Мој совет да не ги стискаш, само миј го лицето со DOVE сапун ( наутро и навечер), ставај некоја соодветна крема за лице за твојот тип на кожа.Не се грижи, тие ќе поминат, јас го имав истиот проблем.Ако имаш премногу црвенило ставај крем COUNTERPAIN ( таа е крема за болки, но ги суши бубулиците и не е штетно да ставаш) побарај во аптеките
Имав многу бубулици насекаде по лицето ( носот, челото, образите) многу ми правеа проблеми, не ни сакав да се гледам во огледало, си зедов Леа лосион и Леа гел во аптека ги земав, мислам дека и двете беа 500 денари.За еден месец немав ништо и сега немам, добро понекогаш пак ќе излезат ама ќе си се намачкам со лосионот и гелот и немам гајле...мене многу ми помогна, се надевам може да ви помогне...поздрав.
јас досега немав никогаш проблеми значи се почна пред неколку месеци..нагло почнаа да ми излегуваат акни големи ..и црвенило на лицето..и како белези..ја изгубив самодовербата мн се нервирав оти ми е такво лицето..нејкав никаде да одам дури ни на фаџ не одев...пробав мн работи не ми помогна ништо сега користам еуцерин ама и го мачкам лицето со лук..звучи грозно ама мн помага видов повеке ефект од лукот отколку од кремиве...како и да е ке си одам ке си направам екографија да видам дали ми е се ок со хормоните така ми рече дерматологот..ама сега фала му на господ скоро перфектно ми е и се радувам,среќна сум инаку еве какво ми беше лицето..цело вакво освен очните капаци ..ужас и сеа ми паѓа тешко на душава ко ке ја видам сликава
а како се мачкаше со лук и дали ти останаа флеки од акните , и јас имам ваков проблем па било што знаеш што помага пиши
не ми останаа ни флеките значи детално ми се чисти лицето од се што има на него.акни,флеки,црвенило еве два дена ставам значи ..ке го истолчам лукот и или ке го нанесам на лицето и ке го држам неколку минути (оти ко бев прва година од лудост имав две три акни на лицето и земав ставив лук на лицето го заврзав со завој и си легнав и сабајлето има што да видам ми изгоре лицето и не бев на школо неколку дена ) или ке го тријам со тоа што е исполчено ..лукот е многу јак,лицето почнува на пече и ко анестезија да имаш на него барем јас така се осекам..по 5 минути го држам и после се мијам..за почеток така за да видам како ми реагира лицето
Еве како до убаво, чисто лице. Никогаш не сум имала баш проблем ама со ова се' средив: Наутро се мијам со Medical сапунот од Алкалоид и после ставам крема collistar energy нешто така со SPF 20. Сега почнав да го користам кога удри сонцево и супер е. И ако ми излегла некоја бубуличка ставам маст од сандалово дрво и веднаш се смирува. Навечер се мијам со пилингче од Авон 3 in 1 маска, пилинг и гел за чистење. Многу убаво чисти после нечистотиите собрани во денот и искрено изненадена сум колку е добра. И за крај, многу важно ставам Sattwa крем со овошни киселини. Совршено кремче, ми ја изедначи кожата се ми среди а ефтино е. И еднаш до два пати неделно ставам маска од Sisley од црна роза. Супер е маскава, многу е убава кожата кога ке ја измиеш. И тоа ми е ритуалот. Морам да кажам дека кожава од комбинирана ми стана измазнета, чиста... Само кога ме мава ПМС ми излегува некое залутано мозолче и тоа е тоа. Па, пробајте дел од ова верувам дека ке ви помогне.
Ајде и тука да си прашам Дали некој ја има користено оваа колекција за акни од Далтон? Ја има во Космо Tинекс, и ако вреди би ја купила, но пред тоа сакам да слушнам некој коментар од некој што ја има користено....???
Jas имав бубулици по грбот и се мачкав секоја вечер зо хлорофеникол и за неколку месеци епен ми се исчисти и сега веќе извесно време не го користан и можам да кажам дека не ми се повторно појавија и затоа сум презадоволна
Имам и на лице, и на рамена ама највише кај пределот кај ГРАДИТЕ.. кај градите ми излегоа пред околу 2 месеци.. До тоаш немав ич.. Со се имам пробано да мачкам али ЏАБЕ БРАТЕ ... Сеа последно си зедов ТАБЛеТИ ЦИНК ... А ако има некој совети добредојдени се ...
и јас имав на челото но сега пред малку одкрив од гарниер еден крем незнам како се викаше а и га искарав налепката (лудо дете ) ми ги исчисти скоро сите
Хлорамфеникол немој во ниеден случај да си купила, многу е штетен, дури и забранет е за продажба ама кај нас секој си прави што сака. Јас незнаев за ова, и мене вака ми викаа купи купи, ај си купив и си го заебав лицето, едвај успеав со детска витаминска крема да го опоравам, а сеа си ставам само леа лосион против акни, добар е помага и здраве крема. Ако не те мрзи пробуричкај во другата тема Како до чисто лице, ке си најдеш нешто што ке ти одговара
Извинете заборавив да ставам слика или линк... Еве: Од Орифламе е и еве ќе го напишам во случај сликата да не излезе: Oriflame Pure Skin/Hide and Treat. Пишете го подцртаното на Гугле и ќе ви даде слика одма. Навистина помага.
Јас пак сум презадоволна со прекрасни реултати и плус ми го препорача аптекарката, го има од Фитофам и Галафарм и е како што се сеќавам 95 денари.
Јас користам еден лосион се вика Хлоракол, го има по аптеки и мислам дека е околу 90 денари и навистина ми помага
Немој никако да го земаш! Исто и една братучеда моја се мачкаше со тоа, па да видиш како си ја уништи кожата кај рамената и на подбрадокот. Не слушајте секакви глупости никако, многу неуки луѓе има ќе ве излажат значи не ми се верува. И јас имав проблем со бубулици, подобро земи некоја проверена козметика од Орифлејм мада само привремено ќе го реши проблемот. Мене ми се јавуваа заради мрсна кожа, мора зачестено миење на местото со нежни средства. Обавезно на неколку саати, така спречував да не се појават пак, кога не можев друго и влажни марамчиња употребував. А најбитна е исхраната, бубулиците и мрсењето на кожата се имунолошки проблем, мора салати, витамини и тие работи. Многу ќе помогне и разговор со нутриционист. Проверена козметика и ова што го напишав мене ми помогнаа.