Акни кај тинејџери Ох, не е ништо страшно, сите имаат! За помош, секоја ден кога ќе си дојдеш од училиште, да се миеш лице.Ама убаво да го измиеш само со вода, млака. ќе си купиш капсули Вит.Е од Natural wealth, ќе прашаш од тие што се со масло во нив.И секоја вечер пред спиење(бидејќи е мрсно) со игла ќе дупнуваш по една капсула(таа три дена некаде ќе ја користиш), и ќе го мачкаш само онај дел со акнит што ти е.Купи си 5-6, мачкај се, ако ти поминува продолжи, ако не побарај помош од дерматолог.Ова мене премногуу ми помага
аамм па купи си од аптека ацикловир крем .. многу помага моето лице беше цело со бубулици ааа сега ми се исчистија а ја користам кремата више 4 месеци многу е ефикаснаа
Имам 13 години и имам сериозен проблем со акни,мислам немам којзнае колку, но ми ја намалуваат самодовербата, мислам дека ме прават грозна и никој не ме сака ваква а и голем нос имам така да... Итно ми треба помош за да се отргнам од овој проблем,само ве молам да ми дадете некој по благ „третман“ бидејќи несакам да си ја изгорам и уништам кожата уште на млади години Се надевам го знаете чарето,инаку не е толку сериозно за на лекар, но сепак ми ја уништуваат самодоверабта
Акни кај тинејџери Такви тинејџерски проблеми не треба да ти ја уништуваат самодовербата и да си наметнуваш комплекси уште од 13 години. Нормално е кога си во пубертет да ти се појават акни и самата велиш дека не се кизнеј колку. Ги имав и јас на тие години и пробував со различни креми, но сеедно таков е пубертетот и целиот тој период. Земи си само некое добро кремче кое че одговара на твојата кожа.
ДЕВОЈКИ СЛУШАЈТЕ.. КЛИНДАМИЦИН! ТОЈ Е ЛОСИОН ОД ГАЛАФАРМ (НЕМОЈТЕ ОД ФИТОФАРМ) И Е МНООООГУ ДОБАР И ВОООПШТО НЕ Е СКАП!!! 120-140ДЕНАРИ! НЕМА ДА ПОГРЕШИТЕ ВЕРУВАЈТЕ НА САБАЈЛЕ КОГА КЕ СТАНЕТЕ СЕ НАНЕСУВА СО ПРЕДХОДНО МИЕЊЕ НА ЛИЦЕТО, НО ПОСЛЕ НАНЕСУВАЊЕТО НЕ СЕ МИЕ И ИСТО ТАКА НАВЕЧЕР ПРЕД ДА ЛЕГНУВАТЕ УШТЕ ЕДНАШ СЕ НАНЕСУВА! )) ТАКА СЕКОЈ ДЕН.. ИМА РЕЗУЛТАТИ И ПО ВТОРИОТ ДЕН ВЕРУВАЈТЕ
Можеби сум пишала во темава неколку страници наназад незнам али мене ми помогна оргиналната павловичева маст и сега ми искачаат една до две пред да добијам, многу сум задоволна од павловичевата, за секаков вид на кожа е
ГО КОРИСТЕВ И ЛИЦЕТО МИ СТАНА КАТАСТРОФА, ЈАС ПА НЕ БИ ГО ПРЕПОРАЧАЛА НА НИКОЈ, ПЛУС ТОА АКО ЧИТНЕШ НЕКОЛКУ СТРАНИ НАНАЗАД КЕ ВИДИШ И ДЕКА Е ЗАБРАНЕТ ЗАТОА ШТО Е ШТЕТЕН, АМА ОК СЕКОЈ ЗА СЕБЕ.
И мене исто, лицето никогаш не ми било почисто. Само напоменувам редовна хигиена на лицето секое сабајле и секоја вечер. А од павловичева ако имате мрсна или комбинирана кожа не мора да ставате секој ден иако нема никава штета и секој ден да ја користите, самите ќе почуствувате кога имате потреба, само напоменувам не било која туку оригиналната павловичева. Ем ги суши бубулиците ем негува.
Колку пари се тие капсули Вит.Е?....А за павловичева како оригинална?...Зошто во аптека има повеќе видови...Незнам од која да купам...Дајте некој предлог...Фалаа...
3a другово незнам да ти одговорам само за павловичевата, ќе ја бараш оваа Спојлер околу 200 денари е али стварно вреди
И јас исто така го имам овој проблем,но користам еуцелин сапун за лице и навистина помага...))го има во сите аптеки
Некој ми има кажано да ставам сок од кора од портокал, па еве решив да пробам и со тоа Стварно незнам веќе што да правам.......
Јас користам Nivea Visage (Stay Clear) тоник, и Nivea Visage Anti-Spot дневен крем. Ги купив од Зегин. Многу се убави. Двете се против мозолчиња и не се многу скапи. Резултати видов по само неколку дена, а кожата ја осеќам супер свежа.
Сум видела дека во AVON,има нешто слично како лабело,од едната страна имаш пудра,а од другата имаш средство за отстранување на бубалици!Ми кажуваа,дека се нанесува директно на бубалиците и по одредено време ги снемува!Искрено не сум го користела тоа,бидејќи немам(пу,пу ),сепак сигурна сум дека помага!!!
Кога сме веќе кај авон оној фамилијарниот крем од авон од екстракт од овес и камилица,абре луѓе лицето ми светна,воопшто не е мрсен и многу е пријатен и добар е за кожата.Кожата поубава никогаш не ми била,а и голем е 400 милилитри за 200 денари.Поубав крем здравје! Топло ви го препорачувам, а и не е штетен воопшто за деца над 3 години е
Најново нешто што почнав да користам е лосион за акни на Галафарм-Хлоракол мислам се вика.Со антибиотици е и се става само на акните а не на цело лице.Се покажа како многу добро Некои 90 ден. е во сите аптеки го има.