Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како дознавте дека сте бремени?

Дискусија во 'Бременост' започната од koritsaki, 10 ноември 2010.

  1. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    знаев дека сум бремена... мислам потајно си верував... после 4 дена каснење си направив тест ии опп две црткии .. сега си имам уште едно срценце што чука во мене.. да ми е здраво и живо :inlove:
     
    На SimonaTino и Agrona им се допаѓа ова.
  2. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Мислам дека веќе имам пишано за ова на др тема, ама интересно ми е да кажувам :lol:
    Јас бев 100% сигорна дека не сум трудна.
    Ми касенше 2-3 дена.
    Другарка ми со која што ни беше синхронизирна циклусот доби, а јас не.
    И она упорна беше. Трудна си, трудна си :rofl: а јас викав нема шанси, осеќам дека ќе добијам.
    Поминував од аптека и застанав да си купам нешто, и викам ај еден тест ќе земам.
    Уште го немав завршено тестот, само 2 капки од мокрачата ставив се покажаа 2 линии. :rofl: :clap:
    Не ми се веруваше. Сега сум на крај на 5ти. Уште не ми се верува ама одвај чекам да си ја држам ќеркичката во раце :inlove:
     
    На mimidjon, okcenzi, Sweetheart87 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. gjul

    gjul Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    ее девојки секоја приказна си носи свои убавини и неубави работи е моето вака бесе инаку со мазми се 5 години во брак и немозев да сотанам бремена пробавме исеминација и тоа не успеа лани и се отказавме си поминавме за новата година убаво ама јас секогас кога ке си легневме заспивав со солзи на оците понекогас цела нок си лезев така будна и секако имав големи подоцници и не успевав да си ги смирам неврите бев во еден вид депресија затоа сто со од сите страни ме присткаа за беб освен мазми мајками и таткоми едино они ме разбираа кога оваа година од 2 мај да ми доцнело а а јас не ни забелезав со вникицката моја си мастевме јајца на велики цетврток си гледав благо за велигден да си напраам и така ама не се осикав добро се ми спиесе немозев да се наспиам ми се лосесе и кога мајками реси да дојде кај ене на гости и кога ми вели ти девојко доби овој месец и јас не мамоне добив кога она од цантата вади shure chek test za bremenost i mi veli aj sega denes ke setneme amam sabajle ke go pravis te molam a jas ,mamo ma pak imam problemi so ciklusost glej da vidis koga ke mi jurnee kako voda ke nemozam da se sopram a mi docnese od 2 maj a denot koga go praev testot bese 6 juni isi prespavme vecrta i si stanav jas u sest casot go napraiv testot go staiv na lavabo vo kupatilo si otidov da varam kafe za mama i za mene i koga go svariv kafeto ja viknav mama da pijame i taa veli sea ke stanam kutrata od nervi ziva umorna bese koga jas go proveruvam tetso i od vozbuda mi se slosi i viknav na celll glass lelele mamo jass sum trudna beee majkami kutrata padna od krevet bese souuu ama za sreka sea golema radost i sum vo 5 mesec i ete taka mi ti bese i ke go pamtam celll zivotttt :inlove:
     
    На PoisonGirl, sun995, V.odolija и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Ми доцнеше 20тина дена што не беше својствено за мојот циклус, ама немав храброст да направам тест се плашев од резултатот со оглед дека имам само 21 година (кога забременив имав 20 год) и некако си го одлижував тестот. Скоро бев сигурна дека не сум бремена бидејќи односи немавме во плодни денови. Но Господ така сакал па се случи. После месец дена од доцнењето во 21 часот решив одам во аптека и купувам тест па што сака нека биде. А вереникот како да знаеше дека сум бремена со мене нонстоп се зезаше маа ајде ќе бидеш секси мама, ќе бидеш најубава невеста и сл. Го направив тестот и што да видам 2 жар црвени цртки. На почеток тоа го доживеав како шок но сега ми е многу мило што сум бремена и еве веќе тераме, за 10-тина дена ќе сум 5ти месец. :inlove::inlove::inlove:
     
    На bebaa, only44you, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.417
    Допаѓања:
    38.376
    Пол:
    Женски
    Се обидувавме скоро цела година, имав безброј негативни тестови направено и чекав тој месец да помине и да започнеме со инсеминација. Претходните месеци пиев кломифен неуспешно, па испитував проодност на канали и не сетив кога поминале 30 дена од последен циклус. Се нервирав што пак не ми е редовна како што поминуваа деновите и мислев ќе се издолжи и со инсеминацијата. Мм ме молеше да направам тест, ама никако не сакав од страв, а и искрено не се надевав ниту знаев кога имавме односи тој месец. Плус и постевме во деновите што би требало да ми беа плодни. Последните неколку дена почнаа некои болки десно кај ципата, па во матката некои грчеви и градите многу ме болеа и помислив ќе добијам. И така на 40 ден од циклусот, станав за на работа и ми се слоши, едвај отидов и му кажав на мм и ајде некако ме убеди да направам тест. Го направив поручекта кај моите и мислам срцето ми застана кога ги видов двете цртки. Му пишав на мм само позитивен е и излегов да и го покажам на мајка ми. Наредните денови направив уште 4 тестови :D и сите си ги чувам. Долго време ми требаше да поверувам, за мене беше чудо тоа што се случи. Се надевам се ќе биде во ред и понатаму во бременоста и во ноември, здравје Боже, ќе родам здраво, право бебенце. :inlove:
     
    На EdnaDevojka21, mimidjon, blessed2 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.247
    Пол:
    Женски
    Si probuvavme od Feb ama nemase aber do Juli, posledna menstruacija 28mi Juni :D i si otidovme na odmor na 22ri Juli, se vrativme na 2ri Avgust i vekje mi kasnese 3 dena. Ama nemav redovna menstruacija mi doagjase na 35-40 dena.. i vekje mi kasnese povekje i si osekjav deka ima nesto ovoj pat... Kupivme test od Zegin kaj zeleznicka, a nadvor najgolemoto nevreme vo godinata bese toj den (koga bese poplaveno nasekade)... Grmi nadvor lele majko nie sme isklucile doma se od strav i odam vo vece da go napravam testot (vo temnica maz mi mi sveti so mob)...:rofl: I posle sedime na krevet testot neli e so kapace (sure check), mene eden strav da go otvoram cela se tresev... A porano koga sum pravela testovi ne sum bila do tolku vozbudena... i mu go lupnav na maz mi vo race vikam jas nemozam da vidam, vidi ti... :rofl: i on go otvara i vika edna crtka e... i mi go dava vo race koga gledam dve!! Se ispotresov cela leleee majka kje bidam :D Sega si imam bebus najmiren na svet, 3 meseci uste malku kje pravi :l:
     
    На EdnaDevojka21, Kaetana, okcenzi и 7 други им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.020
    Пол:
    Женски
    Првиот пат плански си го праивме.Одма ми задоцни и знаев дека сум трудна .Направив тест си излезе позитивен :)

    Еее за вториот пат друга сторија беше.Се обидувавме 3-4 год и ништо.Здравствено се исподесиа мн лоши раб со мм.Добивме дијагноза дека второ дете нема да имаме.Тешко беше особено за него но се помиривме.
    Имавме односи без заштита редовно.Убедени дека дијагнозата е точна.Ни ја потврдиа двајца лекари.
    Септември месец тргнав на ново раб место.Последните пари си ги дадовме за кола.Скроивме планови за иднината.Кога јас почеток на ноември почнав чудно да се осекјам.Прво имав вртоглавици па доцнење на циклус.Но не се потресов бидејки бев сигурна дека не е бременост.
    Без било што да спомнам ми вика постарата колешка:Ти си девојче трудна изменета си во ликот.Јас пребледев.

    Му кажувам на мм он сирот пред време скокаше од срека.Направив тест-позитивен.
    Не верував-направив уште 4 теста сите позитивни :)

    Кога кажавме дома сите беа мн срекни бидејки никој не очекуваше.
     
    На Bebulleee, Umbrella22, stilas7 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Аххххх која траума, кои стресови......


    Знаете на 9 мај беше акцијата во Куманово, а мојот херој тамо. Другарка ми потресена ми се јавува сабајлето уште во 8 и 30 да ми каже дека другарче наше е убиено ( тој беше првата жртва), а и нејзиниот маж на терен со мојот, заедно работат и ептен се дружат. Мене почна да ми се лоши, раце да ми се тресат, срце да ми лупа ко лудо. Запалив цигара и седнав на под. Наеднаш ме обли ладна пот, секакви мисли ми се вртеа. Пак ми ѕвони телефонот, ми кажува дека има уште една жртва и тој наш познаник и нормално колега на нашите. Целата таа во паника ми вика иди брзо кај мене во ординација. Јас не можев да се помрднам и викам ептен ептен ми е лошо те молам не ми кажувај веке ништо. Пак ми ѕвони тел и цела расплакана таа и ми вика абе мојот е повреден така ми рекоа. Станав се прибрав и трганв. Уште не поминаа 5 мин пак ми звони вика абе ми го убиле изгледа мојот. Леле девојки не знаете што се почувствував. Одам по пат и солзи ми течат. Стигам јас таа радосна, се слушнала со мојот и и кажал дека нејзиниот е во ред и дека е на 5 метри од него, а дека нема батерија на тел да се јави.
    Седнувам јас кај неа на столица и пиеме кафе. Двете неми. Се јавува снајка ми вика дека и братучед ми е повреден. Пак болка. Грицкам вештачки нокти, пијам кафе за кафе, пушам ко луда...... оп одеднаш ми иде нагон на повракање. Се олеснив и пак седнав. Таа ме гледа бледо. Пак звони тел, се јавува нејзината кума и кажува дека уште двајца од нашиот град се мртви и мисли дека е кумот ( и кумот нејзин е специјалец).
    Памтам пишував на фемина и не ни памтам што се пишав и не сакам да се потсетувам
    Поминаа неколку часа мене ептен ми е лошо. Ми дава бедоксин еден, па уште еден и така до 5, а мене се полошо и полошо. После тие неколку часа се слушаме со нашиве и се е во ред со сите четворица. Пак за кратко време се јавуваат да ни кажат дека од друга наша пријателка мажот е убиен со бомба.
    Памтам тие два дена ги поминав само со пактче смоки.
    И седиме со пријателкава цело време на тел кога јас кренав температура. Мери таа притисок температура, ми дава витамини чуда, на крај ми вика, абе срцко ти да не си трудна. Зема еден тест,.... мочам јас и оп позитивен, зема уште еден и тој позитивен. Цел ден го поминав со неа, вечерта не заспав.
    На 10ти сабајлето прва бев на преглед, кога ете бебуш имал 3 недели ( уште срцева акија не се гледаше). Тој ден одново почнаа пукотници. На тел немаше шанси да ги добиеш. Добро чекам да се врати. Се врати. Му викам те чекам позади болница дојди. Дојде .... јас цела и срекна што е жив и расплакана од страв и само изговорив трудна сум. Тој цел насмеан, ме фати за рака, ме стана, ме гушкаше долго. Немаше зборови. Мислам дека после се тоа што го помина пак во животот, ова му беше ко гром од ведро небо. И така сиротиот повремено е потруден од мене. Редовно ги замара доктоорите со секакви прашања, се тој да види, се тој да знае, сите таблети ги памти. Повремено се истурам на него, по некад го плескам, ама си трпи. Епа и јас тие два дена се истрпев. И така добро се заврши. Ете ми купува електрични турпии, прајмери комплети за нокти (пошто ги изгрицкав тој ден), ми ги средува тој ноктите. Уште да го научам да ме фенира и топ ке биде.
     
    На Ouravanture, LiquidLuna, moni.poni и 50 други им се допаѓа ова.
  9. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    @okcenzi Мила ме наежи со напишаново. Ете Господ е голем и го чувал маж ти, а вооедно ви пратил и едно мало ангелче кое ќе биде гордост на мама и тато. :inlove:
     
    На Ouravanture, EdnaDevojka21, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  10. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    @okcenzi :?: ме наврати на тој период, кој не почувствувал за свој близок такво нешто дефинитивно незнае како е...тоа беа многу непреспиени ноќи:(...тој период се зачленив на форумов да си ги откачам бар на момент мислите од тоа:x..
     
    На cresa-jagoda, only44you, merida и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Сеуште и покрај сета радост, кога се присетувам си плачам и не не е поради хормоните. Ужас. Само да не се повтори.
     
    На Antebellum и only44you им се допаѓа ова.
  12. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Баш тој месец не очекував нималку дека ќе останам трудна. Целата бев во трчканица околу прибирање на документација за инсиминација, за снимање ХТЦ за хормонални статуси и слично, што за останување бремена не се ни замарав. Целото внимание ми беше насочено на датата кога треба да добијам и да почнам со испитувања, за да не го утнам месецот. ( дури и кога отидов на доктор за потврдување на бременост сум и ја кажала таа дата , кога ме праша за дата на последна менструација)Кога на датата не добивам. Другарка ми вика, напрај мори еден тест, онака, нели те копка??? Јас : не мори каков тест, туку чекај да се прејавам на доктор да презакажам за снимањето. Кога другиот ден уште ми касни, си викам ај еден тест колку да не е без ич работава. И тоа кога да видам ПОЗИТИВЕН.
    Тоа ми е апел за оние со потешкотии во забременувањето: никогаш незнаете кој месец ќе се израдувате во животот. Само без откажување и без оптоварување, како викаат старите, има вистина и во тоа, што треба ќе си дојде.
     
    На V.odolija, only44you, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Тој месец се откостивме со мажот ми од....:lol::tmi:...кога не ми дојде на време одма другиот ден купив тест скришно од мм бидејки тој ми велеше дека е рано.Стигнав на работа и право во тоалет.Го направив тестот и го оставив на лавабото(некој ме викна)..кога се вратив и ја отворив таа преградата и видов 2 црти почнав да плачам и да велам фала ти боже ,фала ти боже....На мм му кажав вечерта несакав по телефон
     
    На Bebulleee, Umbrella22, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  14. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Денес купив тест и покажа две цртки. Сега си ги чувам заедно со првиот позитивен тест. Не знам дали бев повозбудена првиот пат или сега. :D
     
    На anakonda88, Sky-butterfly, stilas7 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.020
    Пол:
    Женски
    Леле честиткиии
    Мн ме израдува
    И браво за храброста :)
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Фала многу :inlove:. Оваа бременост ми е баш очекувано неочекувана :lol: (Сакав, очекував и пак многу ме изненади).
     
    На mariz, Kaetana и joy1 им се допаѓа ова.
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Честитки жуто, со леснотија да си поминеш! :)
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  18. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Со среќа !!!
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Фала @Kaetana и @slobodka да си дочекате кога ќе сакате.
     
    На slobodka и Kaetana им се допаѓа ова.
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Честитки и со лесно @zuto! Баш ми е драго :)
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.