1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како дознавте за форумов?

Дискусија во 'За форумот' започната од OrdinaryGirl, 15 ноември 2010.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Кратко и јасно - од каде вие се најдовте тука? Дознавте од некоја другарка за сајтов, баравте нешто на Google па налетавте на него, или можеби го најдовте преку Фејсбук?

    Јас се сеќавам дека имав проблеми со нередовната менструација, па барав на Google сајтови каде ќе можам да прочитам нешто околу регулирање на циклусот. Прво нешто што ми се отвори беше темата „Нередовна менструација“ во Здравствени проблеми, па се зачленив за да се распрашам.
    Да бидам искрена, не планирав да го користам акаунтот на форумов, ама откако го разгледав видов дека има толку многу интересни теми, а и прочитав доста корисни информации. Почнав почесто да ја користам темата „Сакам да прашам“, се информирав повеќе околу тоа што ме интересираше, почнав да давам, но и да применувам туѓи совети и така се задржав подолго време од планираното на форумов. Да не дознаев преку Google, сигурно ќе налетав на фан страната на Фејсбук или ќе дознаев од некоја другарка бидејќи форумов и сајтов станаа многу популарни.

    А како вие дознавте за форумов? Баш ме интересира кои се вашите приказни :)
     
    На Shoe-Gal му/ѝ се допаѓа ова.
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Прво дознав за Фемина , подоцна за форумов ! Се сеќавам другарка ми разгледуваше , ми се се допадна.Досадно ми беше , гледав и јас , имаше интересни работи. Форумот го следам од самиот почеток , од тој период само на Лилит моЖам да се сетам.Но ,како што забелеЖавте многу подоцна станав член , од неодамна.
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас видов една пријателка на фејсбук дека објавила хороскоп од странава. Влегов да прочитам и видов дека има и форум. На почетокот мислев дека е форум нешто сличен на Гламстик и решив да разгледам поубаво. Од кога видов дека се води дискусија на ниво се зачленив. Не планирав да бидам активна многу и затоа се зачленив со ник Дарки :lol: Ама после тоа почна да ми боде очи, зошто бре да бидам со толку глуп ник а пишувам редовно :)
     
  4. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Јас дознав од фесјбук, бидејќи пред да се зачленам тука, по 12 саати дремев на ф.б,сега ретко го отварам ;) А, да ми каснеше мензисот месец дена, па се приајвив за совет. Не жалам што се зачленив, уживам тука :*
     
  5. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    За Фемина и форумов дознав преку фејсбук.Станав обожавател на страната и почнав редовно да ја посетувам.Подоцна го забелажав форумот,ми се виде интересен,со многу теми и членови и решив да се зачленам.Воопшто не се каам што сум зачлената и што поминувам повеќе време тука,баш ми е интерсесно,а башка тоа и научам некои работи кои не сум ги знаела.
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Фејсбук!
    Поточно за странава дознав на Фејсбук и секојдневно ја посетував за да прочитам хороскоп и чат-пат да рошнам низ статиите. Видов дека има и форум, а бидејќи сакав нешто ново, сакав да се инволвирам во НЕШТО интересно, се зачленав и тоа баш пред Нова Година.
    Ever since, ретко пропуштам ден да не се најавам... :inlove:
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.524
    Пол:
    Женски
    И јас на фејсбук. И од него барем некоја корист :rofl:
     
  8. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Си го разгледував сајтот читав статии хороскоп и такви работи..и случајно на почетната страна доле кај што има нови мислења видов некои интересни теми..Кога го укључив ми се виде интересен и после некое време се зачленив..и така :D
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Барав идеална фарба за мојата коса на google и излезе тема фарби на форумот.
    Јас прво го забележав него, дури после страната :lol:
    Се зачленив и веднаш отворив тема за идеална русокоса боја. :P
    Се навлеков на Фемина, има тука девојки достојни за почит и внимание и мило ми е ако навистина постојат како такви во реалноста, зашто јас се некако налетувам на плиткоумни, дрски, мрсни и немиени, прости, арогантни глупачки.
    Од тоа време на почетокот, најпрвин ми влегоа во око Виножитка, Енца и Лилит.
    :)
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.591
    Пол:
    Женски
    Барав на интернет за пудра и од сите страни што ми се појавија, јас ја одбрав оваа. Видов дека е форум и дека има доста интересни теми. Секој ден читав некои 6,7 месеци и потоа една другарка која што е зачленета, но за жал повеќе не пишува, ме убеди за се зачленам и јас. И така од тогаш сум секој ден на форумов.
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Марк Цукерберг е виновен за многу работи ама и за тоа што ја открив Фемина. Поточно неговото бебе - Фејсбук. А уствари кога подобро ќе размислам една другарка е „виновна“ затоа што ми постираше некој хороскоп од Фемина :) И читајќи ја фемина почнав да го читам и форумот, барав совети за коса, депилација и слични работи. И после открив дека не бил форумот само за тоа - па решив да се зачленам. И еве ме.
    Кратката приказна наречена Пирамид и форумот ;)
     
  12. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Една другарка ми прати линк од феминава на чет на фб и рече дека открила нова страна за жени :D
    ја разгледав и ја затворив.....по 2-3 дена ми рече дека на таа новата страна има добар хороскоп, па пак и побарав линк зошто не запамтив како се вика, епа тогаш по втор пат кога отворив фемина се зачленив и на форумов иако немав до тогаш пишувано по форуми ама добро се снајдов :)
     
  13. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Хммм браво за темата!
    Форумот го пронајдов сосем случајно,од пуста досада на Гугл барав статии за мода(трендови за пролет/лето,така некако беше) и ми излезе Феминкаа...Кога видов дека е форум,одма се зачленив и започнав да шарам низ темите.И...ете ме! :geek:
     
  14. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    За форумов дознав преку фб. На почетокот си реков:-"Оу јеа, женски форум, све жени на едно место, досадно в крај"
    Али сум се излажала, еден од најубавите форуми е, има прекрасни личности кои стварно би сакала лично да ги запознаам, доста фрикови, и ако, нека ги има, кој би не насмеал ако не тие? :lol:
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    јас знам барав креми за целулит, и ми излезе форумот :lol: и така влегов, и викам ајдее ќе напраиме сефте, ќе си се зачлениме! и такој :rofl: добар е форумов, добар е, се држи! :inlove:
     
  16. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    Чачкав нешто низ Фејсбук кај едно девојче и во и информации најдов линк од Фемина. Почнав да го разгледувам форумот и си реков ај ќе се зачленам. Не мислев дека ќе бидам активна.
     
  17. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Што убава тема...

    Како порано не сме ја отвориле :lol:

    Јас дознав за форумов преку чичко Гугл... Апсолутно случајно!

    Бев очајна, ама очајна затоа што немав работа и на Гугл искуцав, Како да најдам работа (значи претпоставувате колку сум била очајна) и оп ми се појави истава тема...

    Одма напишав дека сум разочарана, очајна, депресивна и дека барам работа, кратко речено си се пожалив :D

    Од тогаш си се сместив, во ова убаво виртуелно собиче исполнето со прекрасни жени (ко за чудо :lol: ), не ретко и не баш толку прекрасни, ама мило ми е што овие вториве доаѓаат и си одат (да не речам ги бркаме), а првите се уште се тука и секој ден си ги читам!

    Ете така дознав јас за форумов и ден денес не сум зажалила за тоа (барем се уште не ;) )
     
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.403
    Од фејсбук и јас.
    Малку време пред да се зачленам тука бев зачленета на еден друг сличен форум, ама ме разочара. А претходно никогаш не сум пишувала по форуми. Го видов и овој, го проверив, ми беше интересно што доста луѓе пишуваат, имаше интересни дискусии, и почнав редовно да пишувам. И добро се држев неколку месеци. Едно време дури и зависна станав. Откако сменив работа во август а истовремено и некои други работи ми се случија, малку ме снема. Сега почнав пак да отворам, ама не пишувам многу - некако како падната од Марс се чувствувам :)

    Имаше еден куп интересни ликови кои веќе не ги среќавам тука, и баш ми е жал за тоа. Среќа, има и еден куп интересни кои се уште се тука.
     
  19. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    Многу убава тема.
    Ни дадоа за задача по инаформатика да отвориме некоја страна што ни се допаѓа. Девојката до мене ја отвори Нот фор мен а потота Фемина. Јас ја забележав и ја отворив не видов дека има форум :D после некое време поминато во седење и читање на содржините на сајтот го открив форумот и се зачленив. Оваа е првиот форум на кој сум била и мило ми е. :)
     
  20. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    :clap: за темата
    од фејсбук, мислам дека некоја од моите пријателки на фб имаше ставено линк од некоја тема (не знам која :) ), бев тажна и разочарана од дечко ми, бевме скарани, и прв пат ми беше 2-3 недели да не се гледам или бар по тел/мсн да зборувам со него... и така се зачленив, и навистина форумов ми помогна да се орасположам, т.е. журките во темата 2-3 реда муабет :lol: :lol: не пишував толку, но и сега не можам да не се логирам и да видам што има ново :$
     
    На OrdinaryGirl му/ѝ се допаѓа ова.