по лицето.
     
  15. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Ми искочија прееска 2 малечки и страшно ме нервираат, а до утре мора да ги нема.
    Нешто домашно да ми кажете како да ми поминат? Пошто недела е не работи ништо.. :worried:
     
  16. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Имам читано се прави смеса од мед и цимет и се става на акната а се мие дури наредниот ден,кора од портокал,паста за заби,колку се ефикасни незнам.
     
  17. lejlamkd

    lejlamkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Ифкичке .. ако си од Скопје ти препорачувам да појдиш во Дерма Медика кај др.Пешиќ
    Прават компијутерска дигитална анализа на состојба на лицето . и ќе ти предложат соодветен ласерски третман . Највероватно ќе ти препорачаат терапија со Fraxel ласерот (како што пребарував низ гоогле и некои странски форуми , бр. 1 е ласер во дерматологијата и е доста е ефикасен за таква работа , и никој не се пожалал , можиш да видиш слики пред и потоа).. тој ја регенерира кожата и затвора дупкички и пори на лицето. Прегледот е инаку скапичок - 600 ден е кај останатите дерматолози во ординацијата , а кај докторот Пешиќ е 1000 денари + компијутерска дигитална анализа на состојба на лицето кошта 1500 , значи од старт 2500 , цената на ласер третманите не ја знам , а не верувам дека е евтинка .. Кажи ми што си направила . Поздрав
     
  18. iFkica

    iFkica Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2


    Сега ја видов поракава шо ми ја имаш пишано... Иначе не сум од Скопје.... и ништо не направив не сум појдена, но ќе размислам да ти кажам и би пробала да се распрашам кој е како е докторов и би одела да пробам... А инаку да ти кажам прав некако ми е страв вака со ласери со триста чуда зошто имав една другарка и таа беше така на ласери и негде 3 -4 месеци лицето и беше чисто стакло и потоа почнаа да и излегуваа големи акни со гној... страшно беше... и сега таа сама вика ласери никако само тоа го вика и нз шо да прам.... Сепак фала ти пренајмногу за советов па ќе видам поздравчее :*
     
  19. Lady-Cha

    Lady-Cha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    Make-up трикови

    Помош...имам бубулици на лицето како да ги отстранам до утре итно е , кантарион дали помага ???
     
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Стај паста за заби,може да се подзасушат... и маска од сол исто...малку сол и малку вода се мешаат,да се направи паста, и се става на лицето, чекаш да се засуши... И аспирин можеш да издробиш и капка вода, да ставиш на бубулицата...