Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се справам со бубулициве?

Дискусија во 'Лице' започната од natasavip, 16 декември 2009.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.218
    Допаѓања:
    56.890
    Пол:
    Женски
    Сум го гледала во најобични продавничиња, колонијали, а во големите маркети не. Провери во некое дуќанче во комшии, можеби таму ќе имаш среќа да го најдеш.
     
  2. majaaa

    majaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    i jas sum go kupila vo prodavnica,a za vo marketite ne sum go sretnala...pozz
     
  3. plavusha21

    plavusha21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Девојки барам решение за моите акни кои не се толку страшни но сепак ги има.Случајно ги купив Young derm крем против акни од алкалоид и лосионот од истата колекција...Барам да сподели искуство доколку некој ги има користено овие производи...позз :)
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.437
    Допаѓања:
    91.704
    Пол:
    Женски
    Тие се за тинејџери и мислам дека не помагаат многу. 21 мислам дека ти се годините, па ти треба нешто појако, а овој лосион е слаб.
     
  5. plavusha21

    plavusha21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Се согласувам дека лосионот не е толку јак зошто претходно го имав користено,а кремата сега ја земв како гел е..па ке пробам може ке одговра на мојата кожа.Дали ја имаш користено марама?
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.437
    Допаѓања:
    91.704
    Пол:
    Женски
    Ги имам користено, и пудрата едно време ја користев ради мозолчињато, зошто ми кажаа ги суши, но мене ништо од тоа не ми помогна.
    Еве јас што користам недела дена и лицето значајно ми се исчисти.
    Секоја вечер ставам зелена глина, а после тоа се мачкам со маст од невен. Наутро се мијам со сапун од докторс, а потоа се чистам со лосион од докторс, некој нов е Антиакне хербал и пак невен. Мозолчиеа веќе немам. само некој митесер, а и тие излегуваат на површина.
     
  7. plavusha21

    plavusha21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Mарама мастот од невен каде го наоѓаш,го купуваш од аптека или ти го прави некој?
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.437
    Допаѓања:
    91.704
    Пол:
    Женски
    Го купив од Зегин, 154 ден.
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    за што поточно ја користиш маста од невен?
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.437
    Допаѓања:
    91.704
    Пол:
    Женски
    Ја ставам на лице, за смирување на мозолчињата, но ја користам и за тело, раце , стапала. Супер е маста. Лицето баш ми го смирува.
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    мацо на вечер ја ставаш или како?и колку често? да знам дека невенот игра таква улога ама незнаев дека има таква маст...
     
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.437
    Допаѓања:
    91.704
    Пол:
    Женски
    Ставам сабајле од кога ќе се измијам и исчистам со лосион, значи не ставам пудра за преку ден, дур не го оправам лицево. Само малце е мрсна , па светам :D и навечер, го мијам прво лицето, па го чистам со лосион и пак од маста. Јас земав маст од невен универзална, значи за се, но има и само за лице.
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    не ти е малку страв дека е мрсна :( ?или ок ти е
     
  14. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Баге, здраве кремчето и мене ми го откри баба ми (што живее во истиот град каде што и ти =))
    Го имаш во Дијана маркетот во третата од црвените згради после музејот што се. Таму е дури поевтино од тука.
    И клиндамицин земи си од аптека обавезно!
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bjub

    bjub Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Девојки, постојано го благословувам Др. Дохчев. Пред една година серизони проблеми со кожата на лицето и на стопалото ми ги реши со 7минутен преглед. Кога требаше да ја направам 3тата контрола ординацијата му беше затворена поради негови здравствени проблеми. Очајнички ве замолувам доколку имате некаква понова информација околу неговото работење, да ми одговорите :(
    Доколку работи посетете го, ќе ви ги реши кожните проблеми.
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.218
    Допаѓања:
    56.890
    Пол:
    Женски
    А како ти ги реши проблемите, со каква терапија? И какви проблеми имаше со кожата?
     
  17. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Околу здраве кремата
    Ја купив, мало плаво кутивче е, и е цврста бела крема..
    Ја ставав врз бубулиците преку нок, и отсабајле кога ке се разбудам и нема некоја посебна промена, искрено очекував повеке од кремава, не велам дека сакам одма резултати преку нок, дури и после неколку дена немаше нешто посебно..
    може не е за мојот тип на кожа..
    другарка ја користи, али она среќлика има супер чисто лице, и понекад ке и се појави Една голема бубулица на чело или било каде, и само става од кремчето и и ја нема за 2-3 дена, може за таа намена е,башка нејзиното лице е суво..моето мрсно..тоа е :^) али не ве кошта многу да пробате,так да пробајте ако сакате..
     
  18. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Сакам да те прашам, нели е малце чудно што секоја вечер ставаш глината т.е го сушиш лицето, и после одма му ставаш мрсно? :) :)
    Да не се помешам, невен маста е една жолта така, во поголемо кутивче? барем таква јас имам..
    супер е маста за омекнување на кожа на тело,изгоретини,гребнатини,али никогаш порано ја немам користено за лице... помага??
    пошо као за против бубулици нели викаат требало да се суши лицето, а не да се мрси... :^)
    ???
    поз :)
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.437
    Допаѓања:
    91.704
    Пол:
    Женски
    Епа многу ми се суши од глината затоа си ставам невен. Невенот е голема кутија со портокалово цветче. Е сега секоја кожа е различна , ама мене ова ми е супер. Лицето ми е исчистено, неможе за недела дена да има кој знае какви резултати, ама супер е.
     
  20. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Аха..дека мене ми беше чудно,нели глината суши,и после мрсно му ставаш..
    а вака после глина и невен,отсабајле кога ке се разбудиш има некоја разлика? се гледа лицето смирено од акни ова она,пошто една нок знае голема разлика да направи имам приметено :)