Ногу сум мрзлива а несакам да бидам Ме мрзе да си земам да јадам да се бањам да се облечам да учам некогаш има моменти кога ме мрзе и до вц да отидам. Сум пробала да ја победам мрзливоста но никако да го постигнам тоа некаков совет ?
извини ама ме изнасмеа ова, па што да правиш движи се биди активна помалку лежи. Ама не сфаќам те мрзи веце да појдеш?! Да не е некој друг проблем работава?
Леле Катенце на 15 години те фатила мрзата па што ќе правиш кога ќе имаш 30 или 40 години.... , каде ти е енергијата младешка или можеби си разочарана на љубовен план па се ти се гледа тешко и мрзливо, а кога човек е заљубен мисли лета и ништо не му паѓа тешко и мрзливо, а ако те мачи нешто друго пиши можеби ние од форумов ќе ти помогнеме со некој совет од искуство, а за мрзливост навистина незнам како да ти помогнам освен да ти кажам најдиси некоја занимација која ќе те исполнува и која ќе те направи среќна.
Лелеее и јас го имам истиот проблем.. (... Стварно незнам како да ја „тргнам„ мрзава од мене...хД инаку катенце и јас сум тука-некаде со твоја возраст.. имам 14 хД
Имаш само 16 години, а што ќе правиш за 20, 30 години од кревет нема да се поместиш Движи се секој ден излегувај, средувај си ја собата па имаш само 16 години па сега треба да си најактивна
Постави си цели и доколку имаш волја сигурно ќе ги исполниш!Треба и да се потрудиш малку.На пример денес постави си цел да ја исчистиш собата.Ако те фати мрза викни си гости тогаш сигурно ќе мораш да средиш.Мотивирај се на некој начин.Ти си знаеш најдобро.Оди вози ролерки,велосипед или пак соберете се поголемо друштво пешачете до некоја блиска чистинка каде што ќе можете да се забавувате. Има безброј работи што може да ги правите на овие години.Мислам СЕ може да правите.Шетајте,забавувајте се. Лелелее...незнам како ви се седи цело време дома пред компјутер.Ќе умрам јас така.
Одлични идеи ти дале погоре,излези шетај забавувај се, поставувај си прво поситни а потоа и поголеми цели,труди се да бидеш што поактивна. А ако не успееш, оди на лекар, испитај хормоните или иди на психолог
Мислам дека најголем лек против мрзеливоста е спорто .... за жал и јас го имам истиот пробем и никако да се наканам да трчам или да правам некоја др. физичка активност . Понекогас и не излегувам преку ден одшто ме мрзи и седам на фб.... зараза
Штом си мрзелива да одиш во тоалет или пак да се избањаш, пробај да си го решиш проблемот сама со себе. Мене стварно не ми паѓа на памет нешто со кое ќе се оди против тоа.
Хм .. еве вака, ќе станеш од пред компјутер и земеш да си ја средуваш собата или да и помагаш на мајка ти !
Темава како јас да сум ја отворила! Истиот проблем го имам..толку сум мрзлива што кога ми се моча понакад ме мрзи да станам и да идам у вц! не да не е смешно али ај..знаеш како..ја се трудам да си наоѓам што повеќе занимации да правам нешто,затоа што ако се залегнам ќе биде уште полошо! Сеа периодов дека е жешко глеам да шетам навечер да возам ролерки..тешка работа е мрзава!
Ќе ти кажев ама ме мрзи Хехе шала. Секого понекогаш го фаќа мрза, но да те мрзи да се бањаш или да одиш во вц? Се е до тебе и до тоа како размислуваш. Мораш сама себе да се натераш да станеш и да ги извршуваш обврските. Со тек на време ќе стекнеш навика и ќе ти биде многу полесно. Најди си некоја занимација, биди постојано во движење, немој да се заседуваш
како бре да те мрзи да идеш во вц или да се бајнеш? дај малку акција од тебе,собери сила стани среди си соба направи некој ручек да ги изненадиш твоите,излези да се прошеташ,оди кај некој на кафе или повикај некој кај тебе на кафе,дружи се со луге....разбирам да те фати мрза на ден два (па и недела дена) ама во тоа не разбирам да се иде до толку да се мрзи да се избајнеш или да се измо*аш
хахахаха така ни вика на една моја другарка татко и стално кое ке не види такви мрзливи. НЕ заркава дека ќе му направиме дупка на троседот Јас неможам мн да давам совети, зашто не сум поарна ама можам да кажам дека ми се поднамали мрзата, само со добар план. Ќе си испалнирам што да правам прецизно и точно во колку саат. И некако ми е жал да не си го исполнам планот. Како да добивам златни гаќи на крај на денот, ама сеедно барем не ме мрз веќе да одам до продавница
Епа ништо брате. Ке си умреш пред компјутер, сама и тажна. Шала. Како може бре да те мрзи вода да си донесеш, да јадеш?! Јас за едно од овие би трчала преку 2357845 планини и мориња! Станувај од Фемина и магла! Земи баскет, фудбал, ракомет, нешто што те исполнува. Трчај, фотографирај, дружи се. Не може да те мрзи да живееш.