Здраво, јас сум нова овде и како што видов немаше ваква тема тука. Имам марама што е волкава должина и сакав да ве прашам на кои начини да ја врзам?
Во темата може да се ставаат пр. и други марами и начини на нивно врзување, не мора да остане само за марамата на Анели. Може да се преименува само.
и мене ми се допаѓа темата, и јас често имам проблем со врзување на марамите, а ги имам мн и сакам да ди носам
Супер тема, јас не знам да врзам од страна машна на марама, никако не ми успева, се голема ми е или со неа изгледам како роденденски поклон. Еве неколку начини
Колку и да гледам слики, видеа.. никогаш нема да се научам да врзувам марами Да е жива и здрава сестра ми, секогаш е тука за мене Еве и од мене неколку начини, можеби и ќе се научам
Имам голема марама, од оние како квадрати што се. Дали имате идеа како може да ја врзам, а напред да дојде како панделка (панделка како на мини маус)?
имам една преубава марама ама е многу кратка а многу би сакала да ја носам . Како да ја врзам а да изгледа убаво бидејќи кога ја врзував јас испаѓаше пре кратка и изгледаше ко да се давам-.-
инди грл марамата преклопи ја на средина да дојде како триаголник и потоа свиткај ја почни од краевите и завивај до крај не знам дали ме сфати барав слика да ти покажам но немаше јас така си ги носам кратките марами и не ми излегуват кратки.