1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да си го вратам односот со мачката?

Дискусија во 'Дом' започната од MaggieTatum, 9 август 2012.

  1. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Имам многу голем проблем... Пред некоја година имав мачор, шо многу си го сакав (а и тој мене), дури и заедно спиевме, ниту еднаш ме немаше изгребано.. потоа донесов мало маченце (женско, го најдовме со другарите и другарките, во реката под мостот, па жал ми беше и го зедов).. кога и да дојдеше до него тој бегаше и се плашеше.. после си најдоја заеднички јазик и си играа, ама почна да ми исчезнува денски, некогаш ноќе доаѓаше ама не спиеше со мене бидејќи беше лето и жешко му беше.. после ми го снема на неколку дена и кога дојде дома отруен беше, и веројатно дошол да се поздрави ;( тој ден умре, и како цел свет да се урна врз мене... секоја ноќ плачев и тоа траеше неколку месеци (дури и сега кога го пишувам ова, плачам :( ) .... најпосле се свестив и си реков, малото маченце ми е единствено што ми остана од него (не беа крвно поврзани, но сепак беа другарчиња) и морам да го чувам и пазам.. сега малото маченце е веќе возрасна мачка.. пред некое време една пријателка на мајка ми (од кај неа секогаш земаме мачиња) ми донесе две мали мачорчиња (иако бев против други мачиња, бидејќи имав чувство дека мачката ќе реагира како мачорот што ми умре, сепак решив да ги зачувам, бидејки грев ми беше да ги вратам а и многу беа уплашени).. кога ги виде таа реагираше исто како и мачорот, некогаш ги избегнува но ако и се најдат на патот, ги мава (а кога јадат заедно, дури и од иста чинија, ништо не им прави).. се гледа дека таа сака да си игра со нив, но тие не сваќаат (бидејќи ги разгалив многу) и кога и да ги мани, бегаат, а тоа ја прави уште по лута.. ај шо ги мава нив, ама почна и кон мене да се однесува како да ме мрази... ретко кога ја галам бидејќи кога ќе ја погалам малку одма хрчи.. еднаш се обидов да ја кренам и да ја бацам на главата (да, ги бацувам и не ми е грозно како на некои луѓе :) ) и таа се сврти и ме изгреба околу устата.. многу сакам да ми се врати старата мачка, односно маченцето кое си играше со мене, и редовно се галеше, ама неа како да ја нема.. многу се измени.. почна и неа да ја нема дење а ноќе иди, јади и спие на покривот.. многу ја сакам и не сакам да заврши како и другиот мачор што ми го отруја.. ве молам помогнете ми, кажете ако има некој начин да си ја вратам старата, друштвена мачка ;( :(
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Јас колку што знам кога мачките „хрчат„ значи дека им е убаво. Пробај полека пак призближувај и се, галете се, пак ќе биде по старо. Претпоставувам дека е амо љубоморна. :)
     
  3. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    И јас го имав истиот проблем кога почнав да чувам уште едно мало маче.Мојата мачка несакаше ни мене и малото маче да не смисли.Него го давеше мене ми ржеше.И сега ми се супер,си се дружат,се научија заедно.Едноставно ништо неможеш да им направиш за да се сменат,тие самите ке сватат дека немаат друго решение освен да седат заедно,кога ке почнат да си ржат карај ги и двете да сватат дека тоа е погрешно,јадење исто ке им даваш одеднаш и на двете за да не се караат и кога ке ги галиш и двете заедно,немој да ги дџелиш за ништо.Мојата многу ми се лутеше кога ке го галев малечкото а неа не.Така да само така пробај па ке се научат на заеднички живот :D
     
  4. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    flowergarden има два видови на хрчење, еден од задоволство кога ги галиш и еден од агресивност и предупредување, кај мојата мачка е второво :(
    Mermaid90 инаку 3 се ( :D ) а храната му ја давам во едно чинивче (големо) а и да е помало сепак си наоѓаат место за главите, а некогаш кога не ги собира сите три таа отстапува и ги остава нив да јадат. а за тоа двете заедно да ги галам, не ми успева бидејќи кога ќе ги види одма хрчи :/ ама ај сигурно со времето ќе се смири, веројатно ќе роди мачиња па ќе има мајчински инстинкт и веројатно ќе биди подобра со нив (само се плашам да не стани премногу заштитнички настроена кон нејзините па да биди полоша кон другиве) .. Сепак, ќе оставам на времето да покаже :)
     
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Такви се мачките љубоморни.И јас кога го земав малото мачорче,големата несакаше никого.Бидејќи тоа беше мало првите денови дури и го давеше.Но јас ги сакав и ги галев подеднакво и двете.
    Друга работа,храната им е ставав во 2 чинии,посебно и за двајцата.И храната им е давав иста.
    По некое време,оваа големата мачка го засака мачорчето и си играа.Но овој мачорот сега кога порасна,секогаш се задират со големата мачка.И дури е љубоморен,кога ќе ме види мене дека е галам нејзи веднаш ми иде и ми се умилкува да го земам и него в раце.
    Во секој случај мили животинчиња се,треба да им посветиш малку внимание на сите три подеднакво и после се ќе си биде во ред ;)
     
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Јас мојот однос со МАЧКАТА си го вратив со тоа што ја стелиризирав. Моментите кога беше бремена, ми беа омилени. Уживаше во галење, но когаќе се породеше, мене ме мразеше! Дозволуваше да ги галам мачињата, но љубомореше...

    По 4 години мачење, ни падна жал за неа и ја стелиризиравме. На стерилизацијата беше гремлин! Никој не сакаше да и се доближи. Ги испокасапила и ветеринарите додека ја ставале во транспортерот. Пвите денови беше уште лута. Но, кога дојде време за да и ги вадат конците, ич, ама ич не се побунила. Од тогаш, моето маче е како куче... верна, мила, слатка, нежна, трпелива, среќна... затоа, секој кој чува женка, препорачувам да ја стелиризира.