1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да ја припремите вашата ќерка за првата менструација

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 10 мај 2019.

  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Да споделиме совети и искуства на оваа тема.
    Како да се припрема девојче за првата менструација.
    Мојата по голема керка е 11години и секогаш отворено разговарам со неа за се што ја интересира, секс, пубертет, менструација,симпатии итн.
    Утрово ме разбуди целата во паника и уплакана и ми кажа дека видела крв на гаќите и мисли дека веќе добила. Отидовме во купатило и навистина имаше добиено.
    Цело утро додека не замина на училиште плачеше.

    Е сега и покрај тоа што имавме разговарано претходно и знаеше дека еднаш ќе се случи и тоа за брзо многу стресно го доживеа сето ова.
    Сето ова ме тера да мислам дека јас како мајка не сум ја припремила доволно и правилно!

    Се надевам темава ќе е од корист за сите мајки што имаат керки.
     
    На tambelina, m.i.g, sj *O* и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Ни јас не бев кузнае колку припремена од страна на мајка ми.Секогаш кога ќе ми почнеше муабет за тоа глупо ми беше.Имам една книга нешто ,,Јас сум тинејџерка” мислам беше и една ,,Книга за секое девојче” и од таму си читав и за менс и за секс и за се.Од таму уствари знаев.
    Знаев што е тоа, знаев многу работи околу менструацијата само не знаев кога ќе добијам бидејќи скоро сите мои врснички веќе имаа добиено.
    И добив на екскурзија во 1ва :wasntme:
    Памтам дека горев од температура буквално, башка не бев спиена, ни трезна.Станувам и гледам крв, среќа носев дневна.И и викам на другаркава : сум добила ако имаш улошка дај ми.
    И и пишав на мајка ми секако, радости живи ,, леле мајкина честито порасна веќе :?:
    Не поминаа ни 15 минути ми честиташе и татко ми :$, тетките, братучедка ми..Сите испоразбрале мене жив срам ме јадеше.
    Кога се вратив во Скопје, бев полу-мртва цел можен пат горев од температура.И ме тераше да и раскажам како сум видела и сум знаела дека е тоа тоа.А мене едно глупо што ми беше како мислиш кузнае што е.
    Објаснете им што е менструација, како се ставаат влошки
     
    Последна измена: 14 мај 2019
    На KuklickaSk, tambelina, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    И мајка ми со мене разговараше доста отворено на сите овие теми и ме имаше спремено за тоа, но имам и постари братучедки од мене па и они ми зборуваа и ми објаснуваа за менструација, секс и сл. Братучедка ми ме учеше како се мести влошка, бев спремна и знаев дека треба да се случи тоа во пубертетот. Првиот пат кога добив бев сама дома, само што станав од спиење и отидов во wc видов крв, не се исплашив бидејќи веќе знаев што е, си ставив и влошка и после тоа се расплакав.

    Кога дојде мајка ми умирав од срам како да и кажам, ја викнав насамо и и кажав дека ми дојде она одма се израдува, ме гушкаше ме бацуваше ајде честито сега веќе си девојче ми рече, побарав од нејзе да не му каже на тато, ама она само што излезе од собата одма отиде и му кажа целата среќна, после и татко ми ми честиташе, па почна да се јавува на цела фамилија и сите ми честитаа, а ја се чудев што толку големо и важно е ова толку сите што се радуваат.
     
    На ane.bella, cresa-jagoda и nextredstyle им се допаѓа ова.
  4. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Јас сосема спремна и очекувано си ја дочекав менструацијата, нешто мајка ми ми кажа. нешто другарки и соученички што имаа и кога ми дојде си зедов влошка и на никој не кажав, ама не ги извадив тие стварите за да се залепи и ми падна низ ногавици :D и морав да кажам па научив и така.
     
    На ane.bella, cresa-jagoda и nextredstyle им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Темава мислам е како да се припремаат девојчињата за првата менструација, а не искуства вие како поминавте. :?: За искуството ваше при таа појава има друга тема.

    И после лутење, не ве почитувале на форумов, ве нарекувале дечишта. Не се мешајте секаде, прочитајте и размислете пред да пишете.
     
    Последна измена: 14 мај 2019
    На Eli23, ane.bella, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Менструацијата не е табу тема повеќе и можете отворено на таа тема.Со ептен биолошки термини,не.Но,треба да се напомене дека тоа е процес кој секоја жена го доживува.Дека не е страшно,дека секој посебно го доживува.Некој со болка,некој не.Што е ПМС.Употребата на влошки и хигената баш во тој период е многу важна.
    Подобро е да се каже,отколку да му дојде на детето па да се загрижи нем нешто да се повредило па од памет да се извади.
    Мој совет е и да и кажете на вашите деца во склоп со менструацијата и за сексуалните односи.Децата денес многу рано го среќаваат овој термин.Така да,треба да се каже.Независно дали е машко или женско.Треба да се свесни за употреба на кондоми,СПБ,несакани бремености итн.
     
    На tambelina, ane.bella и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Јас иако знаев што е, ја очекував, бев и 13г и последна во клас што нема добиено сепак плачев кога видов дека сум добила, а мајка ми џабе пробуваше да ме смири. Потешко е да се прифати и додека се навикне, сепак првпат и е. Плус плачев и од болки, од прва менструација ми е ептен тешко. И еве 5г подоцна речиси секое добивање ми е со плачење додека апчето не делува, а свесна сум за се, па џабе. Со тек на време ќе се навикне, јас имав проблем со носење и на улошките, ми пречеа, па често и ми протекуваше, ми требаше доста време додека се научам на таа нова ситуација и како треба да се однесувам тогаш, мислев ќе ми е исто, па нема да ми пречи во секојдневните обврски, но ете сега си фатив ред, знам кое апче ми помага, како да одмарам, се со време. Полека, полека, ќе си дојде се на место, не се грижи и треба време да прифати. :) Сепак е уште дете. :)
    Колку и да и кажуваш и колку да знае, пак е нешто ново за неа и нормална е реакцијата.
     
    На BlackMistery, ane.bella и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Олабави се малце не се напнувај толку важи? И ти секаде мрчиш и напнуваш, не знам дали има тема за напнати, ама ни тебе не ти е тука местото :D

    Со моето искуство, индиректно сакав да кажам дека нема потреба од некои големи припреми затоа што како што јас дознав од другарки, така ќе дознае и таа и сега ова време децава се толку напредни и знаат се што некогаш јас дознавам нешта од нив место тие од мене. Еве имам братучетка прв пат доби пред 2 месеци и ја прашувам во врска со тоа, се срами да каже врти тема. Ја прашав вујна ми како се десило што се десило исто ми кажа дека добила ама била спремна затоа што другарките веќе добиле и знаела се од нив.
     
  9. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.590
    Пол:
    Женски
    Се сетив на една случка кога бев 7 - 8 години. Се упатив во пералната да фрлам една крпа и приметив гаќи полни со крв. Во паника ја извикав мајка ми и ја прашав зошто имала крв на нејзините гаќи.
    Тогаш ми објасни се, ми беше чудно тоа што ми го кажуваше но сепак знаев што ме очекува.
    Бев кај баба ми кога добив прв пат, со радост и кажав на мајка ми.
    Немав страв, ниту пак плачев, знаев веќе за што се работи.

    Се зависи од тоа како ќе се пристапи со детето на таа тема, каков начин на објаснување, како ќе реагира и дали ќе биде сама кога ќе добие доколку не знаела претходно за што се работи.
    Се што е на време кажано е подобро.
     
    На ane.bella, cresa-jagoda, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. darlingdragon

    darlingdragon Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2019
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Мајка ми убаво ми објасни и ме подготви,читав и во книги повеќето затоа што ми беше срам тогаш да зборувам за менструација:rofl::^)
    Кога ми дојде бев цела во крв,станав од кревет и кажав влегов да се туширам и ставив сама влошка :D
    Како ништо да не било ми беше тој ден излегов после тоа :D
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Неее... Не си згрешила ништо :hug:
    Ќерка ми има 13 и сеуште нема добиено.. Ама знае се' што треба да знае.

    И мене мајка ми ми објасни пред да добијам, и иако знаев и бев свесна, прв пат ко ми дојде, почнав да рикам :D
     
    На tambelina и ane.bella им се допаѓа ова.
  12. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Како го почнавте муабетот? Те праша ќерката или ти се реши да и објасниш?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот во тебе дека не си ја подготвила доволно туку до самото девојче е ,секој си сфаќа различно.Јас иако бев многу многуу информирана и од мајка ми и од книги едноставно не сакав да се помирам,лежев во кревет 2-3 дека не станував и мислев дека ми се познава преку пантолони влошката,веќе вториот третиот пат се опуштив.Секој различно доживува нема врска како мајката ја подготвила ќерката на тоа сепак јас мислам дека е важен момент кој секое девојче се сеќава на првиот пат и верувај дека и твојата ќерка ќе се помири и нема да му биде воопшто стресно.Јас кога бев основно бидејќи нормално немав редовна менструација на почеток во училиште не сакав да ја бришам таблата да не случајно имам крв на пантолоните(дете),не сакав татко ми да знае ми беше ептен незгодно ама се со години и искуство сега не ми е воопшто незгодно од никој зборувам и со родители и со другарки така да се си бара време зависи од тоа колку девојчето е опуштено.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.667
    Допаѓања:
    116.479
    Пол:
    Женски
    Седнете,разговарајте со вашите ќерки пред да ја добијат првата менструација.Така нема да се исплашат кога ќе им дојде или барем само малку,што е исто нормална реакција.
    И јас бев малку исплашена кога ми дојде првата менструација,ама знаев што е,па само ја замолив мајка ми да ми објасни повеќе.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не памтам детали..
    Мислам дека сама ја седнав да и' објаснувам...

    ---------------------

    Ама, не е воопшто невообичаено бурно да се реагира на толкава промена во животот.
    На возрасни им прават стрес промени од оваа магнитуда (па и помала), не пак на деца од 10-15 години.
     
    На ane.bella и irrelevant им се допаѓа ова.
  16. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    И јас не се сеќавам на муабетот со мајка ми за ова, знам дека ме седна да разговараме ама не се сеќавам на ништо. А баш ме интересира како ќе течи муабетот и какво е објаснувањето. И прашувам мајки, ама ретко некоја да се сети. Јас да сум мајка на ќерка не знам како би почнала и затоа сакам да знам. И братучетка ми кога ја прашав не знаев како да почнам. Имаш онакви знаеш женски работи?
     
    На ane.bella, nextredstyle и WildMk им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Само 'ќе ти дојди'... по она што е посвежо што сум и' кажала...
    Мене барем...
     
    На ane.bella и irrelevant им се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Немавме официјален big talk со мајка ми околу менструацијата, се сеќавам кога ми дојде мислам 13 години дека имав, видов крв, и и реков на мајка ми, добив, ај те молам купи ми влошки и сладолед. :D
    Сосема нормално го перцепирав добивањето, веројатно што додека растев уз муабет на други особи, имам собирано информации, како од мајка ми така и од постарите братучедки и не ми беше гром од ведро небо.
    Знам само дека многу имав мака да се навикнам на влошки, како памперс ги доживував, ептен ги мразам, дури и денес во малце помала мера.
     
    На Ladyyyy567*, sj *O*, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ретки се девојчињата што можат 100% да бидат подготвени за таква драстична и значајна промена.
    Колку и да се трудиш да и објаснуваш, да и кажуваш дека е природна работа сепак ќе постои страв и до одредена мерка срам да не дознае некој па да и се смее (пошто сепак се деца).

    И мене мајка ми на 9/10 годишна возраст ме седа и се ми објасни.
    Иако бев добро упатена, сепак кога ми дојде прв пат плачев. Не знам зошто.
    Чувствував дека не сум веќе дете, мислев нема да можам да трчам, мислев постојано ќе ме боли...

    Друго е кога разговараш, а друго е кога ќе се случи нештото.

    Секоја совесна мајка треба отворено да разговара со ќерката уште кога е помала.
    Да и каже дека сосема нормална работа е менструацијата, дека не треба да се срами или плаши, па да и објасни како се одржува хигиена во тие денови.

    Во училиште кога учевме за тело (мислам 6то одд.) кога се спомнуваше менструација сите се потсмеваа, машките се зезаа, а женските црвени во образите ти се чини кој знае што се случува.

    Треба и со синовите да се разговара отворено за сексуална едукација, заштита, па тогаш да се спомне и менструацијата како значаен дел од животот на една девојка, а не да се смеат или да ги навредуваат соученичките. Треба да знаат што се случува со женското тело.
     
    На tambelina, candy.cane, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  20. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Би објаснила кратко и јасно како што е :). Се шегувам. Сега барем има книги, нет и многу извори и помагала за родители. Јас би ги искористила како нагледни средства што би се рекло во образование. Би и кажала дека тоа се вика период/циклус и дека од сега е девојка. Поточно, би почнала и малку порано, 9 10 години. Тогаш само ќе ја припремам дека можно е да види крв на гаќите и да знае дека тоа е нормален процес во созревањето на девојките. Да не се плаши и секогаш да ми каже. Би и покажала влошка и би и објаснила како се става,дека тој период мора да се носи за да не тече крв секаде. А откако ќе добие ќе и објаснам дека секој месец ќе има таков период дека сите девојки и жени имаат и дека тоа е сосема нормално. А потоа секој месец полека би и кажувала за сексот,за зачнувањето итн. Верувам дека секое девојче би било исплашено како што сме биле и ние нели. Плус во време кога ретко која мајка ни кажувала и не припремала. Памтат дури во продавница ги виткаа влошките во хартија оти срамота било да се гледаат. Е сега ќе споделам една случка, син ми кога имаше околу 5 6 годино научен само со мене дома ми влета во вц додека менував влошка и се зачуди. Почна да прашува што како и зошто. Му кажав дека мама има такви денови кога и тече крв и мора да носи влошки. :). Сега знае зошто служат а за другото не прашал уште. Ама планирам да му објаснам и нему да знае.
     
    На tambelina, ane.bella, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.