Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да ја победам мрзливоста

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од katence1993, 12 април 2011.

  1. wizardess

    wizardess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    46
    Па нормално е да те мрзи. Сите не фаќа мрза понекогаш.
    Ама еве јас, да си кажам за мене. Се чувствувам многу поисполнето и посреќно кога работам нешто, отколку кога седам цеееел ден пред компјутер или пред телевизор. Сакам кога навечер, пред да заспијам помислувам дека сум направила нешто, можеби не толку многу значајно, но сепак корисно во текот на тој ден, а не да знам дека си го трошам животот, времето и младоста на небитни ствари.

    Што би рекол брат ми: Од спиење нема спомени! :)
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Многу грозна работа е мрзливоста. Еден куп луѓе што од мрзливост,тромост,инертност,страв од промени испуштаат многу од животот.

    Секое делче од денот максимум треба да го искористиме. Точно дека повремено сите ни доаѓа желба да одмараме не правејќи ништо и тоа е користно ама до определена граница. Се одмараш ,полниш батерии и после продожуваш напред.

    Скроз друга работа е што во нашава државичка познавам еден куп дембели ,на кои мајките им чистат, принесуваат/креваат јадење, им читаат лектири , учат со нив. И ми се плаче од таквите. Од мајките де. Сакајќи добро да направат,прават трутови што никогаш нема да знаат да се снајдат во животот.
     
    На Justicija, do-re-mi и ozbilnazena им се допаѓа ова.
  3. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    Таткоми вели да болеше оваа мрзава незнам што ќе праеше ќе пиштеше секој ден хаха :devil:
     
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Некогаш и мене ме фаќа мрзеливоста и не ми се работи апсолутно ништо. Но кога ќе видам дека околу мене се се руши а јас си седам е тогаш неможам да останам рамнодушна сакам се под конец да ми е. :rofl:
     
  5. anuvcheto

    anuvcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    352
    Сама најди си начин, почни да размислуваш како прво, па и тоа е начин за да ја победиш мрзливоста :^)
    Машала, и јас не сум лоша, мрзлива сум ептен, ама сфатив дека кога размислувам што би сакала да правам заборавам и на излежување и на мрзливост, и на се.
    Глупаво, нели :rofl: ? Е сега, незнам дали само кај мене успева, ама пробај, нека не те мрзи :P
     
  6. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Е јас читав шо си читав книги арно ама пак мрзата нешто ова она...си купив шпански разговорник за да убивам мрзливоста и сега цепам шпански,абе Енрике Инглесијас работата...Имав и порано слушнато за она пара нада шо се кажува. Е,то де нада да ти било.Ко не знаев баш шпански си велев Нада пара нешто,со пари или фустан нешто му се распара..не бре то де нада е мор шуте!Добре,нека де Нада...Која Нада ми се вртеше во главата.....која е сега пак таа жена?Нада...после гледам во тој речник,разговорник шо и да е...абе то е зборче за ништо демек,повели друг пат нема проблем во таа смисла...јас па шута ко шута нада го разбрав како Нада..
    де нада...де Нада :^) :?:
     
  7. Makeup

    Makeup Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    50
    Гадна работа оваа мрзеливост ама што да правиме сите не фаќа е кога ке видам хаос околу мене се заинатува станувам средувам :rofl: :rofl:
     
  8. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Сум.била мрзелива ам асега никако :!:
     
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Мислам дека станав мрзелива откако почнав да си трачам време по соц мрежи и тоа таква зараза ме фати што почнав да чистам низ дома како мачката со опашката, што побрзо за да можам да го грабнам лаптопот.
    Лек за мрзеливост-една недела без интернет :(
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. wanderlust

    wanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    2.383
    Незнам што ми е во последно време, толку сум мрзелива, немам никаква волја за учење Незнам што се случува со мене, не бев ваква. Почнав на факултет и наместо да седнам да учам за колоквиумска јас книга немам допрено.Немам желба, немам мотивација.Како да се справам со ова...почнав да очајувам.Ако продолжам вака ни еден испит нема да положам ахх... :(
    Мрзава ептен ме совладала.
     
  11. anja_queen

    anja_queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    moze da e vo rpasanje samo promenata na vremevo, naruseniot bioritam i nedovolnoata dnevna svetlina sto prodira vo prostorijata vo koja ucis. Taka da samo trpenie i upornost, ne e nisto strasno site sme go pominale toj period. Koga ke pocnes da citas samo smireno i gledaj da ne mislis na toa deka nemos da ucis, poso sama si stvaras napnatost....relax and take it easy :D
     
    На wanderlust му/ѝ се допаѓа ова.
  12. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
  13. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Апче за избивање мрза?
    Хахахах шаличка немојте одма да ме правите глупа
     
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.877
    Пол:
    Машки
    Една недела на нива на жешково и ќе избие тоа мрзата низ потта :rofl:
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Ти сакаш да ни поможиш, или сакаш срцев удар да добиеме :^)

    :D
     
  16. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Ili so pracka, taka polesno moze da se izbie :rofl:
     
  17. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    1.478
    Со метла како Колозов.
     
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.877
    Пол:
    Машки
    Еееее не е лесно да се кали челикот :rofl:
    Може и така да хахаха брзо решение
     
  19. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Јас незнам зошто на некои особи им сметаат мрзливите луѓе.па и онака ништо не праат тие.
     
    На WildMk и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  20. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.119
    Пол:
    Женски
    И секогаш го наоѓаМЕ најлесниот начин за извршување на задача. Шо е многу практично. :D
     
    На Ajronmen и ушко им се допаѓа ова.