Доколку си при крај со тезата и ти останало само да ја одбраниш, со дечкото врската ви е сосема во ред, заедно сте подолго, се познавате, убаво ви е заедно, разговарате веќе за свадба, сакате да сте заедно понатаму, во план ви е да се земете не гледам никаков проблем зашто да не го родиш детето, доколку самата информација дека си бремена те израдувала и тебе, а и него. Што ќе биде понатаму... откако ќе го родиш, веројатно не ќе можеш веднаш да почнеш да бараш работа, да работиш, единствено тоа е негативната страна на ова. но, пак ретко кој веднаш откако завршил факултет почнал да работи, затоа ако тоа сакаш не се плаши воопшто се останато ќе дојде само по себе, пак и не знам зашто родителите би биле против Моја другарка забремени за време на студиите. Си се омажи, си го роди детето, роди и уште едно за сето ова време, заврши со сите нас и факултетот и мастер... работи во моментот.
Кај мене и двете бремености беа со сакање,планирани,така да едвај чекав да ми задоцни и одма правев тест
девојки нова сум во форумов имам едно прашање до вас. последна менструација имав на 2 јуни, на 14 и 18 ден од почетокот на менструацијата имав незаштитен однос во кој дечко ми тврди дека не свршил целосно во мене и дека нема причина за паника. но некако не ми е сигурен искрено 5 месеци сум во таа врска, месец дена имаме односи. дали е можно да сум забременила. ве молам за совет. многу се плашам при крај сум со студиите, планирам да продолжувам а за свадба не ни мислам .....
А ти да му кажеш на дечко ти да не живее во заблуда, дека и со нецелосно свршување може да се забремени, зависно од среќата на неговите сперматозоидчиња и дека има место за паника, ако веќе паничите за тоа. Затоа направи со тест за бременост, земи си од аптека Sure check, можеш да тестираш во било кое време од денот, но нај добро би ти било со првата утринска урина, прочитај го упатството, резултатот е точен ако е после 5-тата минута нај доцна до 10-тата минута. Нема целосно, не целосно, или свршил и не свршил. Прашање - Како дознавте дека сте бремени? Одговор - Па ми кажаа женските од фемина форумот Шала на страна, прашањево е малку чудно. Како можам да дознаам? Или од тест или од преглед кај гинеколог, тест од крв или слично медицинско испитување. Постои варијанта да ти каже и гатачка, да ти видат на тарот карти, на кафе, јогурт или пудинг.
Дознав кога отидов на гинеколог пред некој ден, но за жал соопштено ми беше „ бидена сте бремена, но имате спонтан абортус “ не ни знаев дека ќе станам мајка, а дознав само дека го изгубив бебенцето
ne taguvaj znam deka e mnooooogu tesko, bidi hraba i se kje bide vo red,ke imas i mnogu ubavi momenti i ke si bides majka, :'( jas se trudam ama nemozam da zatrudnam :'(
прееееемногу е тешко ајде, Господ е со нас па се надевам и двете ќе се радуваме за скоро! Ти посакувам многу среќа и исполнување на целта!
Јас кога го видов првиот позитивен тест, не можев да поверувам, мислев дека ми се причинува. Почнав да се препотувам и да ме фаќа паника како страв како да треба да одам на приемен испит а не сум доволно спремна Почнав да се радувам тек откако докторот ми потврди дека ќе имам бебе, до тогаш само се чудев со неверување.
Мене ми каснеше 10 дена и наместо тест отидов директно на гинеколог, си викам што и да е, да си проверам и си дојдив дома со плачки ама солзи радосници беа.. туку не ми е јасно како ја рачунат бременоста односно која недела си.. еднаш ми кажува медицински од последна менструација послем ми вика вистински е зачнато... сварно не ми е јасно.. сеа 5та сум или 7ма хахаха срце не се секирај, ќе бидне, не за џабе постарите ни викаат чувајте се деца.. а ние не сме ич послушни.. лудуваме ептен, ајде ќе биде срцка ќе бидиш мајка на 5 ангелчиња, веруваме
jas seuste nesum doznala za toa...utre planiram da odam na ginikolog bidejki ovoj mesec nemam dobieno a pravev 3 testa i site mi pokazaa po 2 crti....... ARIANNA ne se sekiraj ima uste vreme ke bide
Dajboze i ginekologot da go potvrdi istoto sto i testovite jas doznav minatata nedela deka sum bremena prvo si napraviv test, a potoa drugiot den vednas i na ginekolog i sega si sum presrekna za toa i se nadevam se ke bidi vo red ponatamu femina emili i mene taka mi rece ginekologot 5 a spored mene7 nedela tamu kratat po dve nedeli spored ovulacijata nekako [mod-kirilica:v4tplirm][/mod-kirilica:v4tplirm]
ај да си ја кажам јас мојата приказна како дознав во мај месец ми каснеше речиси десетина дена, купив тест излезе негативен и ај си викам ке одам на лекар да видам што е работата. одам кај матичната таа ме виде на ехо и ми вели а имаш циста???? и добро ми вели дојди за една недела ако не ти дојди до тогаш ке видиме шо ке правиме...јас си одам од кај неа и си викам ај ке си купам јас пак тест и идење дома го направив тестот и се покажа втората линија си мислев дека халуцинирам едвај чекав да дојди мажето да му го покажам тестот за два-три дена бев кај друга докторка и таа ми ја потврди бременоста , бев некаде 3-4 недела
За оние кои се бунат во која недела се: бременоста се смета од првиот ден на последната менструација, што значи тогаш почнува првата гестациска недела, иако реално, бебето не е тогаш зачнато, туку најрано две недели подоцна. Ама, вака е полесно за следење на параметрите кои треба да бидат показател за развојот на плодот - дали оди како што треба или не. Кај оние со нередовна менструација (што доцни по подолго време), мислам дека има некои остапки во пресметувањето. Вака сметана, бременоста трае 40 г.н. односно 10 месеци
Јас дознав преку тест за бременост. Ми доцнеше околу 7,8 дена, но бидејќи ми е нередовна менструацијата си велам ај ќе почекам уште некој ден иако во себе веќе знаев дека се случило, но сепак почекав и зедов тест и одма се покажа втората црта за неполна минута и бев мн.среќна, го чекав мм да си дојде дома и му кажав трудна сум и тој почна да ме бакнува и се израдува и потоа почекав некоја недела за да ми потврдат на гинеколог и штом отидов и ме виде на ехо ми кажа која недела сум и се тоа по ред
Јас уште од првиот преглед на гинеколог ми кажа дека сум 1 недела назад според ехото и така си е на секој преглед кога одам така си кажува и бебето си расте според тие недели, не според последна менструација и јас така си рачунам, ете на тикерот ми е ставена според последна менс.но јас си рачунам 1 недела назад за поточно.
Јас дознав преку тест. Ама толку бев сигурна дека ќе биде позитивен (иако не ми доцнеше значително) што немав некаква спектакуларна реакција која видов 2 црти . Викам: етеее 2 црти, знаев, тоа е тоа Го оставив тестот, измив раце, па сетирав камера на мобилниот и искочив од купатило да му кажам на мм. Леле која добра снимка е тоа ))) Инаку не знаеше ни дека сум купила тест, ниту дека ми касни малку
Јас дознав дека сум бремена дури во 3-ти месец. Последен пат добив во јануари 2011. Бидејќи во февруари не добив, отидов кај мојот тогашен гинеколог. Таа ми рече дека имам циста на десниот јајник и да почекам уште една недела за да добијам. Ако не добијам да дојдам да ми препише апчиња. Бидејќи и тогаш не добив, отидов кај неа и ми препиша апчиња Primolut Nor. Откако ги испив апчињата требаше да добијам после 3 дена. Кога не добив (беше недела) бев 90% сигурна дека сум бремена. Одлучив наредниот ден да правам тест за бременост. Ноќта станав од спиење и повратив. Тогаш бев 100% сигурна дека сум бремена. Наредниот ден направив тест за бременост и видов 2 цртички.
Дознав уште пред датумот кога требаше да (не)добијам...Не бев стрплива па направив тест кој излезе позитивен,потоа направив уште два и тие беа позитивни