Најдобра и најефикасна крема-лосион за акни е Retinol, дериват на вит.А. Доста е агресивна кремава но е најефикасна.Има и таблетарна форма но тоа за посериозни случаи на акни,оди на рецепт и има доста нус ефекти(зборувам за таблетите).
Имам проблем со лицето уште од 13-14 години и знам како ви е на сите што се соочувате со истиот проблем... Веќе имам 18 години и проблемот е уште присутен, ама фала Богу во помала мера. Користам крема Imeбугарска), ефтина е, антибиотик е и навистина помага. Има боја на пудра и може да се користи и наместо пудра, со што добивате двоен ефект: и смирува, и прикрива За навечер користам крема СОНА но исклучиво на здравите делови, каде што немам иритации. Ова ми е препорачано од една докторка од Скопје од која сум многу задоволна, со тоа што одам на третмани кај неа редовно и верувајте, вреди и не си скапи. За подетални информации кој сака нека ми пише ЛП И да, многу е важна исхраната, МНОГУ! Избегнувајте мајонез, кечап, мрсна храна, газирани сокови и благо..Навистина многу влијае! И вадете ја шминката навечер пред спиење Се надевам ви помогнав. Поздрав феминки
малце касно одговарам Леа е негде околу 200 денари меѓутоа јас почнав да го користам бидејќи мајка ми го добиваше гратис со нејзината крема за лице.А убав е.
и јас многу имав бубалици кога имав 13,14години ама ми загинаа од еден лосион на докторс зелен а пред тоа го мијав лицето со сапун исто така од докторс и тој беше зелен во пакувањето не го потрошив ни пола лосион и ми загинаја ама сега имам проблем со црнкиве
Акни на Лицето... Јас сум нова овде ... Што ке ми препорачате за акните на лицето... Јас користам прво Паста за заби таа ги суши брунките а после крема за Акни
акни Здраво! Нова сум на форумов и се надевам дека ќе ми помогнете. Во Вторник ќе се сликаме за на табло, а лицето ми е ужас ми се направија мозолчина и ги стегав се засушија и изгледаат многу грдо, а јас не сакам грдо да изгледам на сликата. Помош, како да ги сокријам до вторник?
Девојки, имам многу акни на лицето и користам секакви креми и ми исчезнуваат, но ми се прават потоа на местото како лузни. Имам премногу такви лузни, знаете ли нешто ефикасни што помага против лузните ? Ви благодарам однапред.
Како до чисто лице? Ве молам за помош. Имам многу акни на лицето, користев една крема од камилица ама не помогна. Кажете ми некоја добра крема што ке ми ги исчисти акните .
Како до чисто лице? Мислам дека и претходно напишано користи хлоракол за чистење лице и потоа можеш да нанесеш било каков крем. И Дреамлине имаат убава колекција. најубаво во аптека појди кажи им ќе те посоветуваат сепак тоа им е струката ним
Како до чисто лице? Многу е безвезе сега по форум да ти ,, препишуваме,, ние крема. Пред се треба да се знае типот на кожата. Но сепак, каков и да е тип на кожа, јас би ти ја препорачала ЕУЦЕРИН. Сепак најдобро би било да појдеш на козметичар да ти го види лицето. Позз
Како до чисто лице? Поради пубертетот имам акни на лицето, но сакам да ми исчезнат, ајде кажете ми како.
Акни и мозолчиња на лицето помош? Досега сум пробала многу креми, лосионои, гелови и домашни маски но не сум задоволна. Ми казаа дека не тренба да јадам мајонез, јогурт, сирење и маргарин бидејќи и тоа предизвикува јавување на акни. Сега пред некој ден почна со лимон напладне и вецер со памук и со свезо исцеден лимон си го мијам лицето. Што мислите дали ке ми помогне
да,лимонот е кисел,би требало да ти помогне.и прави си пареа со камилица,да ти се смири кожата и да ти се отворат порите. сепак набави си некоја колекција за акни. а на исхраната особено внимавај,јади повеќе овошје и зеленчук и излегувај почесто на чист воздух.
Имам проблем со акни на грбот... Никогаш сум немала ниту една акна но последнава година ипол се исфрлив многу но само по грбот ... Бев и на дерматолог но само ме наклука со таблети, некои креми и слично, но повторно безуспешно... Ми препорачуваа нај различни козметички препарати но безушпесно, пробав и со антибоитски креми и лосиони но и тоа е безуспешно... Не конзимирам тешки и мрсни храни, како мајонез и слично.... Помагај те што да направам следно, или посочете ми некој квалитетен дерматолог, но барем да ми помогне...
девојки на гродниот кош веке 2-3 месеци имам како бубулици ама не се малиа и не се многу големи и едввај ги стскам и после ми останува белег...и сеа ми рекоа да си купам вакво и сеа незнам колку чини и каде да го најдам и дали помага?
набави убав тоник или млеко за чистење на лицето и некоја крема.не е лошо и со кожен лекар да се консултираш иако нема да можеш да сториш којзнае што тоа ти е од пубертетот.исто така вежбај,излегувај повеќе на чист воздух,храни се здраво,тоа ќе ти помогне.
Дермогал е стотина денари и го има во секоја аптека. Купи го, добар лосион е и си ја врши функцијата. Не е толку јак како Хлораколот и нема да ти ја пресушува кожата.
Би ти го препорачала Леа лосионот и гелот Навистина помагаат, се чисти лицето со лосионот навечер и по 5 минутки кога ќе се исуши лосионот ставаш од гелот Мене ми помогна