1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да ја одложам менструацијата?

Дискусија во 'Интимни прашања и проблеми' започната од jarec6, 11 септември 2010.

  1. Ice&Fire

    Ice&Fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    88
    Јас ги имам без рецепта земано. Исто така имам користено Orgametril ама тие се земаат со рецепта. Е од нив не можев 6 месеци да си ја средам менструацијата.
     
  2. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.197
    Допаѓања:
    2.522
    Можат уште да се најдат Примолут Нор без рецепт?
     
  3. Ice&Fire

    Ice&Fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    88
    Јас ги зедов без рецепт.
     
  4. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    да можиш,но не се препорачани да ги пиеш
     
    На Ice&Fire му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Девојки како да ја одложам менструацијата за 2-3 дена.. ќе одам на зимовање, а повеќе одам за спа центарот а тој период ќе ми дојде. :(

    Како да ја одложам, со апчиња или крајно со тампони да си се капам? :)

    П.С немам користено тампони и шубе ми е :)
     
  6. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам повеќе пати одложено пиев вода со оцет,гадно е,ама ти се одложува.
     
  7. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    @Miss.N Норлево.
    Јас две лета по ред баш кога треба на одмор да идам треба да ми дојде а имам болна менструација па ги пиев овие.
    Инаку се почнува еден или два дена пред да ти дојде да ги пиеш-едно сабајле едно навечер.
    Откако ќе ги прекинеш после 2-3 дена доаѓа менструација.
    Мене ми се случи првиот пат да ги пијам само два дена и ги прекинав зашто и онака откако ги прекинеш не иде одма туку после 2-3 дена, па според тоа ќе видиш и колку дена да ги пиеш.

    едит: мене ми е ко швајцарски саат точна па почнав еден ден пред да ми дојде и уште еден ден пиев па ми дојде од кога престанав со нив после 3 дена.
     
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Си пиела 2 дена по 2 норлево? :o
    Друга му е намената на апчето и не е дозволено да се пие повеќе од еднаш во 6 месеци. Не 4 апчиња во два дена. Да не си ги измешала имињата случајно?

    Иначе има апчиња посебни за таа работа ама се купуваат со рецепта.
    Јас пијам контрацептивни таблети и со нив многу лесно може да се одложи меструацијата (за тој што пие пишува во упатството). Не си играјте со норлево.
     
    На ku4ence, Alisa22, Antolinaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    @papillonP @s1a1n1d1r1a1 Искрено никогаш не сум користела такви работи и не ни сакам, но и ако има некој несакани дејства уште веднаш се откажувам :)

    Ако ептен е ќе идам со тампон друго чаре ми нема :)
    А со тампон сте пробале да се капите? Не може нишо да се деси нели..

    (Никогаш не сум користела тампони и од шубе да не ми заглави..) :)


    Баш утре сакам да се консултирам и со доктор, па да видам што ќе каже и тој.
     
    Последна измена: 15 февруари 2016
  10. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    упссс добро што веднаш ме поправи грешка пишав мислев на Примолут Нор.
     
    На Miss.N и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Мене ова одложување ми е тотално нејасно. Се зема премногу голема слобода и се загрозува сопственото здравје беспотребно. За се некаква глупост се одложува менструација, темиве се преполни со вакви прашања и тоа од девојчиња што се најчесто во фаза на развој. Па уште и без надзор на лекар, со совети од некој си форум.
    Да, фино е да немаш менструација кога ти е терминот за зимување/летување ама јбг се случува, сепак приоритети се во прашање...или барем треба да бидат.
    Не знам што чудно време дојде, од тампон да е шубе, ама од апчиња што реметат циклус не. Премногу наивно се сфаќаат лекарствата денеска. Па ни аналгин не се пие бе луѓе туку-така, па што останува за друго апче.

    @Miss.N да ти кажам од мое искуство дека користењето тампон не е воопшто страшно. Почни со помала големина, еве на пример „нормал“ и следи ги упатствата што ги има во кутивчето. Нема шанси да ти се заглави, ниту да ти се скине врвката, не се плаши. Само менувај го на 3-4 часа при пообилна менструација, а во други денови слободно можеш да го оставиш до 6 часа. Максимално дозволено време е 8 часа, ама јас ретко го носам толку за да не го заборавам. Толку сум раат што понекогаш заборавам и дека имам менструација.
    Сум се бањала и на море и езеро, никогаш ништо не се случило. Ако го ставиш убаво нема ни да го осеќаш, а ако го менуваш на време нема шанси да ти пропушти. Уживај :)
     
    На ku4ence, bijonse, Someday и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски

    Абе шубе ми е и од апчиња, затоа реков никогаш не сум земала не ни сакам, но ете реков да прашам за секој случај.
    Сепак фала ти, останува тампон :)
     
  13. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    @Miss.N за да ти се заглави тампонот нема верувај (не дека неможе) туку што знам колку би ти било пријатно за прв пат да ставиш па и да се бањаш :?:
    Инаку овие Примолут Нор можеш и без рецепта да ги земеш.
    Јас го прашав, уствари му реков на гинекологот мој дека имам намера да ги пијам. Ми вели ок. Секако не ги пиеш секој месец или не знам колку често па да се бог знае колку штетни.(зашто нели секое апче си е хемикалии и е на некој начин штетно/нездраво.
     
  14. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    @Giovanna тотално си во право но еве да се доискажам зашто нели јас бев таа што и ги препорача апчињата.
    Вака јас кога ги зедов да ги пијам се консултирав и со гинеколотот и со мајка ми и од двете страни добив одобрение, сигурно туку така на своја глава иод прочитано на форум не ги купив.
    Инаку откако ми има за прв пат дојдено па до сега страшни маки мачам кога ми иде. Тој што има болна менструација и те како ќе ме разбере(под болна мислам на навистна болна менс.)
    И да, може и најважното го заборавив- не сум во дваесеттите, пубертетските, тинејџерските години,
     
    На Acka92 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    @Miss.N убаво да си поминеш! :)

    @papillonP повеќе од јасно е дека ништо кобно не се случува од еднаш, но зошто воопшто да се игра со рамнотежата во организмот?
    Во твојов случај ти барем си се консултирала со гинеколот и си го правела тоа под негов надзор. И јас понекогаш имам сташно болни менструации па сум во ситуација да морам да пијам кетонал и воопшто не сум среќна кога се трујам со апчиња.
    Како и да е, сакам да кажам дека апчињата треба да се избегнуваат што е можно повеќе, барем по мене. Особено овие што може да пореметат хормони, не се воопшто играчка и не треба да се пијат на своја рака. На темава доаѓале девојчиња со совет за одложување на менструацијата затоа што сакале да носат бел пуфкаст фустан на полуматура. Поради такви случаи некако одма се накострешувам секогаш кога ќе прочитам ново мислење со слична содржина, затоа што генерално мислењето ми е дека во денешницава апчиња се пијат како бонбони.
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  16. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    @Giovanna само да знаеш колку кетонали имам испиено во животот мој и тоа да напоменам само за време кога ми доаѓа менс. ќе ти се слоши.
    Но за моја најголема среќа и уште поголемо неверување веќе едно 8-9 месеци се куртулив од нив.
    Спас најдов во Налгесин С таблетите. Од нив со само едно единствено апче болките ми ги снемува, а претходно години и години се труев со по 3-4 кетонали на ден секој божји месец.:@
    Плус секој ден пијам магнезиум кој исто доколку се пие редовно кога доаѓа периодот ги намалува болките.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Дали ако прекинеш со пиење на Примулит Нор по 2 или 3 дена на започнување ќе имаш несакан ефект ?
     
  18. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    А ако престанеш со пиење по 2 -3 дена каков ефект ќе имаш ?
     
  19. emicka123

    emicka123 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јули 2017
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Последната менструација во јули ми дојде на 10 ти а ми помина некаде 15-16 ти јули ,и еве овие два дена ме боли стомак а утре треба на одмор да одам на ден два само ..нз што да правам ? дали има шанса пред 10 ти да ми дојде ?
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Циклусот може да се одложи со таблети, ама за нив треба рецепт од гинеколог. А и веќе е доцна за да почнеш да ги пиеш.