Сеуште се кријам од ќерка ми (5 годишна е) кога се средувам во купатило. Таа веднаш сака да знае сѐ но навистина незнам на толкаво дете како би му објаснила што е тоа. Кога прв пат е соодветно да дознае? А да не е непосредно пред добивање циклус До сега на пар пати прашала што се улошките, јас успешно го избегнувам муабетот, а маж ми ги вика "пелените на мајка ти" Јас отворено разговарам за шкакљиви теми и со моите ученици, но сепак тие се со соодветна возраст, а кога се работи за мало дете стварно незнам како да постапам.
Мислам дека наједноставно е секогаш да се разговара во моментот кога ќе има таква ситуација, а не еден најважен разговор во смисла седни да ти кажам некои работи. Чепкаат деца секаде, еве мајки кажуваат како им влагаат децата во вц, кога тогаш ќе ги најде влошките и ќе праша што се. Еве и сега ми се на мегдан, не гледам зашо би ги криела кога ќерката ќе биде постара. И мислам дека што помали се децата полесно ќе им се објасни, секако со употреба на соодветни зборови. Секогаш сум споредувала со посвоени деца, ако цел живот знае дека мама не ме родила, нема зошто да се потресува за муабетот во осетливиот период на пубертет или понатаму како возрасен. Мислам дека е исто со разговори за менструација, секс, промени на телото во пубертет и слично. На мојата ќерка планирам да и ги одговорам сите прашања кога ќе ми ги постави, без разлика на која возраст. Можеби само со помалку детали ако е помала.
Може и дошло стресно ако се уште никоја од школските и се нема "пофалено" дека добила и како демек она прва.Може затоа така изреагирала. Мене мајка ми ништо посебно не ме спремаше веќе се бев слушнала кога ја учеше сестра ми како постара.Едвај чекав да добија оти меѓу последните бев,а имав 12 и пол.Татко ми одма ми купи поклон како добредојде во светот на жените Мојата е мала уште ама секако постепено би ја спремала.Дури и си планирам по добивањето на првиот циклус да ја однесам на разговор со гиниколог да ја подучи за обврските за пап и други контролни прегледи кои треба да ги прави .
јас некаде бев 6то или 7мо одделение добив прв пат и од прилика бев ѕапоѕнаена пошто и другите девојчиња од сколо ѕбореа ѕа тоа али сепак се сеќавам дека кога видов крв на ѓаќите се воѕбудив и исплашив и се стрчав во дневна а сите собрани мајка ми татко ми брат ми и на цел глас таква исплашена мамо ми тече крв и мајка ми таква не викај дојди со мене во вц а татко ми се насмеа само а брат ми ко со гледаше тв се сврте само и нишо не рече и отидов во вц со мајка ми виде ми покаѕа улошки и како што датумче да си ѕапамтам и да си пазам ми рече и тоа е тоа. и после кога иѕлегов од вц ми беше малку срам али тоа е тоа у кратки црти. а ѕа средување на влакната исто бев смешна исто некаде 6 7 одделение бев и физичко и треба кратко да се носи и отидов во вц се избричив со пена ѕа бричење за зени донесена од надвор и доаѓам у соба им викам на моите се иѕбричив им каѕав што како и ми рекоа абе не ги бричи ке боцкаш и потоа ми купија депилаторче и така. смешни ситуацииве у секој случај. ѕа сите работи така реагирам и до де денес сум иста. отворен и искрен раѕговор со деца иако се запознаени со се сепак е тоа природна работа треба да го фатат редот уште од мали со средување и гриѕа ѕа себе. и да им се показе.
Имав читано некои такви прирачници, немав зборено за тоа со мајка ми .. Кога видов крв ја викнав мајка ми таа ми објасни што е и ми покажа се што треба. Никогаш нема да го заборавам тој момент колку бев горда што сум станала возрасна девојка А влошките како мала кога ги гледав на телевизија велев дека се памерс за возрасни Ако некогаш имам ќерка, ќе ја седнам и ќе и објаснам се'.
Веќе кажав и во првиот пост дека отворено разговараме за сите можни теми, и на оваа тема и имав доста објаснато и тоа уште од кога беше многу по мала, не и е нешто што никогаш не слушнала или видела па да и е како гром од ведро небо. Јас мислам се исплаши дека не очекуваше да и се случи баш сега или ваљда детето си го замислуваше тоа некако по друго. Е сега веќе е по смирена, додуша мрази да носи влошка и едвај чека да и заврши, разговарала и со учителката на училиште па учителката и честитала па другиот ден и дала и поклон па една од другарките што нема сеуште добиено и кажала дека и љубомори хахаха и така... Мајка ми е срце жена но многу беше затворена околу овие теми, и ден денес јас да спомнам пред незе нешто во врска за секс на пример одма ќе ме погледни по преку и ќе ми речи ајде доста какви се тие муабети Никогаш пред да добијам ми немаше кажано па и ко добив ништо не ми објасни, само ми честита ајде сега си веќе девојка бла бла, немаше ни влошки изгледа користеше вата и вата ми даде да ставам од вториот пат влошки ми купи и толку. Е поради тоа што мајка ми беше затворена за вакви теми јас сум сосема спротивна од неа и сум отворена со големата и здравје исто ќе биде и со малата. Јас за менструација имав слушнато од другарка а изгледа и на другарката никој и немаше објаснато туку имаше заслушнато не до слушнато па муабетот ни одеше вака: абе знајш дека ќе станеме жени и ќе ни течи крв таму долу и јас и велам нема шанси, и она вели да да ќе ни течи крв и ќе бидеме бремени многу смешно ама и жално во исто време,сигурно бевме околу 10 години, во наше време немаше интернет и бевме многу по различни од денешниве деца. Првата вечер кога добив не заспав цела вечер плачев мислев дека готово бремена сум Зборувајте со вашите деца одговорете искрено на нивните прашања, според возраста бирајте зборови но кажете му ја вистината.
Не знаев каде да го ставам, не е конкретно за оваа тема, ама е поврзано. https://sdk.mk/index.php/neraskazha...EfvVtEFaFcxUKhFLLKllino#.XTBGMBrMKco.facebook „МЕНСТРУАЦИЈАТА ВО ЗЕМЈАВА Е ЛУКСУЗ, 15 ОТСТО ОД ДЕВОЈЧИЊАТА КОРИСТАТ ВЕСНИЦИ НАМЕСТО ВЛОШКИ ОТИ СЕ СКАПИ“
И јас мислев... ама очигледно сме уште подолу од тогаш... весници наместо влошки еј... па бабиве наши памук користеле или сами крпи правеле, ете, немало влошки... жалосно е ова, жалосно.
Еве и јас да пишам на оваа тема , ќерка ми има 9ипол години и веќе една година како има гради , па влакненца почнаа да и растат , па акни на лицето и излегуваат. Прво ме фати страв (и пред некое време пишував на форумов за ова) да не е рано за ова , па педијатарот нејзин ја прашував и ми рече не е рано , дека денешните девојчиња добиваат менструација од 8 годишна возраст па нагоре.. Исто прашував за растот по добивањето , имам слушнато дека ако добиеш потоа не растеш , но докторката ми рече дека потоа расте интензивно наредните две години и толку. Она е четврто одделение и 145 см , не сакам толкава да остане. Со неа имам разговарано за ова уште од лани кога почнав да забележувам промени , пред некој ден забележа на гаќите траги од крв и јас мислам дека тоа е тоа , дека веќе добила. Но беше само тогаш тој момент. Е сега мене ме интересира вие што имате ќерки и имаат веќе добиено , дали така треба да изгледа првиот циклус? Јас за мене се сеќавам дека кога прв пат добив , првите две години понатаму добивав на неколку месеци , не ми беше редовна. И не се сеќавам воопшто колку дена ми траеше првиот пат. Трагите кај неа ги видовме пред спиење и потоа наредниот ден немаше ништо. Ме интересира какви работи се кажавте во врска со менструацијата , едноставно не знам како да и објаснам и дали ќе ме разбере..
Какво плачење бе колку ме болеше стомак немав време да мислам на плачење... Знаев што е, знаев ија очекував во секој момент. Мајка ми секогаш била отворена и бев спремна. За ќерка ми е рано, но се случило да ме види да ставам улошка и прашала што е икако е,и кажав дека е мала она, дека кога ќе порасне доволнои таа ќе има и не праша веќе. Не е тешко а ни срамно да се објасни.
@koritsaki Ќерка ми доби пред 2 недели(12 год). Не беше искрено ни исплашена ниту изненадена мн. Знаеше што е и што да очекува, бидејки доста сме зборувале на темата. Кај неа беше баш нормален циклус со траење од 5 дена. Како ке биде наредени месеци ќе видам. И зголемив само внес на витамини и течности. Кај мене поголем проблем е малата која не престанува да ја зеза дека добила и сега е 'жена' (алапача една )...
@koritsaki постов ти е скоро 2 год стар, така да до сега сигурно си станала експерт, ама ај да си прашам Ќерка ми е 10,5 год и денес цел ден има како она стара крв, кафено. Од синоќа и се појави и денес и ставив влошка и еве ја цел ден на училиште се врати и пак кафено само Па муабетот ми е дали ти текнува првата менструација кај ќерка ти како беше? Дали само вака ден два? Дали да очекувам да процури деновиве? Дали е можно да е лажна тревога? Утре одам на педијатар за малата ќе препрашам и за ова, ама повеќе ме интересира искуство
@V.N. од тогаш гледам не сум ни пишала на темава сум пишала во 2020, официјално доби август 2021 , си беше нормална бојата, баш менструација. Значи на 10, 5 години. А до тогаш се и "шараше" траги темни црвени па по некој месец пак и се така додека не и дојде нормално. Од тогаш кога и дојде (сега во март 12 ќе полни) до сега уште не и е нормализиран циклусот , месец дена нема, па ќе и дојде... и трае сигурно едно 5 дена. На почетокот траеше два три дена. Имам приметено дека стагнира во раст дојде до 1,60 и скоро година како нема мрднато во висина. Педијатарот рече ќе расте ама не со темпо како што растела. А си беше висока , ама тоа да е жива и здрава на крај краева тоа е најмалку важно
Јас сум 1,55 да , имаш право, а и мм не е мн висок 1,75 , така да тоа е тоа, не можам да очекувам и да биде многу повисока
Da si kazam za mene,koga dobiv prvpat ,ne bese bolno,a prethodno site mi vikaat deka uzasno boli i sum videla se vitkaat od bolki.I znam deka cekav i cekav da me zaboli onaka uzasno kako sto kazuvaat,i za sreka do denes ostanav na cekanje.Menstruacija son.-3 dena so 4 vloski,oskudno i redovno.Sinot vo pubertet go spremav i mu kazuvav za ova,da si znae za devojcinjata od oddelenie,i sto znaci toa.IMAM FINTA,takvi temi gi zborime malku na angliski,za da ne bide neprijatno,bidejki i gi slusnal na angliski,ama ne sakam od GOOGLE ,da dobiva info za cuvstvitelni temi,plus i vo skolo ucea po biologija,pa objasniv ednostavno,i sekako videl vloski i znae za sto se.
Фала ти на експресен одговор Ај да се надеваме дека е само предвесник и нема да ја заглави уште од сеа, барем уште некој месец си викам до 11 год да дотурка. Иначе јас еве 40 год имам, 2 деца родив ама редовен циклус никако. Сеа ова со растењево малце појше ми е мака зошто па ја метро и желба за растење сум си ( 156 см ), татко и си е повисок, ама она бре најмало во одд на мајка се погодила