Како да ја одложам менструацијата?

Дискусија во 'Интимни прашања и проблеми' започната од jarec6, 11 септември 2010.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    16.351
    Друштво, нема зошто да барате начини да ја одложите менструацијата за време на одмор. Ако немате болки земете тампон, аплицирајте го внатре и уживајте. Во овој период од месецот шансите се зголемени за габични инфекции, меѓутоа не е страшно. Одете во подлабоко каде водата е почиста и тоа е тоа, нема голема филозофија.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    10.745
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да бидеш сексуално активна за да можеш да користиш тампон.
    Тампон може да користи било која девојка која има менструација.
     
  3. (:strawberry:)

    (:strawberry:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    805
    Фала ви многуу на сите ❤
     
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    2.772
    Допаѓања:
    13.517
    Пол:
    Женски
    Не е точно (facepalm) дај бе не пишувајте вакви работи некоја девојка ќе си помисли стварно и ќе напика тампон
     
    На (:strawberry:) му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    10.745
    Пол:
    Женски
    Како не е точно? Дај ми научна студија или гинеколог кој вели дека не може да користи. Ме интересира баш како тоа ти мислиш дека не може, и зошто не може.
    Постојат различни големини на тампони - исто како и кај влошките, има мини, нормал, супер. Нема од што да се плашите, памукче од 3 цм нема да ви наштети.
    Хименот може, но и не значи дека ќе се оштети - зависи од вашата анатомија на вагината. Патем хименот може да се оштети и од вежбање, јавање коњ, и мастурбација. Тој не мора да биде знак на невиност. :)
     
    Последна измена: 5 август 2019
    На Alisa22, Srckata28, Nigredo Odor и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    2.772
    Допаѓања:
    13.517
    Пол:
    Женски
    Немам што да ти давам научни студии и да ти докажувам. Било што да се внесе во вагината може да го повреди хименот и не се препорачува да се користи кај невини девојки не е сигурно
     
  7. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    10.745
    Пол:
    Женски
    https://kidshealth.org/en/teens/use-tampon.html
    @(:strawberry:) еве ти, прочитај. Потоа одлучи си сама која е најсоодветна опција за тебе.
     
    На Alisa22, Srckata28 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  8. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    7.464
    Пол:
    Женски
    Не е забрането ама не е ни препорачливо.
    На крај краева нека се консултира со доктор.
    И ништо страшно за девојката. На сите ни се случило да добиеме за време на одмор. На секоја плажа имаш кабина за пресоблекување, ќе тркнеш ќе ставиш влошка.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    16.351
    Објективно нема шанси да го ,,повреди" хименот. Неговото свето височество, (најголемо женско проклетство).

    Но, дури и да е така, што ако? Ти е страв првиот дечко со кого ќе има сексуален однос да не му биде криво што неговата девојка сама си ја ,,одзела невиноста" а не тој алфа домино куртонот?

    Жена си бе, ЖЕ НА! Не дозволувај олку ниско да се спушташ со вакви размислувања, за твое и општо женско добро, те молам. :)
     
    Последна измена: 5 август 2019
    На ku4ence, Alisa22, piksooki и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    1.928
    Допаѓања:
    6.931
    Пол:
    Женски
    Јас сум не сум имала односи но имам користено тампон. Голема работа.

    Во Америка повеќе се користат тампони туку ли влошки, па девојчињата ако не веднаш, на 13-14 години почнуваат да носат тампони. Само во Македонија може да се смислуваат работи за ох, тој химен.

    Па знам девојче што на 15 години, ги носи тие супер тампони, огромните.

    Буквално нема врска, бањкајте си се во море.
     
    На Alisa22, piksooki, Oxymoron и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    4.778
    Пол:
    Женски
    Па не е баш така. Се сложувам дека треба да се избегнува користење на апчиња за одложување на циклус, ама поддржувам во случаи каде буквално нема избор. Има девојки со многу болни и обилни циклуси, каде влошка не ги спасува, а не тампон. Во тој случај нема избор, освен ако сака единствениот годишен одмор да го помине во соба.