Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се справам со бубулициве?

Дискусија во 'Лице' започната од natasavip, 16 декември 2009.

  1. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Да, супер им се производите на Авене.Јас имма и една термална вода, во спреј ,ама уште не сум ја пробала.Ако е добра баш ќе пишам.
     
  2. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    јас ја користам кремата со заштитен фактор 50 од AVENE и супер е... :)
     
  3. pisatelka

    pisatelka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    22
    Мојава кожа е мнооогу проблематична. Во еден период е сува, во друг е мрсна, во трет пак комбинирана. Во ладниот период од година се исфрлам со големи акни гнојанки не знам веќе што да им правам, користев се и свашта. Бев и на гинеколог, ми кажаа дека имам полицистични јајници, пиев дијане апчиња и се здебелив мнооогу а акните си останаа ... ВЕ МОЛАМ кажете ми како би можела на брз начин да се решам од нив зошто не само што ми ја рушаат самодовербата, ме праваат и поарогантна личност...
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Читајќи ве вас за колекцијата на Авене а и од искуството на брат ми кој има земено крема од Авене ете и јас ќе си нарачам нешто од колекцијата ама од странство.Инаку производите им се на природна база без многу хемикалии и се поблаги...Па ќе видиме како ќе се покажат резултатите
     
  5. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    проба ли еден месец да си направиш терапија со клиндамицин лосионот? ама секоја вечер да се мачкаш и да бидеш упорна.. ако не си пробала пробај ја оваа терапија зашто овој лосион е со антибиотик и ги чисти акните, а дополнително после лосионот мачкај се и со крема скинорен само навечер и ке видиш резултати за месец дена ;)
    ти посакувам се најубаво и немој да ја губиш самодовербата мада знам дека тоа е тешко :worried:
     
  6. pisatelka

    pisatelka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    22
    vekje 3 godini postojano go cistam liceto so klindamicin i nema rezultat, bubulkite se pojavuvaat postojano. posebno sega vo posledno vreme mi iskocija premnogu gnojni i golemi. Epten grdo izgledaat mi e sram da se pojavam. sepak ti blagodaram za sovetot i kje probam i so kremata shto ja imash navedeno.
     
  7. Maktub

    Maktub Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    Decki..i ja imam golemi problemi so niv zashto sum ushte vo pubertet ama sum primetila deka se e do ishranata. Se treba da se jade umereno,toa stoi,ama blagoto kako sto se cokoladi,bomboni, sladoled i gazirani sokovi..toa treba celosno da se isfrli od listata na dnevni obroci...definitivno pomaga samo toa,drugi hemiski preparati...NISHTOOO,se sum probala:worried:
     
  8. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    да до исхраната нормално, треба да се внимава што се јаде и помалку мрсна храна и мајонезот обавезно треба да го исфрлите од храната... а исто така и нервозата влијае на појавата на акните значи треба што помалку да се нервирате обидете се да бидете посмирени и потрпеливи зашто секоја нервоза + појава на акни
     
  9. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    А дали си била на ендокринолог да си направиш испитување на хормоните и на гиниколог за да си ги провериш јајниците? Обично тие големи гнојни облици на акни се индикација за полицистични јајници и хормонален дисбаланс.
    А вака за надворешно третирање пробај користи сулфурен сапун сега во овој летен период кога повеќе се мрси лицето, а сулфурот многу успешно ги суши.
    За клиндамицинот сакав да се надоврзам.... Штом си го користела тоолку време нормално е дека нема да ти делува. Бактериите кои ги воспалуваат акните стануваат резистентни на одредем тип на антибиотик после долга употреба. Затоа види пробај со друг. На пример флорамфеникол... Знам дека и тој успешно ги отстранува бактериитe Propionibacterium acnes. Овие бактерии се анаеробни и се развиваат во затворени и зачепени пори кои се полнат со себум и прљаштина. Одржувај редовна хигиена со благи средства и еднаш неделно пари го лицето над чај од камилица или невен. Не го пресушувај за да не предизвикаш дополнително зголемена активност на лојните жлезди и мачкај го со лесен хидратантен крем. А кога ќе помине летниот период можеш да се консултираш со дерматолог за употреба на средства за хемиски пилинг (блага форма овошни киселини или пак киселини на витамин А- третиноин)
    Борбата проотив акните бара трпеливост, посветеност и упорност, особено кај такви потешки случаи. Но најпрво провери ги хормоните и јајниците (доколку не си ги проверила до сега).
    Е и да... за ликално третирање и чистење на лицето, но не и решавање на проблемот се користат средства со ацетил салицилна киселина, бензоил пероксид... Тие се за локална надворешна употреба и го средуваат лицето, но не го искоренуваат проблемот. Така да пробај ако немаш пробано, побарај во аптека и колку толку ќе се ублажи ситуацијата, барфем за прво време....
    Поздрав
     
  10. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Извини писателка сега прочитав неолку поста погоре дека си била на гинеколог и имаш полицистични нјајници. Тогаш би ти советувала да одиш кај ендокринолог, зошто сигурно имаш хормонален дисбаланс. А проблемот со јајниците не е баш за занемарување. Освен тоа што моментално ти предизвикува појава на гнојни акни во иднина може да ти прави проблем да забремениш. Затоа консултирај се со ендокринолог и регулирај си ги хормоните. На тој начин ќе си го решиш и проблемот со акните. А во меѓувреме користи средства за локална употреба кои ќе ги исушат, можеш некое од оние кои ги набројав во претходниот пост.
     
  11. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    ?????? како мислиш да забремени??? :o
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Појавата на бубулици,може да е најчесто од полицистични јајници,во зависност од тоа какви се цистите,зависи и лечењето/чистењето на бубулиците.Нормално е за време на пубертет,но не и подоцна,бидејки тогаш и не е баш нормална појава,за да биде пубертет.Сепак незначи дека е така,но во глобала,се појавуваат од таа причина.Потребно е да се посети лекар,за да се види која е точната причина за појава на бубулици,покрај тоа идеално решение е да не се стискаат,затоа што во спротивно се прават дупки на лицето,со што изгледа нерамно,но мислам дека и не е баш сигурна употребата на козметички средства,не дека нема да исчисти,но нема таков ефект,каков што дава не стискањето на бубулиците.Секако корисна е употребата и на крема,која нема да му штети на лицето.
     
  13. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Девојката имаше кажано дека била на гинеколог и и потврдиле дека има полицистични јајници. Јас затоа го кажав тоа. Полицистичните јајници во овој момент и прават проблем со појавата на бубуљици, но тие се поврзани и со хормонски дисбаланс заради кој можат да се јават проблеми за забременувањње. Но тоа е лечливо, само треба да ги нормализира хормоните, да ги доведе во нормални граници.
     
  14. pisatelka

    pisatelka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    22
    Cум била и на ендрокринолог тоа беше пред година дена и тогаш имав проблеми со акни секако... ми правеа елосни испитувања и ми открија тумор на паратероидна жлезда но тоа настрана сеа е излечено... Што значи ако сум имала проблеми за акните ке го откриеам и тоа, веке не знам кај да се обратам и почнав да внимавам на исхраната што за краток период забелезав резултати... исто така сум во план да одам на ласерско отстранување зошто повеке вака не се живее а имам 20 години. Vи благодарам
     
  15. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Писателка, немој да го доживуваш тоа како толкав проблем. Викаш не се живее повеќе така. Ти си создаваш самата пресија, нервоза, стрес кои пак дополнително ти влијаат на состојбата на лицето. Смирено, релаксирано, но упорно и истрајно во борбата со проблемот и ќе се среди. Не сфатив од твојот пост дали сега хормоналниот статус е во ред. Бидејќи верувај ми тоа може да е глвната причина за создавањето на акни. Викаш си правела испитувања кај ендокринолог, но дали си ги испитувала сите хормони или само хормоните на тироидната. Бидејќи половите хормони ти се важни за проблемот со акните. Провери си го тоа уште еднаш. Можеш да одиш како што си планираш на дерматолог, оди кај некој стручен, сепак стручен совет и третирање е важно. Па дали ќе ти препорача ласерско третирање или друга терапија, подобро тој да каже.
    Поздрав и ти посакувам многу успех!
     
  16. pisatelka

    pisatelka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    22
    ti blagodaram NINA 24 na ubavite misli i na sovetot, no pravev ispituvanja na site hormoni poshto morav za da go otkrijat problemot... ne mi ostanuva nishto drugo osven lasersko otstranuvanje, sepak se nadevam deka site vie shto imaete problemi so akni nema da dozvolite da vi ja unishti samodovrebata i kje vi pominat so redovno cistenje.
     
  17. catty

    catty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    19
    Ајде и јас да се надоврзам на темава :)
    би би го препорачала хлорамфеникол,не е воопшто скап и го има по аптекиве,а е ефикасен,јас имав доста проблеми со лицето ми излегуваа акни само одреден период од летото и малку ми се уништи кожата на лицето,но сега за моментално спречување си го користам хлорамфеникол и сум задоволна,но сепак ке одам да си ги проверам хормоните
     
  18. catty

    catty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    19
    И уште едно прашање :) ....ако некој знае што да правам со лицево сега по две години нафрлање летен период конечно најдов лек за моментално спречување,но јас имав чисто и бебешко лице,а сега имам порички и веке ми е срам да излезам без пудра,дури и флекицки така некако ми е како рашарано,кажете некој лек ве молам како да си го оправам лицето,зш на моменти имам и црвенило :(
    Ви благодарам однапред
     
  19. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Не можеш да направиш да исчезнат порите. Едноставно, таков тип на кожа имаш. Можеш само да ги смалиш и исчистиш па да бидат помалку видливи. Повидливи и подлабоки се кај комбинирана и мрсна кожа,а кај сува не се забележливи. Единствено што можеш да направиш е да ја одржуваш кожата чиста секогаш. Кога си дома никако да не ја остваш пудрата на себе. Барем еднаш неделно да си го париш лицето над врела вода во која ќе ставиш некој чај за дезинфекција и смирување (кантарион, жалфија, невен, камилица), а претходно да си направиш пилинг. После парењето ќе си ја поминеш со лосион на памукче и тоа е тоа. На тој начин ќе ги отстраниш мртвите клетки од лицето, ќе ги отвориш потоа порите и ќе излезе цела прљаштина, па нема да ги пополнува и да ги прави видливи и големи. За краткотрајно затварање се става маска од изматена белка, но ефектот е краткотраен - неколку саати. Сепак, може да ти пслужи да имаш мазна кожа за време на некој важен настан ;)

    Има уште една тема каде има многу совети и искуства за проблематична кожа со акни, па ако не си ја прочитала, разгледај ја:

    http://forum.femina.mk/lice/kako-do-cisto-lice-pomognete-t1049/
     
  20. catty

    catty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    19

    Нина24 ти благодарам многу на советот,мене не ми се познаваат мнгу,но науцена бев на многу чиста кожа до пред 3 години и сега се ми пречи,нормално зошто промените се видливи,а ова со чистењето,го чистам,но понекогас и дома кога ке се приберам се слуцува пудрата да не ја отстранам,а од сега веке нема да ми се случува тоа,ке го послушам твојот совет,а и ова со белката интересна работа,следна прилика одма ја применувам :D
    сепак ти благодарам многу на советот и ке те послушам :)
    позз :*