Шо ќе ти се неговите пораки? Негов профил, негови пораки, секој си има свои тајни, убаво ќе ти биде да ти ги читаат твоите пораки?
А чекај, зошто се толку пресудни тие пораки???? Ако се сомневаш во некој, можеш и на нормален начин да го дознааш тоа. Фино лепо директно прашај ја дотичната особа. А ако се работи за другарство, да ти кажам одма, нема никаква потреба ни да помислуваш на вакво нешто, зошто никој не е верен во другарството. Секогаш непријатно ќе се изненадиш. Како и да е, мизерно е да хакираш, јес да сум го праела и јас ова, ама за реванш пошто мене ми го напраиле истото. Не мора да му знаеш пасворд за да дознаеш дали те вара или слично. Ако нема ништо, нема да се крие од тебе додека е на фб, скајп и сите тие социјални мрежи, туку најнормално ќе си функционира. А доколку одбегнува да функционира нормално, тогаш има нешто. Во 2 ипол години врска, ниту еднаш немаме спомнато за пасворд да си кажеме. Заедно седиме кај мене на фб, кај него....Ама сеа да земам пас и да го проверувам никад. Или мобилен, не сум му чепнала освен ако он не ми дал да се јавам некому. Детски работи правите, си трошите драгоцено време на глупости за кои еден ден ке се каете.
Господеее, шо те интересира тебе за него, зошто не живееш додека си жива? Не, денес луѓето се интересираат за секоја стапка што ќе ја направиш!!! Па, и преку фејсбук нашла! Ах, зошто се родил тој човек што го измислил фејсбукот!!!!!!!!!!!