kako sto kazav prethodno deka rezultatite se vidlivi - no imam eden problem mi ostanaa belezi (crvenilo po liceto imam -nez kako da opisam) moze li nekoj da mi kaze nekoj sovet ... dali e mozno da se o4istat ....
Во однос на годините тоа е нормално и не мораш да одиш кај Анчевски, ако немаш во план да фрлиш огромна сума пари. Само добро чисти го лицето наутро и невечер пред спиење со асодерм сапун и потоа купи си лосион од невен и нанесувај го, ќе имаш резултати доколку редовно го правиш тоа. поздрав и со среќа
Дали некоја досега користила skinoren крем мислам дека е германско производство но го има во сите аптеки
Јас користам скинорен.И да ти кажам право не помага многу.Очекував дека ќе биде многу ефикасна оваа крема,но се разочарав.А ти ?
и јас користам скинорен еве веке 7 месеци и кај мене имаше резултат само сега последниве недели нешто пак почна да ми излегува по некоја бубулица може е од тоа што сум нешто нервозна во последно време незнам што ми бидна hock:
7 месециииии? Јас 2 месеци и еве се откажав..Неколку недели немам ставено Скинорен.Само наутро и навечер се мијам со Бекутан сапун.Многу ми е мрсно челото и носот,а другите делови од лицето ми се суви. НЕЗНАМ ВЕЌЕ ШТО ДА НАПРАВАМ !
Јас користев Antiacne од Докторс, а понекогаш за сушење на бубулиците Asquam - лосион нешто како прополис.
7 месеци си ја користам кремата секоја вечер така ми кажа дерматологот да не ја прекинувам, а резултатот ми се покажа откако ја потрошив првата тубичка... така да продолжи да ја користиш зашто си се откажала??????????? па ти сакаш од 1-2 месеци лицето да ти се исчисти епа неможе така треба подолго време за тоа...
А какво ти е лицето ? Мислам, какви брунчиња имаш? Воспалени/невоспалени,со бел гној/без гној.. ? Јас имам шишки (сигурно веќе имаш прочитано) и од шишките ми е воспалено челото.. Иначе сабајлево кога станав освен другите брунчиња на образите,ми испаднало и внатрешнооо на десниот образ :? Многу се нервирам...
епа не се нервирај толку зашто и тоа влијае на мозолчињата колку повеќе се нервираш толку повеќе ти искачаат :? баш и ја тоа приметив... иначе мене не ми се некои воспалени али имаат малку гној т.е порано ми беа повеќе имав и некои внатрешни така ми се правеа и со гнојчиња ама откако користам скинорен после првата тубичка ми се исчистија и сега баш приметив дека кога сум многу нервозна ми искача пак по некое мозолче... значи многу влијае и нервозата :evil: така да само смирено и трпеливо и пробај шишките барем кога си дома прибери ги да не ти бидат на челото
Авене има за секаков тип на кожа, јас користев за чувствителна кожа, 670 денари од аптека го купив. Сега чекам пак да набават таков ист, и повеќе време трае. Мириса како сено, како трева, многу е убав, по миењето кожата е неверојатно чиста и нежна.Само по неколку миења се забележува разлика во сјајот и мекоста.Исто е убава термалната вода ама не е за редовна употреба.Барем мен кожниот лекар така ми кажа. Француска фирма го произведува, е поскап спрема оние од Авон, Орифлејм, и обичните од парфимерии, ама е ептен добар.
и ја користев авене ама мене не ми одговараше на кожата ми се перутеше од таа крема и престанав да ја користам... :?
^^^Ако тоа е чувар куќа растение, тогаш популарно е наречено артичока. КАј нас го има со векови, ама никој не знаел за што се користи. Старите го давале на прасиња, демек има многу вода и е добро за да немаат тие многу сало. Сега слушам било препорачливо за намалување на холестеролот, дијабет и слични болести.Расте по ѕидови, на површината, најгоре. Морав да бидам малку оф топик, ама да ви кажам.
Пробај со еден производ кој се наоѓа скоро во сите аптеки претежно го има во зегин се вика chloramphenicol жолто со портокалово е паковано значи ѓи чисти мозолчињата
Дали збориш за овој гел, гел за миење на лицето? Или ...?? Јас го имам истиот, многу сум задоволна, лицето не ми се суши воопшто, а со сите претходни што ги имам користено ми беше суво и затегнато.А трае многу време, се става многу малку,посебно ако го користиш со сунѓерче за миење лице. Инаку кај нас е 550 ден.
Не, ваков, и ова е гелче, уствари cold cream пишува на него, ама стварно е преубав. Некни пак си купив, 690 од друга аптека. А таков имаше околу 600 беше и тој. КАко и да е стврано е супер, еве и ти си забележала позитивни резултати. Се нанесува по малку, и трае.