Здраво имам проблем со акни веќе незнам уште што не пробав,освен во пубертет никогаш не сум имала акни сега многу ми се појавија само околу устата и брадата на друго место не ми излагат сменив и јадење и пак имам секој ден се нови и нови веке нервоза ме фаќа, крвна слика цисти се ми е во ред. Некој дали има исти ваков проблем ПОМОШ Фала однапред
Здраво девојки,дали може оваа крема да ми помогне за бубулици на раце ситни и црвени се ..Читав дека за на лице помага па да прашам дали ке помогне за на раци?
Здраво на сите, дали некој случајно ги користел апчињата Sebactase? Доста се рекламирани во последно време но слабо можам да најдам некои искуства во врска со ефикасност кај акни и лузни од акни
Здраво имам 19 години и имам проблем со акни од 131 години. Сум пробал разни производи но не сум супеал да го решам проблемот. Може некој совет бидејќи ми прави проблем во животов....
Не знам дали си ги пробал овие, но мене доста ми помогнаа. Исто со години се мачев и само од ова видов поголеми резултати. Акнефуг (бензол пероксид) и Сона крема. На почеток акнефуг го чував на лице по 2 мин, па измивав, сега го оставам и по 10 мин. Сона кремата само навечер се користи, никако на сонце со неа.
Јас имав испиено 2 кутии и не видов никакви резултати и ги оставив. Очекував барем мало подобрување за да фрлам толку пари за уште една кутија.
Не е точно. Јас еве имам акни од пубертет и еве на 26 години уште имам иако превземав се и сешто. Имам и другарки кои постојано одат на третмани и дерматолози за да ги држат под контрола. Акните се болест која треба да се третира како и сите други.
Од Еурофарм ги купувам, а и во Зегин ја има Сона мислам. Откако ќе го измиеш лицето се нанесува Акнефуг и се чува на лице 2 мин. па се измива. После недела дена можеш да накачиш на 3-4 мин. А Сона е крема и се нанесува навечер. Првите денови може да имаш некаква рекција, додека се навикне кожата, али после се средува. Цената на Акнефуг е околу 700 ден мислам, а на Сона 340 ден.
ok fala sega proveriv vo eurofarm gi ima i dvete utre ke idam ke gi zemam pa se nadevam na rezultati @Elence93 da te prasam kolku pati na den se koristi Aknefug
Како најбрзо да се спасам од 3 штеточини на челово? Не крема не лосион нешто дома што ќе ми ги среди. Цело време ми доаѓа да се стискам и уште толку ги зафркнувам. Паста за заби да ставам? Ме нервира што немаат гној.Ако ги стиснам искача крв од нив. Гадно ми е да се гледам
Драга Feminka22, доколку се на чело и не поминуваат со класични лосиони и креми, можеби станува збор за гливични акни ( црвени или кожа боја се како папули се неможеш да ги стегаш и не се тргаат). Доколку се такво нешто пробај со маска на база на глина( Mask of Magnaminty на Lush), мицеларната вода на Bioderma Sebium H20 и крема на база на азелаична киселина( скинорен), кај мене се исчистија за 2 недели.
Јас имам 15 години. До пред 3 месеци имав мозолчиња само во пределот кај брадата/устата. На друго место не. Потоа ми излегоа и на челото. Веќе 2 недели секој ден лицето го мијам со пилинг од Nivea. Потоа ставам крема Becutan. Не гледам многу ефекти но пак има малку подобрување.
Бидејќи имаш 15 години, нормално е во тој период да ти излегуваат, пробај да си го чистиш лицето со young derm тоникот и исто и крема од тој бренд. Бекутанот извади го од употреба, само Nivea остај ја за да го миеш лицето, или земи си на Балеа не се скапи, до 200 денари се, дали розевата или сината пена или гел. И внимавај на исхрана, не јади паштети, салами, мајонез, чипс избегнувај колку можеш и чоколади и пиј вода колку можеш појќе. Доколку се шминкаш гледај убаво да ја извадиш убаво. Со среќа и со лесно. П.С. нека пиши и друга феминка совет!
Вака да ви објаснам со какви акни се соочувам , значи на чело и на крај веѓиве имам акни кој што се испакнати а немаат ништо внатре и да ги стискам , си седат цела година подуени а немаат ништо и страшно ме нервираат Совет??!