Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се справам со бубулициве?

Дискусија во 'Лице' започната од natasavip, 16 декември 2009.

  1. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Young derm? :^)
     
  2. Minareli

    Minareli Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    19
    Колку пари е знаеш?
     
  3. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ми кажуваа некоја маска или нешто такво за чистење на лицето со бреза..или од стеблото на бреза...требало да врие :?: не знам баш како беше....имате слушнато за нешто вакво? знае некоја? :)
     
  4. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Ќе прашате во аптека постои сапун за акни . После 2 3 миења ги суши
     
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски

    Јас би ти ги препорачала лосионот и кремата за против бубулици на Докторс. :)
     
  6. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    некој да ми препорача добар дерматолог во Битола? :)
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Eве веќе месец дена се мачам со неколку мали мозолчиња или бубулици на долниот дел од брадава.
    Црвенкасти се, веројатно полни со гној, ужасно изгледаат и многу ми сметаат.
    Не се многу големи, ама сите тие неколку се на едно место и грди се :puke: :worried:
    Зелена глина не им помага. Здраве кремата исто така. Пробав дури и со течна пудра да ставам и од неа малку се сушат, ама после пак се црвени. Никако не ми поминуваат, што да им правам, со што да ги излекувам?
     
  8. Stronger

    Stronger Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    И јас имам многу проблематично лице. Кожата ми е комбинирана и цело време ми излегуваа мозолчина воглавно на Т-зоната. Се оддадов од давање пари на скапи колекции, креми, маски, глини, чаеви и што уште не за чистење на лицето но од ништо немаше ефект.
    Сега конечно си го најдов лекот, и тоа преефтин е.
    Прво го мијам лицето со вода. Потоа ставам 96 процентен алкохол (најјакиот), го има во секоја аптека и е 75 денари. Оставам 5 минути да делова, да ми го исчисти длабоко лицето и ставам од тоникот на Лореал за комбинирана кожа [​IMG] Конечно лицето ми се исчисти и од мозолчина и од црнки. Дури и кожата ми е направена многу поубава, мазна 8)
     
  9. psychobilly.ofca

    psychobilly.ofca Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Мене бубулици најчесто ми се појавуваат на чело и околу уста.За нив користам Chloramphenicol маст за очи е ама мене ми помага,го трга црвенилото и за ден два ги снемува :)
     
  10. Vesna.Spi

    Vesna.Spi Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Талита, пробај со асквам лосион и миробакт маст од белупо
     

    Прикачени фајлови:

  11. babyane18

    babyane18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    Црнки на лицето

    Ви препорачувам да не ги стискате бубулиците затоа што остануваат флеки на лицето.Како на пример еве јас ги стискав и сега имам едно големо болче полно со гној,пазете тоа да не ви се случи,зошто многу грозно изгледа.
     
  12. kristinaaaaa84

    kristinaaaaa84 Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    јас имам 28 години и немам проблем со мозолчиња на лицето туку имам мозолчиња на вратот и тоа многу никако не моажм да ги исчистам ......дали некоја од вас го има овај проблем и како можи да се реши овај проблем и дали се работи за хормонално пореметување илииииииии........помагајте
     
  13. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Jас денес си купив крем за бубулици од чајно дрво од јанг дерм и сум презадоволна мн брзо ги суши ги ми ги затвара раните
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јас не можам да одолеам и ги стискам.
    Со мајка ми нон стоп се расправам затоа што сум цело време пред огледало и го разранувам лицето.
    Сега намалив и ги стискам само оние кои плачат да бидат стиснати и потоа поминувам со лосион преку местото, за дезинфекција. :)
     
  15. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Пробај со паста за заби. Нанеси сегде каде што имаш и преспи една вечер така и утре дента би требало да бидат исушени (некогаш успела, некогаш не). Од кога ќе ја извадиш пастата изми си го личето првин со топла вода, а после со ладна вода, истри го убаво со некое сунѓерче и стави крем! :) Се надевам ќе ти помогне
     
  16. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Сите девојки сакаат убаво лице, па и јас исто.Сега влегувам во пубертет и ми треба некое решение за акните.Кажете ми од искуство што сте користеле за да не ви излегуваат, затоа што кога ќе видам некое девојче со расипано лице се ежам и воопшто не сакам мене да ми биде такво :yawn:
     
  17. kolache.99

    kolache.99 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Јас го користам лосионот Хлоракол и сум многу задоволна, многу брзо ги суши бубулиците, пробај го.
     
  18. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Исто и јас користам Хлоракол и ти го препорачувам бидејќи знам дека ќе ти помогни. А можиш да си земиш и гел за миење лице и тој помага! ;)
     
  19. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Ај да прашам јас нешто :D
    Значи брат ми има ептен многу брунки на лицето внатре со гној :puke: Е сега, сакав јас сега да му ставам паста, ама сакам и на третман на лицето да го носам
    ко жените да го направам :rofl:
    , одприлика колку пари е еден третман?
     
  20. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    И јас ги средив со Хлорамфеникол, ама изгледа и кожата добро си ја „средив“. На две три места ептен ми се исуши кожата и ми се направија лиши, да ги наречам така. Совет? Една другарка користеше Хлоракол ако не се лажам, не знам од која фирма беше. И нејзе и се направија такви, па го смени со Хлорамфеникол на Фитофарм, и е многу задоволна сега. Ама мене изгледа повеќе ми ја суши кожата овој. Помагајте. Од една страна стварно ми го чисти лицето и задоволна сум, ама од друга страна ми го суши на некои места.