истискај, згмечи патлиџан еден така позрел ке пече, али ќе пројде ова нов совет слушнав денес збореше другарка ми има тежок проблем со акни иначе мене сеа ми излегоа за прв пат мали ситни бубулчиња, еве слушам на јанг дерм било добро тоа за чистење, претпоставувам не е скапо ќе го купам а после употребата треба лицето да го измијам и дали нешто некоја крема треба да ставам, и во кој дел од денот кој знае нека ми каже
Јанг Дерм не ти е скап мислам дека беше негде околу 70 денари. Тоа е лусион за бубулици и ставаш сабајле и навечер, а за крема и не мора да ставаш за да има дејство лусионот. Доколку ставаш крема подобро нека биде некоја за бубулици така ќе има поголемо дејство, само ќе ја ставиш псоле 5 минути од лусионот, чисто да почекаш малку да се упие во кожата. А да ќе заборавев и не се мие.
Јас би ти го препорачала повеќе Хлоракол. На времето кога бев во пубертет користев Јанг Дерм ама не ми помагаше нешто многу, после го користев на Леа лосионот со клиндамицин кој беше подобар. Сега си имам дома Хлоракол за секој случај, ако ми се појави некоја одма да ја санирам Само не е за редовна употреба, т.е. ако го користиш месец дена после треба мала пауза, али за мене лично е најефикасен. И е околу 90 денари во Зегин
Прво и основно, не треба да се стискаат. Кога се стискаат тие стануваат се поголеми, поцрвени и повеќе се познаваат. За нивно исчезнување има различни лосиони, гелови против акни. Јас ги користам лосионот и гелот против акни - Lea. Спојлер Прилично добри се. :up: Иначе пред неколку дена ми се појави една. Незнам како почнав да ја корнам. Ај што стана поизразита, туку и како разранета беше. Маската со јаболко и мед од Природни маски за лице против акни, многу ми помогна и сега бубулицата е во процес на исчезнување.
Девојки последниве два месеци сум нафрлена кај брадата и деловите кај вилицата-од страа, купив еуцерин-колекцијата што е за кожа склона кон акни и ја користам веќе 3 недели али резултати баш нема-какви што очекував... Ми помогнаа околу црнките, но за бубулициве не баш. Имам 19 години и се си мислам дека сигурно е пубертетов али па никогаш не сум била склона кон оние типични бубулици со гнојче освен ако сум пред добивање. Инаку имам комбинирана кожа, и можда не ми била секогаш гланц лицево али кога ставав пудра на пример ми изгледаше чисто. Е сега имам другарка што ми кажа дека можеби и ми е од јајниците-пошо не сум имала едно 5 месеца секс Сега читав дека павловичева помага и ставив тенко слојче на бубулиците па ќе видам како ќе станам сабајле. дали олечена или отечена
Јас користам една маска од Авон на cleaр skin и сум презадоволна, воопшто не жалам шо ја зедов, ми помогна многу, имав околу устата, носот и на челото, сите ми се изгаснати за околу 3 недели, Пробајте ја.
да ти кажам страв ми е више да ставам све и свашта! Пробав со дермогал, паста за заби(да ги суши бубулиците али прави темни флеки на самото место) еве сега и со еуцерин да видам па со Господ напред.
Ми кажаја мене дека имало некој лосион Хлорофеникол се викал и многу помагал, Побарај го по аптеките докај 100-тина денари бил.
Епа најефикасно знајш шо било, јас се пресмеав ко ми кажаја , значи првата мочка одсабајле, ко ќе немаш менструација, кје ставиш малку на памбуче и ќе се намачкаш на лице, и нека постој 5-10 минути и после се плакни со млака вода,и лицето се праело стакло, другарка ми клаваше ни една мозолка нема, звучи смешно , ама јас ќе пробам.
Како до чисто лице? здраво девојкии, не знаев каде да го поставам прашањево но мислам дека е соодветно во оваа тема до сега не сум имала проблеми со акни и слично, или па ми излегувало по нешто еднаш месечно, но сега осеќам на челото точно помеѓу веѓите, огромна поткожна бубуљица, значи не е излезена ама се осеќа топче големо под кожата и малку црвенило. многу ми е страв дека ќе ми излезе баш за нова година, имате ли некој совет, што да му правамм? :/// ви благодарам многу!
Јас сум немала некои поголеми проблеми со лицето но сепак користам NIVEA PURE->EFFECT ALL-IN-1 и сум задоволна од производот..
Колку што знам јас, треба на секои 2 недели, минимум. Не е добро да се употреби оваа метода доколку имате рани од акни.
хмм.... глупо ми е сега да коментирам оти како шо гледам последниот коментар е од 25 Дек. минатата година ама ај ќе коментирам.. ги прочитав коментарите од првата, втората и последната стр. и видов на првата Vodolija имаше спомнато лосион со Клиндамицин.. Јас имам лосион со Клиндамицин - Lea, и ти велам - џабе ќе си ги арчиш парите за то... Мислаам кај секој е различно ама мене ич не ми помага .... Мислам дека појќе се исплаќа да си купиш од Нивеа Јанг (Nivea Young), стик (ќе ставам слика подолу, овде во Веро (Битола) е 285 ден. а Клиндамицинот е 210 ден... Сори, малце ќе бидам офф-топик ама да си ја кажам јас мојата кратка приказна - Бевме излезени со другарками, имав негде 300 ден. и барав исто од Нивеа ама крем, ама ете се погоди и стик имаше таму (оти тие се постара колекција - Nivea Young, поновата е Nivea Young Derm мислам) и тогаш другарка ми ми вика - Абе брачеда ми има еден стик, мајка ми и го препорача од Авон (или Орифлејм), негде 200 ден. е, и и се јави на мајка и таа и рекла дојдете тука (на работа кај неа, приватно работи нешто, депилација мислам) па ќе видиме.. И си реков супер ај, ќе си најдам за поефтино и ојдовме таму кај мајка и (а таа кај шо работи е блиску до зградата кај шо живеат) и ми рече чекај да те видам, и ми вика - земи си лосион со Клиндамицин, ќе си ставаш со памук од него директно на мозолчињата.. и аптеката беше неколку чекори оддалечена и си реков - ај ќе го земам.. Е тоа ми беше најглупата одлука во животот досега !! Ставав, ставав ама џабе (некогаш беше успешно ама резултато се гледаше по 2-3 недели) зато ти велам - поарно земи си нешто од Нивеа - според мене тие се најсигурни.. Eве ти некои начини за отстранување на бубулици: 1. Од кога ми се појави првото мозолче, па досега си ставам паста... да паста за заби !! Колгејт И успева некогаш.. мислаам то е појќе за сушење на мозолчиња одколку за целосно одстранување ама ај.. Завчера ми се појави едно, малце го гибав - скоро ич, му стајв паста на вечер пред спиење, вчера пак, и веќе ми е исушено Паа ако му ставаш паста на вечер, за една недела (можи) и ќе ти замини ама то е за 1 недела оти преку ден не ќе одиме со паста на училиште зато јас си користам сега шанса, не излегвам многу надвор (ладно е овде во Битола ) и си ја носам пастата и преку ден 2. (ова го гледав на јутуб) Ти требаат: - (1 лажичка) Сол - малку млака-топла вода - памук - 2 чепкалки за уши и - нешто во шо можиш да ја ставиш водата Е сега, прво стај ја водата во посатката и додај ја солта, измешај (не е рецепт за јадење, не се секирај ) и земи со памук и брцни во водата, извај го памукот и држи го така во воздух негде 30 сек. па стај го на мозолчето и држи отприлика 2 минути.. Е тогаш ќе ти се појави она белото на врвот од мозолчето ( ) и треба то со двете чепкалки да го фатиш и да го извадиш... е сега, добро, пак има црвено ама со пудра се покрива то.. Инаку, ова НЕ е трајно решение ама за пред излегвање, пред одење на училиште можи да послужи... Иииии толку од мене Е ова во средина е тој стикот
Јас ги користам производите clearskin од avon и pure nature од oriflame Ефикасни се, а и не се скапи (околу 200ден.)
Акни за време на летниот период? Здраво девојки,нова сум на форумот.Имам проблем со акни,на челото,но не полни со гној,него малки издигнатинки и на прв поглед не се гледаат бидејки се многу мали но многу ме нервираат,ве молам за помош и имам црнки на носот,сум слушнала за некои лепенки од нивеа, па дали навистина помагаат?
Акни кај тинејџери Па вака разгледував и не најдов ваква тема.Сакам да побрам помош од вас имам 13 години и имам акни на челото,знам дека е нормално за моја возраст и многу други соученици имаат,но навистина ми го намалува нивото на самодоверба.Ќе ве молам за некој совет,итно е