Како да се справам со бубулициве?

Дискусија во 'Лице' започната од natasavip, 16 декември 2009.

  1. Gabi123

    Gabi123 Нов член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Здраво, вака имам проблем со акните, имам по образите но сега почна и по вратот, немам многу но се црвени и ме болат кога ги допирам, а за време на менструација не сакам да си го погледнам лицето, страшно е, мајка ми вели тоа ми е од што често користам пудра, ја избегнувам, многу ретко, но ништо не помага тоа, помогнете, некој крем, лосион маска, но имам проблематична кожа, пробав повеќе креми но ништо, ви благодарам.
     
  2. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Значи од овие бубулици нема раат дури цело лице ме боли од нив прв пат ми се случува ова незнам што е проблемот со нив или со мене :D почнав од вчера да им ставам сода бикарбона ми рекоа по 2-3 пати неделно, оставам така да ми постои 1-2минути и потоа го мијам лицето со топла вода и ставам крем од невен, а некогаш им ставам и паста за заби дека ми одат на нерви веке 3-4 недели неможам да го средам лицето :devil:
     
  3. miley21

    miley21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    16
    направи си маска од зелена глина..
     
  4. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    За бубулици знаете што е добро,капсулите цефалексин,навечер една капсула ставете неколку капки вода и намачкајте на лицето,мене ми се повлекоа речиси сите.... :)
     
  5. Oki777

    Oki777 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    5
    Со користење на препарати по своја волја и по совет на некоја друга личност можете само да си направите полошо на лицето. НАЈДОБРО и НАЈПАМЕТНО е веднаш да посетите дерматолог, ќе се распрашате кој е најдобар и проблемот ќе биде решен брзо, ефикасно и засекогаш.
     
  6. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.401
    Мене почнаа да ми се појавуваат. Не знам дали е од тоа што си направив шишки или дека пополека влагам во пубертет. :?: Уставри само на челото имам неколку многу големи. Татко ми ми ги стиска, ама веќе не му давам, зошто кога и да си го пипнам челово сега ептен ме боли, лом ми ги направи. :envy:
    Инаку и сестра ми имаше многу проблеми и од јануари (2013) почна да пие некои апчиња до јуни (6 месеци треба да се пијат) и многу и помогнаа и сега нема веќе.
     
  7. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    4.472
    И јас не знам дали некогаш лицето ќе ми биде чисто како што посакувам. Немам многу, претежно пред да добијам ми излегуваат, но и тие што ги имам ужасно ме нервираат. Посебно на Т-зоната ми излегуваат, па и со црнките заедно-катастрофа. Имам пробано со мед, мед и цимет, сода бикарбона и пак се појавуваат. Останува зелената глина да ја пробам, да видам како ќе се покаже. Само не знам дали да ја ставам само на Т зоната или и на образите, да не ми ги исуши многу.
     
  8. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Каде ја има таа зелена глина, колку е и како се прави маската ? :)
     
  9. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    4.472
    Во Зегин, околу 190ден. е цената. Една лажичка од глината се раствора со малку вода за да се добие густа смеса, се нанесува на лицето и откако ќе почне да се суши и да го затега лицето се мие со млака вода. Потоа се става крема. Јас вака ја нанесувам 2 пати неделно.
     
  10. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Па уште ова да пробам и да се надевам дека ќе функционира :( ти го исчисти лицето со ова има ефекти така ?
     
  11. litle-me

    litle-me Нов член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Нешто против мозолчињата :@
     
  12. Gremleenka

    Gremleenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    19
    Јас имам чисто лице, но неколку пати ми се случи да ми се појават мозолчиња и слични работи кои нервираат. Успеав да се справам со нив користејќи зелена глина двапати неделно исто како што веќе некоја имаше пишано погоре. Ја купив од Виталиа, е сега не се сеќавам точно колку пари беше ама не беше многу скапа. Оттогаш редовно ја користам, но ја нанесувам само 2-3 пати во месецот. Кај мене имаше ефекти се надевам ќе ви помогне и вам :)

    Еве како изгледа
    [​IMG]
     
  13. pINK-3

    pINK-3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    roaccutane

    Ме интересира дали некој од вас ги користи овие апчиња Roaccutane и дали има видливи резултати? :)
     
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.430
    Допаѓања:
    4.703

    :puke:
    никаков резултат кај мене ,само ми ја исуши кожата,ми ја направи лушпи за мојата кожа не е ,дефинитивно
     
  15. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    288
    Дали од девојчиња кои поминале низ истата мака како и јас моментално можат да ми препорачат дерматолог во Скопје кој може да ми земе брис од акните, бидејќи веке со месеци се борам а врз мене си вршат само експерименти. Нема врска дали дерматолог би бил на приватно или државно. ;(
    Пишајте ми го ЛП.

    Фала многу.
     
  16. Bella14

    Bella14 Нов член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Moeto iskustvo so dermatolog Dr. Natalija Jordanova Traeski (Skin solution) e mnogu loso, ne bi vi preporacala da odite otidov so normalna-do mrska koza i imav samo malku mitiseri na jabolcicite, dva pati go "cistese" i me unakaza za do vek, crveniloto ne porestana 5 meseci do sega, mi dade skapi kremi i voopsto ne pomognaa i toa e se od nea i od mene.
    Sega maka macam i ne znam veke sto da pravam. Liceto mi e katastrofa i sega mi izleguvaat ogromni bubuljici i na mesta kade nikogas nemav, odmor zemav od rabota, pa sega videte dali ke odite na kosmeticar ili dermatolog koi samo parite sakaat da vi gi zemat.
    Prethodno go cistev so Dermogal i toa bese se, sega nistho ne pomaga..ama bas nisto. pozz
     
  17. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    2.959
    Допаѓања:
    8.127
    Пол:
    Женски
    Јас користев гел од еуцерин. Се миев секоја вечер и секое сабајле. Помогна многу, но доколку не го користиш постојано и ако заборавиш еднаш да се измиеш со него веднаш доаѓаат нови бубулици. Затоа треба да употребиш 2-3 шишенца и мислам дека нема да има проблем.
    Откако го потрошив се префрлив на нивеа гел, исто секое сабајле и секоја вечер. Помага многу.
    Братучеда ми пак користела производи од ЛЕА, за еден ден ги горела мозолчињата и една недела имала чисто лице. Јас дури не ни знаев дека нешто користи.
    Сестра ми користи глина за лице.
    [​IMG]
     
  18. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    283
    девојки, дали знаете каде ја има кремата на докторс против акни, ја барав во неколку продавници, и има други креми на докторс, ама таа што ми треба ја нема
     
  19. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    Пенатен како крема, помада. Корисно е, пробајте.:sun::*:
     
  20. Кена Рис

    Кена Рис Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Девојки дали знаете некое средство за мозолчиња на грб? Цел грб ми е нафрлан веќе подолго време и не знам што е најпаметно да користам.
    Дали е подобро да се употребува некоја крема или тоник за чистење?